Дијаспора

Детроит – најголемата македонска колонија

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – САД

Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека“ за Македонците со право се вели дека Вратница – Тетовско и Љубојно – Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија и тоа: околу 300 семејства од Вратница, а околу 120 семејства од Љубојно

Америка отсекогаш била „ветената земја“ за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на до­се­лу­вање непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во ид­нина. Во овој долг период на доселување, ако Њу­јорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Ма­ке­дон­ците од сите делови на Македонија

Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека“ за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници од Ма­ке­донија и пошироко од Балканот.

Од Чикаго отпатувавме за Детроит со летот кој траеше околу еден час. Беше пладне кога авионот се вивна во висините и леташе од североисточната страна, долж брегот на езерото Ми­чиген, во кое како во море пловат бродови, јахти, лаѓи…  Во далечината се забележуваше градот Милвоки во државата Висконсин, кога авио­нот сврте кон исток, а потоа преку езерото и ко­п­нениот дел на државата Мичиген се најдовме над цен­тарот на автомобилската индустрија – Детроит.

detroid
Детроит

Детроит е велеград на езерото Ири – една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави  и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Меѓутоа, за нас најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од Преспанско, Тетовско и Битолско. Затоа, со право се вели дека Вратница – Тетовско и Љубојно – Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија и тоа: околу 300 семејства од Вратница, а околу 120 семејства од Љубојно.

crkva-sv-bogorodica-detroit
МПЦ „Св. Богородица“ во Детроит  

Во Детроит ја посетивме Македонската православна црква „Света Богородица“. Таму се сретнавме со доста нашинци кои најдоа слободно време да дојдат и да слушнат за поголем број прашања и проблеми од „стариот крај“, како што често велат за Македонија. Се отвори дискусија, при што присутните посебно се интересираа за состојбите во Македонската православна црква, за состојба во Република Македонија и за животот и настаните особено во Тетовско и Преспанско.

При нашата посета на Детроит бевме информирани дека постоела иницијатива за формирање и изградба на македонска православна црква меѓу Македонците од Детроит уште од поодамна. Меѓутоа, таа желба се исполнила дури во 1975 година кога Македонската православна црква „Света Богородица“ била примена во крилото на Светиклиментовата црква и потпаднала под нејзина јурисдикција и кога митрополитот Кирил отслужил прва архијерејска литургија на македонски јазик.

Бевме запознати со активностите на овој многу значаен духовно-културен македонски центар, во чиј состав работи Културно-уметничкото друштво „Танец“, во кое членуваат педесетина млади момчиња и девојчиња, претежно родени во Соединетите Американски Држави, а кои се вљубеници во македонскиот фолклор.

Овие млади Американци од македонско потекло редовно учествуваат на голем број манифестации што се одржуваат во Соединетите Американски Држави и во Канада, особено на црковно-народните собири што се организираат на тие простори. Женската секција е десна рака на управата на црквата.       

Денес стариот објект на црквата е продаден а изградена е нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на Македонската православна црква во Соединетите Американски Држави. До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото беше осветено на 25 септември 1995 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година од поглаварот на МПЦ архиепископот гг.Срефан и митрополитот Кирил..

mitropolit-kiril
Митрополитот Кирил, надлежен за Американско-канадската епархија

Фармингтон Хилс е дел од метрополата Детроит и пријатно место за живеење. Таму, група Македонци претежно од Битола и Преспа ја формираа Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи Кратовски“, која е втора црква на територијата на Детроит. Таа е основана, пред сè, за да ги задоволи верските, духовните и културните потреби на голем број македонски иселеници во тој дел од Детроит. Црквата е основана на 19 декември 1993 година, кога и се одржа првoто организациски собрание. На тој ден беше донесено решение црквата да се именува по македонски светител, свети Ѓорѓи Кратовоски.

Првите активности започнаа со првата црковна служба која се одржа во една Либанска православна црква, во која Македонците привремено ги вршеја црковни активности во период од повеќе една годинап. Потребата да се воспостави и да се изгради своја сопствена македонска православна црква беше голема. Затоа, членовите на црквата одржува редовни контакти со архиепископот на МПЦ г.г. Михаил од кого побара нивната црква да биде благословена и да биде под јурисдикција на Македонската православна црква. За таа цел, тие имаа неколку корисни средби со бројни црковни и црковни и државни делегации од Република Македонија, при нивните посети на голем број места во САД и Канада..

Во втората половина на 1995 година,  купија куќа акоја е адаптирана во црква. На 27 Август 1996 архиепископ Михаил изврши мало осветување,  а на 8 септември 1997 година, е извршено осветувањето на црквата „Свето Ѓорѓи Кратовски“од архиепископот на Македонската православна црква г.г.Михаил.

Храмот „Свети Ѓорѓи Кратовски“ може да собере стотина верници, а подрумот е адаптиран во мала сала за да се задоволат црковните, забавните  и други потреби на Македонците од тој дел на Детроит. Идните планови на членовите на Управата и членовите на црквата планира се проширување на  зградата и изграддба на  сала, која ќе служи за голем број верски, духовни, културни и едукативни активности.

mpc-sv-gjorgi-kratovski
МПЦ „Св. Ѓорѓи Кратовски“

Монографијата за бизнисменот „Светле – Стив Стамевски“ од Детроит, а по потекло од Тетовско, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на  „Македонска искра“, Скопје, 2005, 1-222, (на македонски и англиски)

Исто така, во најбројната македонска колонија во САД – Детроит, во делот Дирборн, постои Бугарско-македонската православна црква „Св. Климент Охридски“. Таа била исградена во далечната 1935 година и припаѓа на МПО. Одреден број Македонци во Детроит, по потекло од Тетовско, црквувале, а и денес се едни од најбројните и најактивните во Српската православна катедрална црква „Св. Лазар – Раваница”, чиј нов храм е изграден во 1965 година. Во Детроит постои и таканаречената Вратничка црква „Св. Петка“, во која црквуваат голем број вратничани.

Овие три цркви се како резултат на состојбите во Македонија. За жал, тие се изградени претежно со средства и даренија на Македонци, кои избегале од „македонското стадо“ и им служат на туѓите пропаганди.

Од посебно значење за македонската заедница во Детроит беше, секако, Катедрата по македонски јазик што со успех работеше на Универзитетот „Ен Арбор“. Македонскиот јазик како признат, познат и рамноправен со другите светски јазици, започна да се изучува во Детроит од септември 1991 година. На првиот курс беа запишани десет студенти, од кои пет Американци од немакедонско потекло. Средства за одржување на Катедрата, покрај образовните установи, обезбедуваше и Македонската православна црква „Света Богородица“.

makedonski-folklor
Македонски фолклор

Инаку, за организираното дејствување во Детроит, а и пошироко во други градови во САД и Канада, треба се каже дека тоа го опфаќа мнозинството македонски иселеници. Притоа, важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, пртед се цркви, во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Притоа, верско-националните објекти иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува. Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници.

Македонските православни цркви се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во дијаспората како несоборлива стварност, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фацтор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top