Дијаспора

Изборна конференција на македонската партија во Поградец

makedonska-alijansa-pogradec

Македонска алијанса за европска интеграција

makedonska-alijansa-pogradec

Македонската партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – викендов одржа изборна конференција во Поградец, Албанија. Нов претседател на општинскиот комитет на Македонската партија е Петре Тодоровски, кој досега беше вршител на должноста секретар на општинската организација.

За потпреседател на општинскиот комитет беше избран Ставре Спировски, додека за секретар беше избран Сокол Шк’мби.

За членови на извршниот одбор на партијата беа избрани Петре Тодоровски, Ставре Спировски, Сокол Шк’мби, Танас Андон, Пандо Насто, Менка Главче, Мариел Граждани, Елена Тодори и Менка Граждани.

На изборната конференција учествуваше и претседателот на Македонската партија во Албанија, Едмонд Темелко, кој ја изрази својата поддршка кон новото раководство и повика на единство и самодоверба меѓу Македонците кои живеат во Поградец. Едмонд Темелко повика на масовен одзив на Македонците на престојните парламентарни избори и побара да гласаат за кандидатите на Македонска алијанса за европска интеграција.

– Од резултатите на овие избори ќе зависи интеграцијата на Македонците во институциите на системот во Поградец и воопшто во Албанија, – нагласи Темелко.

Петре Тодоровски по изборот изјави дека меѓу другото ќе работи за постигнување на што подобри резултати за претстојните парламентарни избори и дека општинскиот комитет на Поградец ќе се залага за унапредување на правата на Македонците во Поградец.

Престојните парламентарни избори во Албанија ќе се одржат на 23 јуни.

Конгресот на Македонската партија во Албанија треба да се одржи кон крајот на месец април 2013 година.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top