Дијаспора

Колку светот го знае (не го знае) македонското минато и последиците од тоа

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Александар Русјаков во „Нова Македонија“ од 15 јули 2013 година, во статијата  „Апсурдизам“, меѓу другото вели: „Кога македонските државници и дипломати седнуваат на преговарачка маса да им кажат дека не можат да разговараат за име и јазикот на народот, затоа што тоа им го забранува македонскиот устав“. Понатаму за евроинтеграциите Русјаков вели: „Треба да се размислува и преговара, кога со уставен амандман ќе се забетонираат македонските идентитетски прашања“.

Кога зборуваме за името и уставот на Република Македонија, не е само името и македонската националност во прашање, туку и други важни работи за Македонците и Македонија. Во нив се прашањата за досегашната фалсификувана македонска историја од страна на јужниот сосед (Елада), која се наоѓа во светските енциклопедии, како еклузивно нивна македонска, како што е Британската енциклопедија (Encyklopedija Britannica), Колинската Фактопедија-Атлас (The Collins Faktopedia World reference Atlas), разни историски учебници, историски приказни со сликовници и слични на нив списанија, како и во играни и документарни  филмови. Понатаму, душевните и материјални оштетувања од страна на окупаторските држави на Македонија од времето на поделбата на Македонија со Букурешкиот договор, Балканските  војни, Првата Светска Војна, Втората Светска Војна и на крај Граѓанската војна на Грција од 1946-49 година. За овие големи испитувања потребни се тимови на македонски врвни интелектуалци, кои го познаваат и кореспондираат со Меѓународното право и владеат со поедини светски јазици.

Горното не се однесува само на Македонците кои живеат во Република Македонија и етничките делови на Македонија, туку и за македонското иселеништво во дијаспората и за Македонците во околните пријателски земји на Македонија, Западниот Балкан и Источноевропските држави.

Во САД, Канада, Австралија и Европа, на обично прашање: Од каде сте? Одговорот од нас Македонците обично е: Од Македонија. Бидејќи не помалку од 90% од нашите сограѓани во дијаспората учеле во своите образовни институции-училишта, гимназии, универзитети и дека Македонците се Грци или Грчки Македонци е апсурд, како и тоа дека Македонија била Грчка. Малку замислено, гледајќи го белиот лик на просечен Македонец-европеец, ќе прашаат: Од Грција или од Грчка Македонија!? Тие кои малку знаат за нашата историја ќе бараат повеќе информации за положбата на Македонија, додека тие кои немаат никакви познавања за историјата, ќе останат со мисла дека ние Македонците сме биле Грчки Македонци или Грци, и дека Македонија била Грчка!? Тоа е навреднливо и боли многу, особено за тие Македонци млади или од постарата генерација, кои не можат да им објаснат на своите сограѓани од мултикултурните заедници за положбата на нас Македонците и на Република Македонија. Не можат или не знаат како да објаснат, бидејќи или се потпаднати под туѓи влијанија или под антимакедонски поедини групи и политички партии од републиката, кои веруваат во заткарпатно-словенски карактер или се со недоволно историско познавање и образование.

Пријателите на Македонците и на Македонија од дијаспората каде живее македонската емиграција, како што се Членовите на Парламентите (МП) од актуелната власт или опозицијата се најповикани за признавање на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја и уставното име на Македонија.

За признавањето на уставното име на Македонија, во Австралија на пример, актуелната владеачка партија, Лабуристичката партија на Австралија, како и опозиционата партија на Австралија, Либералната партија на Австралија, која е во коалиција со Националната партија на Австралија, а и поедини самостојни политички партии, кои имаат свои претставници во австралиските држави и Федералниот Парламент, треба да ги цениме и да соработуваме со нив, што во пракса тоа не постои. Да им помогнеме во нивните политички ангажмани и активности да се одлучат да завземат позитивен став за македонското прашање и македонската реалност. Така ќе имаме и извесни влијанија за признавање на уставното име на Македонија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top