Дијаспора

Реакции за изложбата за Александар Македонски во Сиднеј

pisma-od-makedonija

Пишува: Јанко ТОМОВ

pisma-od-makedonija

Повеќето интересни реакции за веста во електронскиот весник  „Македонска нација“ од 9 јануари 2013 во врска со “Руската изложба за Александар во Сиднеј”, која се одржува од 24 ноември 2012 до 28 април 2013 година, во познатиот музеј на Нов Јужен Велс, Австралија, со почит се насочени кон ангажираноста на  авторот, а од страна на автори на слични македонски дела или интелектуалци со високо разбирање на македонската историја. Заинтересираните Македонци за такви и слични историски  и актуелни национално-политички теми, кои се праќаат по стотици електронски пошти во светот, дефинитивно заслужуваат признание. Нивните размислувања или објавени авторски дела, заслужуваат внимание, да се информираат сите кои работат на исти или слични дела и тоа да послужи за стимулирање на оние кои во иднина размислуваат да се посветат на слични творби, што е од драгоцена помош за македонската историографија и македонската кауза во целина.

Според Кирил Панајотов, редактор на изданието “Писма од Македонија”, публикувана во 2012 година за автентичните денови на Македонците во Македонија во периодот на Хуриетот во 1908 година, донесен од Отоманското царство, вредно е да се стимулираат вакви македонски автори и да им се даде  шанса за промоција на нивните дела. Во целост го објавувам неговото писмо:

„Почитуван г-дине Томов, секоја чест за енергијата и посветеноста за македонштината која ја негувате. Токму заради тоа Ви ја посочувам претпоследната работа која ја работев (не знам дали дошло до Вас), а тоа е редактираното издание на „Писма од Македонија“ која минатата година излезе од печат на македонски литературен јазик и моја редакција. Инаку станува збор за ретко дело кое е објавено во 1916 година за првпат, а се однесува на 1908 и Хуриетот во Македонија, настаните поврзани со него и последиците (период кој од книжевен аспект не е третиран кај нас). Во неа до сега има невиден опис на Скопје, Велес, Штип, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Воден и Солун во светлина на бурните настани 1908. Описот за Солун опфаќа некои 200 страници. Промоција на делото направивме во Порта Македонија и реакцијата е фантастична. Ќе Ви прикачам корица од истата и Ви препорачувам да ја прочитате. Убеден сум дека ќе ве воодушеви“.

Поздрав!

Панајотов

__________________________________________________________________________

Од 14  Јануари 2013 по повод  написот во „Македонска нација“: “Руската изложба за Александар во Сиднеј”, го добив следниот е-маил, од македонски интелектуалец, заинтересиран за македонската судбина:

“Драги Јанко,

На ова морам да реагирам.

Во времето на турското владеење во Македонија, покрај Англија, Франција и Германија во плановите за распарчувањето на Македонија, учествувала и царска Русија, веројатно заради тогашните ама и сегашните империјални намери и планови. Затоа, не се за верување и покрај тоа што Русите ни се блиски по ген. А на се` што е англиско, не треба да му се верува.

Пред се`, за да се согледа вистината, потребно е да се навратиме само 180 години назад. Пред тоа време не бил дефиниран Гркот. Дури после тој термин, се` што било ХРИСТИЈАНСКО било ПРОГЛАСЕНО за Грк. ГРК не постои генетски, а лажењето не оди по генот, туку се учи на улица, во фамилија, а и од попови. Како што е Англија формирана со нивниот лажен крал Артур Пендрагон, кој го сместуваат во непостоечкиот камелот и му придодаваат 12 витези на тркалезната маса, па мечот Екскалибур, па принцот Валиант, па волшебникот Мерилин и триста други лажги, кои не можат да бидат историски потврдени… Така е и со Грција. После 1832 година, тие што ја добиле како подарок купената територија на Пелопонез, со делот на градот Атина и околијата, си земале за дрскост да пропагираат дека Грција постои, според виденото и претставено од нивните пропагатори и 5000 години пред Новата Ера. Пази, Австралија била некое време под англиската круна, и секако има се` уште силно англиско влијание. Затоа може да се протураат проанглиски и прогрчки пропаганди преку книгите и текстовите во нив, кои се претставени на изложбата.
Меѓутоа на нашите Македонци треба да им се достави дека Александар е МАКЕДОНЕЦ и не бил ништо друго. Во негово време имало Грци, како што сега има Галичани, Тиквешани, Овчеполци, Положани, Реканци, Мариовци… Во сегашна Македонија. И тогаш немало Грк по нација и ген. Истото важи и за сите што ја сакаат вистината. Кралот Артур Пендрагон е украдена личност кој во историјата е познат римски centurion, а покасно и cohortius, ако точно ги собрав фактите, но живеел во II век, и кога починал го закопале некаде во делот на Херцеговина – Далмација. Инаку го нарекувале уште и ARTURIUS MAGNUS MAXIMUS. Бил и некаков управител. И Англичаните веќе се двоумат околу него, ама Британија сепак постои врз митот за него создаден со корени во V – VI век, а живеел во II век. Тука ти пишувам за моделот на англиската лажга, која се пренесува дури и од Русите, преку оваа изложба.
Јас нема, за жал да имам прилика да ја видам директно, но ако има некој да ги сними артефактите-предметите што се по витрините, би можел да ги видам, (односно на тој начин да бидам присутен). Книгите не ме интересираат, бидејќи се сомневам во намерите на писателите, или “Боже им прости, не знаат што прават“. А што ако знаат што ни прават нам Македонците? Е тогаш нема простување. Што е со намерите на Англичаните со тоа што ни го сториле, што ја создале поделбата на МАКЕДОНИЈА, земајќи ги Французите, Германците и Русите, како извршители на својата идеја. Секако идејата и намерата постои и ден денешен, инаку на државата Грција би и било укажано да не признае без онолку градења кули од карти. Се` уште постои англиската намера и цел. Е таа намера треба да се открие и сруши. Се` додека низ книгите провејува дека Алксандар е Грк, а не МАКДОНЕЦ, ќе имаме многу работа“.

