Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (33 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Исто е и со музичката скала, која била измислена од Фригијците, а дури подоцна била прифатена од Грците (Плин. Н.Х.ВИИ, 197). Диод. ИИ, 58, Плутарх: “Де мус.” 18).  (Подетално кај: Александар Донски “Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел фолклорни елементи”, Штип, 2002 година).

 Во книгата на Фиона Мекдоналд (цит. дело), авторката го користи терминот “хеленистичка ера” за мешаната македонска, грчка и друга балканска култура. За значењето на овој термин веќе објаснивме претходно во книгава.

Во книгата на Шон Шехан (цит. дело) пренесена е една констатација во врска со спортската култура. Овде читаме:

 “Грците биле горди кон нивната љубов кон атлетиката и натпреварувачките настапи. Тоа им била традиција која се протегаше дури до херојските времиња, опишани од Хомер и тоа е аспект на грчката цивилизација што одигра големо влијание на нашево време. Во главните атлетски натпревари биле привлекувани учесници од целиот грчки свет, а посебно на Олимписките игри во Елис на Пелопонез и на Питиските игри во Делфи”.

Во врска со оваа  констатација ќе го кажеме следното:

Како прво не е спорно дека Грците и навистина имале љубов кон спортот, но не е точно дека таа нивна традиција се протегала до времињата што ги опишува Хомер (тоа е околу 12 век пред Христа) затоа што, едноставно, тогаш Грци не постоеле.

Што се однесува до тврдењето дека  на атлетските натпревари биле привлекувани само учесници од “грчкиот свет”, тоа е точно и во оваа констатација јасно гледаме дека Македонија не е спомната како дел од тој “грчки свет”.

Пак ќе потсетиме дека на Македонците (како на не-грчки народ) им било забранувано да учествуваат на грчките Олимписки игри. Веќе спомнавме дека авторот Улрих Вилкен (цит. дело) со право пишува дека за прв пат дури на Александар Први му било дозволено да учествува на грчките олимписки игри, иако отпрвин и тој бил одбиен, а подоцна, откако самиот го измислил своето наводно потекло од Херакле, му било дозволено да учествува, но само нему, а не и на Македонците.

Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски (цит. дело), која е експерт за спортот во антиката, еве што пишува во врска со оваа тема:

“Александар во времето на 76 Олимпијада бил прогласен за “проксен” од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале на своите гости пријатели”.  (стр.. 46).

Практично, самата титула “проксен” била давана на не-Грци, па штом истата ја добил Александар Први Македонски, тоа е најголем доказ дека тој не бил никаков Грк.

Таа докажува дека Александар Први Македонски не учествувал на Олимписките игри затоа што неговото име го нема во списокот на победниците, за разлика од тврдењето на Херодот. Таа докажува и дека во времето на дотичната Олимпијада Александар Први  бил престар за да учествува, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри.

Во подолжение (стр. 51), таа пишува:

 “Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македонците не можеле нормално да учествуваат во панхеленските натпреварувања.”

И понатаму:

“…За време на владеењето на  Пердика Втори, македонската култура се уште не била подготвена за хеленизмот”. (стр. 62)…

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top