Дијаспора

Каков национален совет избраа македонците во Србија?

makedoncite-vo-srbija

makedoncite-vo-srbija

Националните совети на малцинствата во Србија, според законот за национални совети, се државни тела, за остварување на малцинските права во областа на самоуправа во културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото.

На 26.10.2014 година, изборите за нашиот совет се спроведоа преку електорско собрание, со кандидирање на претставници, електори. Кандидираните и избрани 84 електори, со гласање за една од понудените листи го избра советот од 23 члена. Листата број 1, „ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ“ освои 8 мандати а листата под број 2, „МАКЕДОНЦИ ЗАЕДНО“, освои 15 мандати. Изборите беа фер, демократски, што беше потврдено од РИК и надлежното министерство, за разлика од изборите во 2010 година, кога советот го избравме дури во третиот обид.

Каков совет избравме?

Кои се тие 23 члена, кои се тие Македонци кои ќе не застапуваат во тој совет и кои во наредните 4 години ќе се борат за остварувањето – реализирањето на правото на Македонците во Србија, за кои според законот државата одвојува не така мали средства.

Според званичните податоци, за 2014 година, Националниот совет на МНЗ заедно со НИУ МИИЦ имаше буџет – приходи од  17.198.985 динари /околу 145.000 евра, според сегашниот курс/ плус приходите добиени по здруженијата, за проектите во АП Војводина, Министерството за култура на Србија и МНР на РМ, како и средствата од локалните самоуправи.

Од 23 члена на советот, 15 се машки. Просек на старосната граница на избраните членови е 55,3 години. 16 члена, или 69,57 % се со ВСП, а 7 се со средна стручна подготовка. Од избраните 11 члена се пензионери, 2 се невработени а 10 се вработени. Има разни занимања, професии. 11 члена се претседатели на здруженија во своите средини. Од сегашните 23 члена, 7 биле членови на советот во првиот состав од 2004 до 2010 година, 10 биле членови и во претходниот состав на советот во период 2010-2104, а 6 члена се непрекидно во советот, од 2004 година и сега ќе бидат и трет мандат до 2018 година. Законот не предвидува никакви ограничувања по тие кандидирања.

Застапеноста на членовите во советот по региони, окрузи е различна, посебно во однос на составот од претходниот состав на советот. Од Белград има 2 члена, од Војводина 14 од Јужнобанатски округ (Панчево, Јабука, Глогоњ, Качарево, Пландиште, Вршац), 1 од Северно-бачки округ (Суботица)  и 6 од централна Србија.

Дали можеме да бидеме задоволни од изборот, составот на кандидираните и сега избраните 23 члена во советот? Зависи кој како и од кој агол гледа на тие избрани кандидати. Дали се тоа најдобрите, најспособните, највредните, најмладите, нај..нај… Македонци во Србија, кои ќе го водат Советот во наредните 4 години?

Јас велам, дека можевме и моравме подобро да се организираме и составот на избраните 23 члена да беше многу подобар. Колку, како и зошто во тоа не успеавме, тоа е друго прашање. Во услови на вакви законски решенија,  кога некои однапред и пред изборите одредија кој треба да биде претседател на советот и кога „на некого“, повеќе му одговараше да имаме електорски а не непосредни избори, составот и квалитетот на избраните членови е реалната слика и прилика за односите во Македонската заедница во Србија.

Кого избравме во органите на советот, одборите?

Работата во нашите здруженија па и работата во органите на советот се на доброволна, волонтерска основа /освен за претседателот и стручните служби во советот, директорот на НИУ МИИЦ, кои се на платен список и за својата работата примаат плата.

Изборите на претседателите и членовите на одборите, беа, фер, демократски, согласно законот и статутот, со веќе јасното прифаќање на сите предлози од втората листа и одбивање на нашите предлози и веќе јасното „надгласување“ од страна на мнозинството со 14 гласа.

Нејасно е зошто во тие одбори не е избран никој од нас 8 кои во советот сме од првата листа /освен 1 кандидат/, ниту било кој од нашите Македонци, предложени во тие одбори, а ваму толку деклартивно стално се истакнува од страна на претседателот на советот дека сме за единство, сплотеност, заедничка работа? Времето ќе ја потврди или отфрли таквата самобендисаност  и самоувереност, и нивен став дека ние од правата листа сме биле „непријатели“ како што званично изјави претседателот на здружението од Јабука, кога на некои здруженија не ни дозволи да дојдеме во Јабука, на заедничката прослава организирана по повод враќањето во Република Македонија на лице од амбасадата на кого му истекна мандатот.

Дали се избрани најдобрите, најспособните, најстручните, најквалитетните лица кои  ќе ја кројат и реализираат политиката на советот во наредниот период преку работата во тие одбори. Ние мислиме дека НЕ. Не само заради тоа што не се прифатија нашите предлози за заедничка листа, туку и заради предложените и избрани претседатели на одборите за образование и култура, и посебно на претседателот на одборот за службена употреба на јазикот и писмото, кој што со своите стручни и работни досегашни квалитети никако не треба да биде на чело на тој одбор. Со неговиот избор, советот, односно предлагачот на тој предлог, јасно упати порака до Македонците во Србија, како гледа на остварувањето на нашите права и од таа област.

Пред советот, посебно избраните органи, јасни се обврските, задачите, нашите национални интереси како малцинство Србија во наредниот период.

Бројот на изјаснети Македонци според пописот, бројот на запишани во посебните бирачки списоци, бројот на Македонци кои во амбасада на РМ во Белград гласаат за изборите во Македонија, бројот на деца кои организирано го изучуваат Македонскиот јазик, бројот и содржината на културните манифестации и активности, содржината и пораките од организацијата и прославата на со закон признаените празници на Македонците во Србија (Илинден, 8-ми септември, 11-ти октомври и Денот на советот), бројот на вработени од нашето малцинство во сите државни институции, (здравство, школство, војска, полиција), бројот на радио и ТВ емисии, весници, културни институции, почитувањето на правата за службена употреба на јазикот и писмото, бројот на преведувачи и толкувачи за Македонки јазик, посебно во срединитe каде Македонскиот јазик е признаен, бројот на пратеници во локалните самоуправи, покраинскиот парламент и парламентот на Србија, се само дел од  тие наши национални интереси .

Времето секако ќе покаже каков совет избравме, колку се изборивме за нови лица, нови идеи, за промени, и колку стварно работиме во интерес на македонската национална заедница,  ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ.

Славе Груевски
член на советот

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top