Дијаспора

Заштита на скалите за кози на железничката станица

Tome-Veljanovski-1

Tome-Veljanovski-1
Томе Велјановски  – Марулецо Гетеборг, Шведска

Козите скокаа од минарето и се убиваа, а перачките плачеа, колнеа и  се крстеа 

По страдањето на Евреите во Втората Светска Војна, овој измачен народ го доби своето право. Ослободени се од вина и им е исплатена отштета за нивниот минат пекол. А за одземањето на македонските кози, стопаните не добија отштета.   

Имаше и отпор од селата Лопатица, Орле, Чаниште и Маково. Жители од овие села, со оружје ја нападнаа и ја запалија полициската станица во селото Маково. Властите го совладаа бунтот, а дел од бунтовниците избегаа преку границата за Грција. Дел беа фатени и осудени како непријатели и рушители на општеството. Скапуваа стопаните со години по занданите. Се зборуваше дека војската нарачала да се уништат козите кои ги соголиле шумите, а државата станала небезбедна за одбрана од непријателите на пустите планини. Затоа се подигнаа шумски појаси на секои 300 до илјада метри со седум реда садници и во Пелагонија.

Tome-Veljanovski-2

Пролетта 1951 година, со баба ми одевме да береме каменица за вапцување волнени алишта во местото Мечковец и Криви патишта кон селото Штавица. Во близина сретнавме овчар кој скокаше и трчаше од  камен до камен, од  шип до капина и леска и блееше како коза.  Имаше и чанта преку сакмата од козји кожи. Беше со овчарски стап преку рамо, а околу две кучиња. Оти бев мал, ја прашав баба ми зошто овој човек трча од камен до камен, блее како коза и вика по нивните имиња. Баба ми Трајана рече дека државата му ги зела козите и побудалел. Не знае што прави, туку трча и ги бара козите.

После таа глетка видов други побудалени козари и во нашето село. Ги прашуваа селаните дали ги виделе нивните стада кози. Козар по име Неделко од мариовско дојде во 1952 година во моето село Марул. Седна под багремот и прашуваше дали некој ги видел неговите кози. Човекот беше сиот издраскан по лицето и рацете од запнувањата по шипјето и капините, барајќи ја сермијата, козите. Алиштата му беа кавтан до кавтан од пикање по непроодни места. Неделко побара леб за него и за кучињата. Ристе Јанкоски му донесе два сомуна. Неделко првин ги нахрани пците, а останатиот леб го стави во овчарската чанта. Замина да ги бара козите во бонечкиот синор.

Македонија ја газеле и владееле разни надворешни сили. Никому од владетелите не му паднало на памет, козите да ги уништи како штетни за шумата. По кажувањето на постарите, во 1943 година бугарската влада ги попишала овците во окупираните делови од Македонија. Било потврдено дека имало 12 милиони овци, башка кози и различен друг крупен добиток. Само во мариовскиот дел имало 79 илјади овци, нешто помалку кози и 28 илјади друг крупен добиток. И нашите власти во 1952 година правеле попис на овците и изброиле четири милиони.

Да не се заборави дека властите за унапредување на сточарството на полуостровот Истра во Хрватска му подариле еден милион овци. Се оживуваа опустошените места со македонски сточен фонд и во Босна и Херцеговина. Власта одзела без пари само од Мијакот Стаменко од Лазарополе, 12000 овци, 900 коњи и 1200 самари. Неговите синови Борис, Веле, Јане и Спиро со фамилиите, властите ги дотерале да бидат градски жители без капитал, да живеат во Ѓорче Петров во Скопје. Додека дедовото огниште го оставале, дел од стаменковите овци од Митровден до Ѓурѓовден зимувале девет зими во марулскиот синор од 1927 до 1936 година. Од стаменковата кирија за пашарина, се направил тремот и се купила камбаната на црквата Рожденство на Св. Богородица во Марул.

За југоисточниот дел имаше товарни места за транспорт на козите. Едно беше Бакарно гумно и на железничката станица во Прилеп. Стопаните ќе го дотераа добитокот, а властите го преземаа. Возот со козите и овците заминуваше на Север во непознато место. Веројатно и општинските служби не знаеа каде “патуваат” козите. Само Скопје знаел. Тогаш се направени и скалите кај железничката станица во Прилеп. Служеле лесно да се товараат на вагоните конфискуваните кози и другиот добиток. Насила, од раце им биле земани козите на стопаните, кои им биле леб и живот на нивните семејства.

Товариштата сега се во распаѓање. Стојат и денес и се нем сведок на едно време. Сегашните власти треба да ги заштитат и да ги претворат во споменик на злосторството. Тие се историја за безумен чин на тогашните власти.       

Повеќето од козите кои не ги собирале во вагоните се затворале во скршената џамија кај зибијата, оставени со денови без храна и вода. Гладни и жедни, животните се качувале по скали нагоре на минарето каде растело трева. Се лажеле по тревата долу покрај реката и скокале по вода и храна, не знаејќи дека ќе се убијат.

На спротивната страна од зибијата бил сточниот пазар. Народот ја гледал мизерната и трагична смрт на козите.        Честопати, жените – перачки во реката разговорале за козите. Некои дури и плачеле, не само затоа што козите се убивале, туку затоа што им се одземале на стопаните, оставајќи ги без услови за живот. Ги ваделе шамиите од главите и се крстеле, колнејќи по властите. Се ширеле политички пропаганди дека козите ги зел Советскиот сојуз и затоа Тито се скарал со Сталин. Двајцата ги прекинаа дипломатските односи во 1948 година, а козите се уништуваа 50, 51, 53, итн.

Во март во 1950 година државата фрли данок, нарјат за месо. Се земале воловите и кравите да се дополнат три илјади килограми месо, кое државата го бараше од секоја куќа.

Во 1953 година Југославија склучи воен пакт со Грција и Турција против Варшавскиот договор. Со доаѓањето на Хрушчов во 1955 година во Југославија се нормализираа дипломатските односи. Југословенската  политика од сталинистичка, преку ноќ стана капиталистичка, труманистичка.

Пролета 1953 година, марулските ученици заедно со учителот Киро Миладинов имавме екскурзија со штавичките ученици во местото Мачковец. Над нас помина голем булуг кози со четворица козари и шест кучиња од Мариово кон станицата во Прилеп. Тогаш ја напишав  стихотворбата.

Македонска Козја Трагедија

Ој ти Лазо, пусти Лазо,
што ти текна, што стори,
што ги сотре сите кози,
нé остави гладни, голи, боси.

Деца плачат и прашват,
каде појде нашата коза,
што даваше многу млеко,
благо како боза.Многу козари,
место кози да пасат,
полудени трчаат од камен до леска,
мислат таму козите врескаат.

Раселени многу села, празни  куќи,
во нив живеат утки,
гробишта цели зарастени во треви,
никој не оди да ги види.

Нема гости во празни села,
идеолозите со нивните дела
што ги спроведуваа в села
ја уништија Македонија цела.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top