На прво место

ДАЛИ МУЛТИКУЛТУРАТА Е ВАНДАЛИЗАМ?

1slavek3

1slavek3

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) соопшти дека утрово на 30.03 2024 година,  пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св. Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.

Епархијата посочува дека ова се случиле нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава (албанско знаме).

„Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност“, велат во Тетовско-гостиварската епархија.

Според информациите од МВР, во периодот од 20 до 30 март, во црквата, непознати лица го скршиле катанецот на влезната врата, ги скршиле стаклата на прозорците, но не одзеле ништо.

За ваквиот вандалски чин врз Македонскиот православен манастир „Свети Атанасиј“ во Тетово, силна осуда изрази Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД. Во соопштението на ОМД, меѓу другото се вели:

„Во жалосен чин на непочитување и нетрпеливост, на мета беше манастирот, свето место за Македонската православна заедница, во време кога верниците свечено постат за православниот Велигденски пост и Рамазан. Овој злонамерен чин не само што ја нарушува светоста на верската институција, туку ги поткопува и принципите на мултикултурализам и верска толеранција кои се суштински за едно кохезивно општество.

1blc4

ОМД се солидаризира со Македонската православна заедница и сите засегнати од овој осудувачки чин. Ги повикуваме властите брзо да го истражат овој инцидент и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Понатаму, апелираме за зајакнати мерки за заштита на верските објекти и за поддршка на основните права на сите поединци да ја практикуваат својата вера без страв од прогон или дискриминација“.

Исто така идиректорот на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, Дарјан Сотировски го осуди повторното вандализирање на манастирот „Свети  Атанасиј“ на тетовското Кале. Тој вели колку пати треба ваквиот настан да се осуди. Додава дека целото општество има одговорност што ваквиот квази-нацоналистички пубертет не е сосечен во корен.

За вандалски чин врз Македонскиот православен манастир „Свети Атанасиј“ во Тетово, се прашуваме дали мултикултурата е вандализам? Имено, според пишаните документи концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културните различности на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам.  Бидејќи нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип ги има културните различности, а културниот идентитет има суштинска улога во конституирањето на личниот идентитет на поединецот.

Бидејќи културата, односно културната заедница е од такво фундаментално значење за животот на нејзините припадници, културните практики на малцинските културни заедници треба да бидат заштитени.

За жал, во Македонија се мисли дека националистичките поделби, ќе донесат „позитивни“ резултати за државата. Политичатите од албанска националност како да немаат крај во барањата и освојувањето од административното до високополитичко ниво, со идеи за голема Албанија, за што денешниот систем и власта молчи. Затоа, генерациите кои доѓаат мора да го зачуваат идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава и да се престане распродажбата на вредностите на Република Македонија.

1blc44

Демонстрации пред Влада

За жал и Република Македонија има многу недоречености во врска со македонските патни документ, особено за Македонците од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Ако одреден број етнички Албанци имаат и македонски, и косовски и албански документи кои слободно ги користат во многу потреби, Македонците од Егеј и Пирин, мака мачат да ја доказат својата националнот и место на раѓање, од причини што во нивните земји се на сила фашистичките закони за малцинствата. Веројатно ние Македонците ќе треба да го проучиме законот на Евреите во светот, кои со две раце се применува, и добиваат државјансво на Израел, доколку лицата се чувствуваат  и се декларираат како Евреи.

А, тоа треба да се постигне со правата и обврските на мултикултурата и по примертот на Канада, Австралијане и други демократски држави во светот, не е важно колку и какви битки ќе се водат, важно е да се продолжи Македонците и другите етнички групи во Република Македонија, никогаш да не се откажат и да остават недоразбирање, самоволие и омраза за идните генерации, за и тие да продолжат да ги спроведуваат  мултикултурните светски вредности. Бидејќи борбата за Македонија е вечна, исто како што е вечна борбата помеѓу доброто и злото. И со право се вели дека Македонија ќе опстојува се’ додека светот светува и веков векува!

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top