Дијаспора

Света мисија на македонските писатели во Австралија

Македонска нација

Книгата останува да сведочи за едно време, за ликови, за настани, за желби. Книгата е верен и тивок пријател на човекот.

Па така и објавувањето на литературни дела, научни трудови, поезија, раскази, се дел од неуморната работа на нашите иселеници – писатели во Австралија. Тоа е уште еден знак дека нашето исконско и вредно обележје – македонскиот јазик останува да живее во делата на нашите поети, писатели, научници, новинари кои со децении творат надвор од својата родна земја. Токму во тие нивни дела е вткаена македонската историја, македонската култура, традиција, копнежот по родниот крај, вистинските приказни за македонскиот човек во минатото и денес.

На посебен начин, инспиративни и со многу емоции неуморно пишуваат и оставаат светли траги по кои ќе чекорат идните генерации.

Познатата мисла на Димитар Миладинов “Јас го посеав семето, а вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод“ ги поттикна македонските творци во Мелбурн да формираат литературна асоцијација во далечната 1987 година. Минатата 2014 година ова литературно друштво повторно се возобнови и започна со низа активности на полето на културата и литературата. Со тоа на големо допринесуваат во промовирање на македонскиот јазик и борбата за негово зачувување во австралиските училишта. Нивната цел е и да се промовира македонската литература кај Македонците од сите возрасти.

Литературното друштво “Григор Прличев“ од Сиднеј кое веќе постои повеќе од 35 години секоја година распишува литературен конкурс за раскази и песни, за деца и возрасни.

Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Наташа Котевска и Мери Петковска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2014 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

За сите категории на конкурсот пристигнаа 40 дела од кои се избраа следни дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:

1- ва награда: „Книга“, шифра бр. 10, од Марија Александрова

2- ра награда: „Живот“, шифра Axius

3- та награда: „Мајка“, шифра Анабел

Најдобра поетска творба на годината за деца:

1-ва награда: „Роденденска“, шифра Кристофер

Најдобар расказ на годината за возрасни:

1-ва награда: „Старо училиште“, шифра Цветови, од Гордана Димовска

2-ра награда: „Селото на мајка ми“, шифра Мојата вселена

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top