Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (37 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Презентирањето на античко-македонските симболи

Познато е дека античките Македонци имале свои симболи, кои ги користеле за време на војна или мир. Најпознати симболи биле античко-македонското осум­зрачно и шеснаесетзрачно сонце, какви што се пронајдени во гробот на Филип Втори Македонски. Овој симбол го имало и на штитовите на војниците, а истиот останал среде Македонците и во Средниот и во Новиот век, каде се среќава во многу цркви (на икони и фрески), потоа како украс на куќите, во уметноста и така натаму.

За разлика од Македонците, Грците не само што воопшто не го почитувале Сонцето како сим­бол, туку нивен главен симбол била птицата був, која го претставува токму спротивното – ноќта! Ноќта во која нема Сонце! На најго­ле­ма­та хеленска држава  Атина главен амблем бил токму бувот, кој долго вре­ме бил кован на нивните пари.

Друг симбол на античките Македонци бил лавот, кој во антиката и навистина живеел во Македонија.

 Поради фактот што гробот на Филип Втори Македонски (а со тоа и потврдата за вистинските античко-македонски симболи) беше откриен во 1977 година, нормално е дека во книгите за античката историја напишани пред оваа година, не се спомнува ништо за античко-македонските симболи.

Во продолжение ќе наведеме неколку примери од западни автори во врска со презентирањето на античко-македонските симболи.

 Во книгата на Патрик Пујсер под наслов “Античкиот Блиски Исток” (Patrick Pouysseur: “The Ancient Near East”), објавена во 1998 година, на стр. 156  објавен е астролошки календар од периодот на династијата на Селевкидите (која ја основал македонскиот генерал Селевк и која останала да владее со Азија со векови по смртта на Александар Македонски), во централниот дел јасно се гледа осумзрачното македонско сонце, за кое може да се каже дека било еден од симболите и на оваа македонска династија.

Интересен случај имаме во книгата  на Натаниел Харис  под наслов “Историја на античка Грција” (History of Ancient Greece), објавена во 2000 година (ISBN 075370546х). На стр. 33 објавена е илустрација со вазна од периодот на  “црвени фигури” во уметноста. Прикажана е борба помеѓу два војника. Авторот пишува дека тоа биле “Грк и Персијанец”. Но, на штитот на “грчкиот” војник има осумзрачно сонце – исто какво што носеле античко-македонските војници.

На стр. 71 од истата книга, исто така  е претставена илустрација (релјеф од Локри, денешна јужна Италија), за која авторот вели дека била “грчка”. И на оваа илустрација се забележуваат шеснаесетзрачното и осумзрачното македонско сонце.

 Има и случаи на автори (како што е авторот Дејвид Нешмут во неговата книга “Кој беше Александар Македонски Велики?”), кои, иако пишуваат за античка Македонија избегнуваат да ги прикажат нејзините симболи. (David Nasmyth: “Who was Alexander the Great?, Great Britain, 1998 – ISBN 07500 22728).).

Меѓутоа, има и такви кои овие симболи коректно ги претставуваат како македонски симболи. Така, на пример, во книгата на Петер Крисп под наслов “Александар Велики Легендарниот борец и крал” (Peter Chrisp: “Alexander the Great – A Legend of a Warrior King“), објавена во Лондон (2000 год., ISBN 0751 36661) на стр. 8 објавени се илустрации  со македонските сонца, под кои пишува: “симболи на Македонското царско семејство”.

 Нашиот коментар е дека и претставувањето на античко-македонските симболи е целосно во склад со презентирањето на останатите сегменти од животот на античките Македонци, што ги наведовме во останатите поглавија од оваа книга.

 К р а ј

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top