Дијаспора

Од патувањата по светот – Индија (6)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“)

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ВТОРА МАЈКА ТЕРЕЗА

Есма е најголем  промотор на ромската и на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Таа и Стево пеела за сиромашните и беспомошните во Индија, Мексико, Пакистан, Иран и други земји во светот. Затоа, Есма Реџепова-Теодосиевска не случајноја нарекуваат втора Мајка Тереза

Македонската естрадна уметничка, Есма Реџепова- Теодосиевска е родена на 8. 8. 1943 година, во Скопје. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Но, потеклото и историјата на нејзиното семејство е интересно, преселничко, составено од повеќе нации, космополитско, во кое царувале трите најважни светски религии: еврејската, муслиманската и православната.

Биографијата на оваа извонредна пеачка, жена, хуманитарка, за која авторот на овие редови подготви опширна монографија (на македонски, англиски и ромски) за живото и делото за неа и нејзиниот животен сопатник Стево Теодосиевски. Есма и Стево одржале илјадници хуманитарни концерти за оние на кои им била потребна помош насекаде низ светот. Есма пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу во Македонија.  Таа  е најголем  промотор на ромската, особено на  македонската музичка приказна насекаде низ светот. Затоа, Есма Реџепова-Теодосиевска не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза.

Тие заедно, безгранично ја сакале својата земја и во себе ја носеле и ја ширеле традицијата на македонскиот и ромскиот народ, кој како трепет е прелеан низ звуците што се шират. Нивното заедничко мото „Ако имаш две, подари едно“ било и е доследно на нивната мисија да даруваат на кого му е потребно.

За време на заедничката кариера Стево и Есма Теодосиевски, присвоиле 47 момчиња, ги здомиле, воспитувале, образувале, овозможувајќи им да завршат музичко училиште во нивниот дом и сега сите тие имаат сопствени музички кариери. Денес Есма, со нејзина целосна поддршка ја финансира девојка Елеонора Мустафова, која се очекува да биде соодветна замена во пеењето.

Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова- Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски“ имаат одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, имаат спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“, во кој денес живее Есма Реџепова–Теодосиевска.

esma-indija
Есма и ансамблот „Теодосиевски“ во Чандигар

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски” престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата.

Сепак, Есма и Стево најпосле си зеле парче време само за нив, само за двајцата главни носители на Ансамблот „Теодосиевски“. Есента, 1968 година, решиле да го кажат своето судбоносно – ДА. Објавиле венчавка,  и тоа двојна. Едната во Драчево, според традиционалните ромски обичаи, и втората, според желбата и очекувањата на Паца, мајката на Стево, која сакала свадба според македонските – кочански традиции.

Бидејќи во тој период по свадбата била закажана турнеја по далечната Австралија преку Матицата на иселениците од Македонија, па таквиот спој, направил интересна комбинација за да биде тоа и концертно и свадбено патување.

Австралија е интересно поднебје и предизвик, дестинација и туристичка и музичка. Од студената европска зима новиот ансамбл „Есма – ансамбл Теодосиевски“ се приземјил на врелата летна австралиска почва. Одржале голем број концерти во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Аделаида, Канбера, Волонгог…  Со широко срце биле дочекувани од нашите доселеници Македонци, на кои со секоја песна се труделе да им пренесат и донесат, парче роднокрајни убавини и поздрави. На концертите присуствувале многу Австралијанци, кои не можеле да ги задржат солзите. Емоциите биле силни од двете страни.

Набргу по враќањето од Австралија, следело ново патување. Тоа било прво гостување на индискиот потконтинент. Влезната врата  им била градот Бомбај. Таму се претставиле со популарни ромски, но и други нумери. Почнале од конзулатот за потоа да засвират и запеат за ју-градежниците на работа во Индија. Следел концертот во „Интернационал“ за членовите на дипломатскиот кор.

esma-indija-2
Есма  и Стево во Индија

Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ добиле интересна покана која не можеле да ја одбијат. Тоа било настап на некаков „Каменов брод“. Брод од флотата на Индиската морнарица кој бил направен од бетонски и камени делови. Непосредно пред концертот, слетал хеликоптер со првиот адмирал на индиската воена флота, кој специјално дошол сакајќи да присуствува на концертот на гостите од Европа. Морнарите и сите присутни, без малку на раце ги кренале Есма и музичарите, восхитени од уникатниот настап и специфичниот и редок вокал на солистката.

