Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (31 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Античките Македонци имале и сопствени македонски народни обичаи и обреди, за кои пишувале повеќе антички историчари, како што се: Херодот, Аристотел, Куртиј Руф и други, децидно потенцирајќи дека овие обичаи се македонски. Како автентични античко-македонски обичаи се споменуваат: кршењето погача за време на свадбените ритуали, одделното седење на мажите и жените за време на веселбите, стрижењето на косата за време на жалост или несреќа, специфичниот начин за избор на кралеви, специфичниот начин на судење,специфичниот начин на погребување и многу други. Рековме дека добар дел од овие обичаи ги среќаваме и кај денешните Македонци. (Повеќе детали за ова кај А. Донски “Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел – фолклорни елементи”, Штип, 2001 година).

Авторката Ема Стафорд, во својата цитирана книга (стр.  87), пишува дека кога Александар Велики Македонски стапнал на тлото на Азија, оддал почит кон “хероите на грчката војска”, кои учествувале во Тројанската војна. Веќе рековме дека е сосема погрешно и апсурдно да се спомнуваат “Грци” од времето на Тројанската војна. Ни за време на оваа војна, а ни потоа, кога Хомер ја опишал истата, етнонимот “Грци” не постоел и навистина е тенденциозно кога настани од далечното минато им се накалемуваат како “заслуга” на Грците (било на античките, било на современите).

Што се однесува до Хомер, за неговото етничко потекло исто така не се знае ништо и практично не постои никаков податок за неговиот живот (биографија, негово спомнување од современици, претстава на неговиот лик и сл.). Поради тоа, денес мислењата во светската наука се поделени и во однос на тоа дали тој воопшто постоел како личност или можеби неговите дела биле напишани од повеќе автори.

Во антиката и во средниот век главно се верувало дека Хомер бил единствена личност и дека тој бил автор на делата потпишани со неговото име. Но, во 1795 година авторот Ф.А. Волф објавил книга под наслов “Хомеровиот проблем” (Пролегомена ад Хомерум). Во оваа книга Волф го оспорил авторството на Хомер со што отворил дебата во научната јавност која трае до денес.

 Во врска со овој проблем постојат главно две групи научници. Првата смета декла Хомер постоел како личност и дека тој бил автор на “Илијадата” и на “Одисеја”, а втората група смета дека зад неговите дела стојат повеќе автори.

 Сето ова значи дека ни за Хомер не може да се каже дека бил “Грк”. Не само што етнонимот “Грци” не постоел во негово време, туку и затоа што дури не се знае дали и тој воопшто постоел како личност. Оние кои веруваат во неговото постоење сметаат дека потекнувал од Мала Азија. (Повеќе детали за ова во книгата “Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел фолклорни елементи” од Александар Донски, Штип, 2002 година).

 Во книгата “Империи што влегуваат во историјата на светот – 400 година пред Христа – 200 година по Христа“, на стр. 18, во врска со културата на Македонскиот царски Двор во Пела, читаме:

 “Дворот во Пела бил центар на увезената хеленска уметност и литература”. (На англиски: ” The court of Pella was a centre of imported Hellenic art and literature “).

Во врска со овој цитат ќе кажеме дека истиот сосема одговара на вистината. Точно е дека Македонците имале своја сопствена уметност и култура, но во извесен период тие почнале да канат и грчки автори на својот Двор. Така, на пример, во Македонија престојувал и еден од најпознатите древни филозофи Сократ. Се родил околу 470 година пред Христа и живеел во Атина. И покрај заслугите, поради некои свои идеи и дејанија кои не биле во согласност со атинската политика, тој бил осуден на смрт и бил погубен во 399 година пред Христа. Неговиот престој во Македонија е поврзан со Пелопонеската војна помеѓу Спарта и Атина.

Во Македонија престојувал и познатиот древен трагичар Еврипид. Заедно со Есхил и Софокле тој се смета за еден од тројцата најголеми трагичари во древнината. Неговите дела оставиле големо влијание врз подоцнежната драма. Се родил во Саламина околу 480 година прд Христа. Освен со пишувањето драми се занимавал и со филозофија и наука. Иако главно живеел во Атина, подоцна Еврипид ја напуштил Атина и во 408 година пред Христа дошол да живее во Македонија. Во нашата земја тој напишал драма посветена на македонскиот крал Архелај. И Еврипид  починал во Македонија во 406 година пред Христа.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top