Дијаспора

ОМД се прошири со отварањето на органоци во Германија и Холандија

omk

omkВодечката организација на Македонците во светот, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува проширувањето на своите операции со назначувањето на Филип Алтипармаковски како преставник на ОМД во Холандија, Игор Данајловски како преставник на ОМД во Дизелдорф (Германија), и Гоце Пероски како преставник на ОМД во Штутгарт (Германија). Привремено, Алтипармаковски исто така ќе ја преставува ОМД и во Брисел, се додека ОМД не назначи директен преставник за Брисел.

“Во Германија и Холандија живеат над 130.000 Македонци. Македонските заедници во овие земји одиграа клучна улога во зачувување на македонскиот идентитет и во вековната борба за независност на Македонија”, изјави претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов по едногласното одобрување на преставниците од страна на Одборот на директори на ОМД.

“Стратешка цел на Македонија е да влезе во Европската унија (ЕУ) и Македонија го заслужува своето вистинско место во Европа. Секако, цел на ОМД е да и помогне на Македонија на патот кон ЕУ интеграцијата”, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Именувањето на овие млади, ентузијастички, и посветени Македонци е првиот чекор кон официјалното отварање на канцеларија на ОМД во Европа. Убеден сум дека Филип, Игор и Гоце ќе бидат одлични претставници на македонската заедница пред јавноста и пред креаторите на политиките во Холандија, Германија и Европската Унија.”

Новите преставници на ОМД ќе се приклучат на веќе постоечките европски претставници на ОМД во Австрија, Франција, Грција, Русија и Велика Британија. Од 18-21 февруари, претседателот на ОМД ќе предводи делегација составена од европските преставници на ОМД во Брисел. Планирани се средби со креаторите на политиката на ЕУ, како и властите кои ракуваат со човекови права, правата на малцинствата, како и со прашањата за меѓународните верски слободи.

Филип Алтипармаковски е роден и пораснат во Битола. Си заминал од Македонија на 18 годишна возраст да студира меѓународни односи на Универзитетот Утрехт во Холандија. Своите дипломски студии ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот Лајден. Вторите дипломски студии ги има завршено во сферата на конфликт резолуција на Универзитетот во Брадфорд.

Во моментот е со седиште во Амстердам. Филип е млад адвокат со мултидисциплинско искуство и посебен интерес за Македонија и меѓународни работи. Претходно има работено во меѓународниот јавен сектор во Хаг и моментално се фокусира на неколку проекти, вклучувајќи истражување на правните пречки за влезот на Македонија во меѓународни организации како што се ОН и НАТО, валидноста на доделувањето на амнестија за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во конфликтот од 2001 година во Македонија, како и малцинските права на Македонците во Грција пред судот во Стразбург.

Во Холандија Филип основал македонска студентска организација како и информална онлајн заедница за млади професионалци од Македонија кои живеат во Холандија. За време на летниот период Филил ужива да пешачи на Пелистер и да ужива во Охрид и Преспа.

Игор Данајловски е роден во 1987 година во Тетово но е пораснат во Дизелдорф, Германија. По обуката во Ситибанк, тој повеќе од шест години работи во Комерцбанк како банкарски консултант, во одделот за менаџмент и меѓународен бизнис одговорен за големи, мултинационални корпорации.

Данајловски има диплома во меѓународен менаџмент а во моментот ги завршува своите мастер студии во Бизнис администрација и економија. Тој истотака е и професионален музички продуцент и поседува студио за снимање. За првпат им го привлече вниманието на многумина со своите добро познати фотографии на кои се претставени убавините на неговата татковина. Признат како долгодишен поддржувач на македонските интереси, тој со нетрпение ја започнува својата работа како регионален претставник на ОМД во Дизелдорф, каде што ќе лобира Германија да ја признае Македонија под уставно име и поддршка за Македонија во своите Евро-атлантски интегративни процеси.


Гоце Пероски е Германец со македонско потекло, и служи како регионален претставник на ОМД за Штутгарт во Сојузна Република Германија. Гоце е дипломиран филолог по англиски и германски јазик на Еберхард Karls универзитетот. Гоце има пишувано на теми поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и за факторите на влијание врз нивото на успехот на децата со имигрантско потекло. Од јануари 2010 година, Гоце предава во средно училиште во Штутгарт. Во неговото слободни време, Гоце е активен во организирањето на македонската заедница во Германија. Гоце е ко-основач на Германско-македонскиот културен форум “Корзо” во Штутгарт, и служел како претседател на форумот од 2006 до2009 година. Во своето слободно време, Гоце ужива во пливање, играње тенис и читање на литературата и историски книги.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top