Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (32 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Во Македонија престојувал и познатиот атински сликар Зевкис, кој живеел во 4 век пред Христа. За неговото сликарство се знае од пишаните документи, додека денес, за жал, нема зачувано ниту едено негово оригинално дело. Неколу копии на неговите дела останале во подоцнежните векови. Посебно восхитен од неговите дела бил римскиот писател Плиние Постариот. Илузионизмот бил главна одлика на сликарството на Зевкис, иако се занимавал и со скулптура. За сликарството на Зевкис пишувал и хеленскиот автор Лукијан. Од сликарството на Зевкис се вдахновувале мнозина подоцнежни древни сликари.

Што се однесува до посетата на Зевкис на Македонија, познато е дека овој славен сликар престојувал на дворот на македонскиот крал Архелај. Всушност тој го декорирал дворецот на овој македонски крал, за што му биле платени четиристотини мини.

Многу е веројатно дека во Македонија престојувал и познатиот древен сликар Апел. Се родил во 352 година пред Христа во Колофон. Тој се смета за еден од најславните сликари во древнината. За жал и неговите дела не се зачувани, туку се познати само преку записите за нив. Мнозина ренесансни автори биле инспирирани од овој сликар. Познато е дека едни од неговите најдобри дела биле портретите на Филип Втори и на Александар Македонски. Освен тоа, тој насликал портрети и на некои од александровите генерали, а сликал и композиции со митолошки мотиви. Починал во 308 година пред Христа. Поради тоа што портретите на истакнати Македонци биле една од главните теми на неговото творештво, сосема е веројатно дека и тој престојувал во Македонија.

Во Македонија престојувал и познатиот древен говорник Есхин. Тој се родил во Атина во 389 година пред Христа. Благодарение на својата елоквенција и знаење станал еден од водечките интелектуалци во Атина. Во тоа време подемот на македонската држава претставувал закана за соседните држави, меѓу кои и Атина. Познато е дека во време на Филип Втори Македонски, атинскиот говорник Демостен гласно ја обвинувал Македонија, залагајќи се Атињаните да се спротивстават на македонската експанзија. Противник на Демостен бил токму Есхин. Тој се залагал за пријателство помеѓу Атина и Македонија, сметајќи дека секаков отпор на Атињаните против Македонија би бил залуден. Есхин престојувал во Македонија во 347 година пред Христа по што почнал да работи во полза на спречување на конфликтот помеѓу Македонија и Атина. Подоцна бил прогонет од Атина. Се стационирал на Родос, каде отворил училиште за говорници. Починал во 314 година пред Христа. Некои од неговите говори до денес се сочувани.

Практично, од цитатот на горенаведената книга (“Империи што влегуваат во историјата на светот – 400 година пред Христа – 200 година по Христа”), јасно се гледа дека македонската и хеленската уметност и култура биле сосема различни, штом Македонсиот двор решил да “увезе” дел од хеленската уметност преку поканите на тогашните хеленски уметници да ја посетат Македонија.

 Во продолжение на истата книга е објавен неточен податок дека Александар наводно создал мешана “грчко-азиска култура”. Почесно би било доколку авторот напишел дека тоа била “балканско-азиска култура”. Факт е дека во културата што Александар ја проширил во Азија и Африка имало и елементи од грчката култура, но имало елементи и од македонската култура, како и од другите балкански култури.  Оттаму, крајно тенденциозно и невкусно е балканската култура да се нарекува “грчка”. Тоа е само далечен рефлекс на пропагандата од 19 век, кога речиси се што било балканско било прогласено за “грчко” се со цел да се охрабрат Грците (со помош на Големите сили) да создадат своја христијанска држава на територијата што дотогаш припаѓала на Отоманската империја.

 Овде малку ќе се оддалечиме од темата за да потсетиме дека Грците присвојувале многу вредности од туѓите постари култури. За оваа вистина сведочи уште античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј. Во своето дело “Flavius Josephus Against Apion” (translated by William Whiston, Christian Classics Ethereal Library, Calvin College, USA) Флавиј споменува неколку вредности од разни области кои Грците ги присвоиле од Египјаните и од Халдеанците. Тој ги критикува и тогашните грчки историчари и притоа наведува бројни примери за контрадикторности во нивните дела. Флавиј констатира дека најголемиот дел од грчките историчари уште во негово време (1 век по Христа!) пишувале далеку од вистината.

Флавиј прави осврт и за потеклото на т.н. “старогрчко писмо”. Тој пишува дека самите Грци од негово време признавале дека нивното писмо не било автентично грчко

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top