Поздрав

К.________________________________________________________________________

Г. Томов,

Ви благодарам за сите информации кои ми ги доставувате за Македонија, македонската нација и македонските активности. Не можам, а да не кажам, кое го чинам и на многумина, дека после јавните гласила од каде ние Македонците црпиме богати и изворни информации за себе, вие сте меѓу најуспешниот наш Македонец кој дава се` од себе, за себе, за нас големиот македонски и библиски народ.

Најискрено Ви благодарам. Сакам и лично да Ве запознаам. Ако имате прилика да доаѓате Канада или Америка, сакам да бидам информиран и ќе направам се` да се видиме.

И јас малку правам. Ќе ве запознаам со некои мои мали инвестиции за мојот народ.

1. Веќе преведов 14 библиски стрипчиња (библиски настани) кои ги издава Повардаската епархија, и тоа по 10.000 примероци од број. Покрај изворните и сликовити сознанија за библиски настани, последната книга “Свети Павле” кажува и за нас Македонците – за Македонија. Еве како сликовито е прикажано и објаснето: Четворица патници влегуваат во Македонија, Св. Павле со Св. Лука одат напред, прикажувајќи си помеѓу себе, додека зад нив ги пратат Св. Сила и Св. Тимотеј (за кого се кажува дека е Грк). И тие помеѓу себе си прикажуваат, Св. Тимотеј му вели на Св. Сила: -Добро е што го земавме со нас Лука, многу ќе ни помогне, тој му припаѓа на овој народ, го зборува нивниот јазик и е од нивниот менталитет. (Ова не е мое лично кажување, превод е, и е од англиски на македонски, додека оригиналот на овие стрипчиња е кинески).

2. Втората моја книга од 280 страници која се` уште не е издадена, чека ред, е „Земниот живот на Мајката Божја“. И тука, покрај богатите записи од апокрифни книги (кои ги има во црковните минеи, октоици, катавасии и други преданија) при крајот од книгата зборувам за Пресвета Богородица кога оди на покана од Св. Лазар на Кипар, бродот бил понесен од силна бура и пристигнал на полуостровот денешна Света Гора. Пишувачот на овој настан е долгогодишен монах на Света Гора од IX век, објаснува дека Таа се сретнала со Македонци на кои им проповедала за својот Син, направила чуда и покрстила многу Македонци. Од респект кон тие луѓе и нивниот прием Пресвета Богородица како што ветила и станала Покровителка на тој – македонскиот народ и земја.

Имам уште неколку обработени дела, но за нив во друга прилика.

Како и да е, нас ни е должност да дадеме се` од себе за својата земја и нација.

Поздрав и на понатамошна соработка“.

Фатер Митко Попоски

Janko,

ti blagodaram na zapisot od izloжbata vo Sidnej. Interesna novost. Ќe im ja prepratam na nekoi moi prijateli. Ubavo e da im ispratiш zapis i na nekoi drugi veb sajтovi i novini“.

Ivan Trposki, Sidnej

П. С.

Ви блгодарам на Вашите коментари и Ви посакувам афирмација од сите македонски организирани субјекти и од македонскиот народ, на сите Ваши дела кои се наменети за афирмација на македонската кауза.

Исто така ви ги испраќам сите записи од ѕидовите на музејот во Сиднеј од изложбата за Александар, воедно и сите видеа наменети за Александар, со коментари од различни историчари од Австралија. Тие Македонци кои го знаат добро академскикот англијски јазик, ќе добијат информации како организаторите на изложбата и нивните професори по историја, се приближуваат до историската вистина, но нешто ги спречува!? Исто така, тие македонски интелектуалци и наши пријатели можат да помогнат на македонски институции и поединци кои се бават со историски истражувања, публикувања на  научни и стручни и информативни историски дела за македонската битност.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top