Дијаспора

Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета ја посети општина Пустец

ilir-meta-pustec-1

Претседателот на парламентот на Албанија, Илир Мета ја посети Општина Пустец каде оствари средба со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко како и со потпреседателот и генралниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Таќо Гроздани и Васил Стерјовски со кои разговараше за проблемите на македонската заедница во Албанија. Г-дин Мета беше придружуван на состанокот од страна на пратениците од албанското собрание, Спартак Брахо и Пиро Капурани.

ilir-meta-pustec-1

На средбата претседателот на албанскиот парламент беше запознаен со состојбата во општина Пустец каде има потреба за инвестирање во водоводи, канализации, реновирање на гимназијата во Пустец, недостатокот на учебници на македонски јазик во училиштата во Мала Преспа, подршка за земјоделството идр. Исто така беше запознаен и со потребата од  донесување на закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонската и другите заедници на целата територија на Албанија и ќе се регулира образованието на македонски јазик за македонската и другите заедница во Албанија пренесува весник Македониум.

ilir-meta-pustec-2

Претседателот на парламентот, Илир Мета ја изрази својата благодарност за вредностите кои ги носи македонската заедница во Албанија, додавајќи дека албанскиот парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската заедницата и дека ќе се ангажира во најбрзо време да се направи реконструкција на гимназијата во Пустец, да се испечатат потребните учебници на македонски јазик. Исто така, вети и решавање проблемот со водата за пиење и канализациите, како и преку министерството за земјоделие преку субвенции да се подржат земјоделците.

ilir-meta-pustec-3

Претседателот на парламентот истакна дека ќе се превземат сите мерки да македонската заедница се интегрира повеќе во албанското општество и дека многу ја цени македонската заедница во Албанија која е равотлива и мирољубива и придонесува со нејзините најдобри вредности и  заслужува поголемо внимание.

После тоа претседателот на парламентот, Илир Мета ја посети гимназијата во Пустец и посетата во Општина Пустец ја заврши со работен ручек во с.Зрноско. (Македониум)

http://makedonium.net/?p=1882

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top