Дијаспора

Булќиза им одговори на Македонците од Голо Брдо на нивното барање за изучување на македонскиот јазик

MOST-2

MOST-2Канцеларијата за образование во Булќиза им одговори на Македонците од Голо Брдо на нивното барање за изучување на македонскиот јазик

Канеларијата за Образование во Булќиза која е надлежна за образованието во Голо Брдо, после три месеци одговори на петицијата на Македонците од Требиште, областа Голо Брдо за изучување на македонскиот јазик во училиштето “10 Покојници” во Требиште.

На 11 јануари 2013 година македонското друштво “Мост” од Голо Брдо поднесе петиција потпишана од 45 родители со која се бараше од надлежните институции во Албанија да во училиштето “10 покојници” во с.Требиште, Голо Брдо нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик.

После 20 дена откако не добија одговор на ова нивна петиција, македонското друштво “Mост” на 2 февраури 2013 година испрати писмо до Владата на Албанија, Народниот Првобранител, Комисионерот против дискриминација, како и до странските мисии и амбасади во Албанија каде бараше помош за решавање на ова нивно легитимно право.

Besnik_Hasani

После ова нивно второ барање Канцеларијата за образование во Булќиза на 27 март 2013 година испраќа одговор до претседателот на македонското друштво “Мост”, Бесник Хасани.

Во писмото стои:

“Почитуван г-дин Хасани,

Ви благодариме за вашето писмо од 2 февруари 2013 година.

Откако, со посебно внимание го разгледавме вашето барање за отварање на настава на македонски јазик за децата од деветолетката “10 покојници” во Требиште, Голо Брдо, ве известуваме дека:

Согласно законот бр.69/2012 “За предуниверзитетски систем во Република Албанија”, започнато е со уредување на подзаконските акти, наредби, упатства и нормативни одредби за негова инплементација. Во согласност со горенаведениот закон, наставата на странскиот обврзувачки јазик – англиски- ќе започне во трето оделение, додека во 7-мо оделение ќе започне по избор настава за втор странски јазик. Врз основа на поднесените барања, училиштето го избира вториот странски јазик и го предлага до надлежната Канцеларија за oбразование.

Канцеларијата за образование, земајќи ги во предвид ресурсите, било човечки или финасиски, донесува одлуки за вториот јазик кој ќе се изучува во училиштата кои се во нејзина надлежност”– стои во писмото oд Канцеларијата за образование во Булќиза.

Претседателот на македонското друштво “Мост”, Бесник Хасани, кој беше главниот иницијатор на ова петиција за весник Македониум изјави дека не се задоволни од одговорот од Канцеларијата за образование во Булќиза, според кој со новиот закон за образование македонските деца во Требиште ќе може да го изучуваат македонскиот јазик како втор изборен странски јазик и само во 7-мо оделение.

“Ние бараме нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик уште во прво оделение. Кај нас децата до 7 години не знаат албански јазик, и него почнуваат да го изучуваат во училиште. Нема да се откажиме со нашето барање се додека не се воведе македониот јазик во училиштата во Голо Брдо ” – истакна Хасани за весник Македониум.

На изборната конференција на општинскиот комитет Требиште на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, која се одржа на 27 март во Требиште, Голо Брдо се дискутираше и за петицијата за изучувањето на македонскиот јазик во Голо Брдо.

Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција истакна дека после успехот со враќањето на македонското име на општина Пустец од страна на албанскиот парламент, сега Македонска алијанса за европска интеграција на престојните парламентарни избори во јуни 2013 година ќе коалицира со таа албанска партија која ќе ни гарантира изучување на македонскиот јазик низ цела Албанија, таму каде што Македонците преку петиции ќе бараат изучување на македонскиот јазик. Барањето за изучување на мајчиниот јазик е законско право кое што на Македонците и на другите малцинства им е гарантирано со закон а и други Конвенции што Албанија ги има потпишано за заштита на малцинствата- истакна Стерјовски.

Областа Голо Брдо во Албанија административно поделена е на три општини Требиште, Острени и Стеблево, опфаќајки 20-на села населени со Македонци.

Тука Македонците не се признати од страна на албанската држава и немаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, иако го зборуваат.

Единствено кој се признаваат во Албанија се Македонците во Мала Преспа кој имаат минимални права и го изучуваат во училиштата македонскиот јазик.

(Македониум)

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top