Во сите земји  ширум земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознава по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ (Убаво девојче) и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа е на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага…

Тие немале време за одмор, бидејќи влегувале од една во друга гостувачка тура. Во годините на маестралниот подем на Ансамблот, добиле покана за повторно гостување во Индија од Романолошкиот институт, и за учество на Првиот фестивал на ромската музика во градот Чандигар. 

Не само што поканата била прифатена, туку на пат до Индија тргнале малку со авантуристички дух. Толку далеку решиле да тргнат со свое возило минувајќи низ какви сѐ не  предели, планини, реки и долини, снегови и дождови, и сѐ така, до портите на Чандигар. Или тоа со обична математика значи, дека извозиле 7,5 илјади километри пат до Индија. Сите години заедно со Стево Теодосиевски, сè до неговата смпт,  одржале многубројни концерти по целиот свет. Меѓутоа, концертите во Инсија ќе останат во трајно сеќавање. Имено, во Пенџап, од каде се корените на ромскиот јазик во 1976 година, Есма и Стево се прогласени за „Кралица и Крал на ромската музика во светот“. Затоа тие изјавиле дека во Индија се чувствуваат како дома.

Пролетта, 1974 година, во домот на Теодосиевски влегол човек во години. Тој бил црномурест и бил менаџер по име Риши кој дошол од Индија како директор на Романолошкиот институт. Неговата цел била да ги запознае Есма и Стево и да го испита пулсот дали имаат желба да патуваат за Индија на ромскиот фестивал. Секако, дека една таква укажана чест и лично врачена покана  од  организаторот, не можела да биде одбиена и пропуштена. Туку и тоа индиско патешествие со толку почести и внимание, уште повеќе го дополнува богатиот мозаичен  естраден живот.

Како резултат на преговорите со менаџерот од Индија, Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ гостувале во градот Чандигар, каде се одржал Светскиот фестивал на ромската музика, со учество на  претставници од 20 земји од светот. Таму Есма и официјално била прогласена за „Кралица на ромската музика“.

Меѓутоа, како што им прилега на „Крал и Кралица“ во престолнината на Индија – Њу Делхи, им укажале висока чест и уживање, претседателот и премиерот на Индија, Индира Ганди, примајќи ги во своите официјални резиденции… Средбата била незаборавна. Многу спомени, многу искушенија. Таму, во Идија Есма ги нашла корените на својот ромски јазик, на своето дамнешно потекло. Сето тоа Есма и Стево го почувствувале со возбуда и одушевување. Затоа, во нивните изјави рекле дека во Индија се чувствувале како дома во Македонија.

Повторно Есма и Стево со другарите биле поканети повторно да патуваат во Индија. Откако биле возвишено испратени од Првиот фестивал на Ромите, и по постигнатиот успех, тие заминале да учествуваат и на Вториот фестивал кој го отворила Индира Ганди, а настапот на Ансамблот „Теодосиевски“ бил проследен со многу симпатии. Во Њу Делхи се сретнале со претседателот на Републиката, кому му донеле дарови од својата татковина. Тогаш одржале специјален концерт во претседателската палата. Исто така, присуствувале на 94. роденден на легендарната личност на Индија и светот, Џавахарлал Нехру, во неговиот град Алахабат. Таму била и родната куќа на Индира Ганди. Се разбира, и сето тоа не поминало без музичкиот настап на Есма и Стево. Првиот концерт бил одржан претпладне за младите, а вечерта следел свечениот дел пред околу пет илјади поканети  угледни гости од целиот свет.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата – како еден од електронските медиуми и има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело, затоа ја споредуваат со Мајка Тереза.

esma-monografija

Таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот; два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; Носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

————————-

Монографијата „Есма Реџепова –Теодосиевска“ која ќе се печати по повод 55 годишнината на другарувањето на Есма со нејзината песна, чиј автор е Славе Катин, е издание на „Македонска искра“ „Маестрофолкфест„ и „Есма бенд“ а е поддржана од  Министерството за култура на Република Македонија, Скопје, 2015, 1-430.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top