
До сите иселенички организации
Втор јавен повик за проектни апликации за 2013 година
Јавниот повик трае до 20 септември 2013 година.
Агенција за иселеништво на Република Македонија
Министерството за надворешни работи, преку Секторот за следење на националните приоритети на Република Македонија, објавува втор јавен повик за поднесување на проектни апликации наменет за правните и физичките лица од редовите на македонските национални малцинства од Југоисточна Европа и дијаспората од Република Македонија со цел реализирање на проекти во интерес на споменатите целни групи.
За таа цел, молиме да ги информирате релевантните организации на општествено дејствување и здружување на Македонците и дијаспората, дека утврдениот рок за аплицирање трае до 20 септември 2013 година, а предлог проектите пристигнати по овој рок нема да се разгледуваат. Предлог проектите се доставуваат до Министерството за надворешни работи – Сектор за следење на националните приоритети преку амбасадите и конзулатите на Република Македонија во странство или директно преку електронска пошта.
Притоа потенцираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерство за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства наменети за потребите на Македонското национално малцинство (МНМ) и македонската дијаспора, специјална Комисија формирана со решение на Министерот за надворешни работи најдоцна до 1 октомври 2013 год. ќе изготви решение за распределба на проектните средства. При одлучувањето за тоа кои проекти и во која мерка ќе бидат поддржани од страна на Министерството за надворешни работи, споменатата Комисија ќе се води од Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората, а најголемо внимание ќе биде посветено на предлог – проекти кои се однесуваат на:
– зајакнување на ефективната врска помеѓу Македонците кои не живеат во Република Македонија, како и на начините за нивна инклузија во македонското општество;
– зачувување и промоција на македонскиот јазик, традиција и култура;
– отворање на културни центри.
Подносителите на предлог – проектите за кои нема да бидат одобрени проектни средства од страна на Комисијата имаат право да поднесат приговор до Министерството за надворешни работи во рок од 8 дена од официјалното известување за истото од страна на надлежното ДКП или директно од страна на Министерството за надворешни работи.
Форматот на проектната пријава, како и Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората се поставени и можат да се преземат на веб – страната на МНР: www.mfa.gov.mk мени: надворешна политика, под – мени: дијаспора, или преку следниот линк:
http://mfa.gov.mk/sites/default/files/Dijaspora-dokumenti/Proektna-prijava.doc
Државен секретар, Владо Мисајловски
Изработил: С Д. Зероски / НО Д. Тасев
Контролирал: Пом. Дир. Б.Ѓоргев
Одобрил: Дир. Г. Атанасова Ѓоревска