Дијаспора

Приказна за Mакедонија

Gordana-Dimovska

Gordana-Dimovska
Превод на Гордана Димовска

Покрај многуте записи на странски мисионери, новинари, патописци кои престојувале на одреден период во Македонија е и американскиот новинар Херберт Кори. Тој во детали пишува за неговите искуства во воено време, за народот, за војната, за сојузничките сили, за градот Битола. Репортажата за неговата мисија во Македонија ја нарече On the Monastir road – На патот Битола. Ја објавил во The National Geographic Magazine, мај, 1917.

Приказната за Македонија денес е приказна за патот Битола. По овој пат минеле војските на славниот војсководец Александар Македонски и Ксеркс со своите легии. Тоа е патот кој во историјата е запишан како врска меѓу Јадранското и Егејското море.

Тоа е патот по кој со векови се движеле трошните дрвени влечни коли со магариња, босоноги мажи и жени, робови низ прашини и кал. Редица од Италијански, Француски, Руски, Турски, Албански сојузнички војски, со препознатливи униформи и носии.

Тука близу го здогледувам и градот Битола, окупиран пред неколку зими во битка која безмалку ќе се наречеше голема битка. Понатаму го здогледувам Солун, сојузничкото упориште, градот каде Сулејман Величенствениот ја изгради белата кула, градот кој беше 5 векови под турско ропство.

Под прав агол на тој пат, гледам милион луѓе, сојузнички воени сили.  Македонија ретко се спомнуваше во некои коминикеа. Британците не регрутираа толку луѓе во Јужна Африка за време на Бурската војна. Овде во еден ден изброив дваесет нивни униформи.

Започна мојата мисија во Македонија. За нас дописниците во Македонија беше поразлично од други место. Во многу други армии, допсиниците се згрижени, со платен хотелски престој, со брзи автомобили, ги носат во далечните ридови за оддалеку да ги пратат воените дејствија.

Тука беше важно да добиеме дозвола за посета на сојузничките војски, после тоа одевме да купиме облека, шатори, садови за готвење, ќебиња, кофи за вода. Војната можеше да почне па и нашата активност.

Се видов себеси како почесен гостин од една страна но и како ‘талкач’. Ми беше дадена задача да ја посетам српската армија. Србите би биле највеликодушните луѓе во светот, ако можеа да бидат, но имаа толку малку. Нивното оружје и артилерија беа многу стари, скоро исфрлени од употреба. Немаа доволно ни автомобили. Хирурзите беа позајмени, облеката исто така од француската војска. Сепак беа многу храбри и со многу ефикасни боречки вештини.

На моменти бев и “десна рака“ на нивниот командант па во моја чест, наздравуваа и со “За Америка“.

Српската армија го започна своето повлекување во 1915 година. Повеќе од 150.000 луѓе добија азил на островот Крф а многу изумреја во зимата по снежните ридови на Албанија и Црна гора. Немаше доволно храна, облека, лекови.

Прекинаа и песните на маршот освен во деновите кога Бугарите беа протерани од Битола. Немаше весел разговор ниту музика освен понекогаш ќе слушнев тажни звуци на виолина, рачно направена од војнците.

Една дивизија – Моравија упорно се бореше 95 часа без одмор. Имаа само еден ров, ништо друго.

Со преземањето на Kaјмакчалан, половина од некои организации беа убиени во првиот круг. Борците имаа петгодишно борбено искуство но и гилен дух. За себе не се надеваа повеќе ништо. Единствено очекуваа да умрат, да бидат убиени во акција, да загинат за својата земја.

На пат од Битола за Добравени, сретнав една жена. Таа беше непокорна и извика: “Ниту Бугарка, ниту Србинка, јас сум само Македонка и смачено ми е од војни“.

Возејќи по патот видов како Бугарите спијат зад грмушките. Низ вековите имало многу војни во Македонија. Како што се менувале окупаторите, така и управувањето со населението. Пред малку беа под Турците, па после откако грците ја зедоа, почнаа да ја оданочуваат

Се наметнаа и Бугарите и Србите а селаните беа збунети и често ги напуштаа своите огништа. По патот Битола, можев да видам колони на бегалци. За некои надворешниот свет беше сосема непознат, затоа што никогаш немаа излезено надвор од своите куќи.

Патот, Битола со векови е во употреба, а калта на него е сериозен противник на сојузничките сили. Кога го видов градот Битола за последен пат во јануари, скоро половина од низ широките бели улици на Битола. населението се криеше во визбите од страв да не се вратат Бугарите. Улиците беа празни. Само едно кафуле, изнајмено од французите, работеше. А гости бевме јас и италијански офицери. Во текот на ноќта немаше светло во градот. Никогаш не сум се почувствувал толку осамен по широките бели улици на Битола.

Оваа приказна е предолга да се раскаже овде. Македонија е како непресушен извор од кој секојдневно извираат нови факти, настани, приказни за нејзината фасцинантна историја.

prevod1

prevod2

prevod3

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top