Дијаспора

УШТЕ ЕДНА НОВА КНИГА ОД ИСЕЛЕНИШТВОТО ВО 2015 ГОДИНА

ЈАНКО ТОМОВ – ТВОРЕЧКИ ОПУС И ПАТРОТСКИ КНИГИ НА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ ОД ИСЕЛЕНИШТВОТО

14 Април 2015 година од Бризбен Австралија, на 304 страници, А-5 формат, богата со фотографии.

Книгата преставува краток збир, на досегашни патриотски историјски авторски дела, за Македонија, од интелектуалното Македонско иселеништво, од Австралија, Канада, САД и Европа.

Книгата ја посветувам на Сите сегашни и идни генерации во Македонија и во демократски свет – I dedicate this book to our present and future generations from Macedonian background.

Целта на посветата на младите генерации е да ги користат и пренесуваат искуствата на своите претци – Македонски иселеници, кои после Втората светска војна, емигрирале во диjаспората, а кои се потомци на античките Македонци. На тој начин ке се продолжи со сочувувањето и промовирањето на македонскиот национален и суверен идентитет, во светот и во Македонија, со своите традиционални миролубиви-демократски принципи.

Книгата е пишувана со Македонска латиница, првенствено да се разбере од македонското иселеништво, кои не го учеле и кои не го користат Кириличното писмо, а ги зборуваат едните од 27-те Македонски диjалекти.

Во книгата има и статии и делови пишувани на Македонски литературен јазик. Исто така има текстови на Англиски јазик, кои се забележуваат од книгите со историски-антички содржини. На пример, ќе ја прочитате мојата одлука за бегство преку граници во 1958 година и конечно емигрирање во Австралија, со 4 члено семејство, како и мојата кратка биографија и други написи.

Во книгата ги презентирам сите досегашни публикувани книги, со оригинални кратки содржини и фотографии од насловните и задните страници. На крајот ги преставувам и поедини сочувани книги и скрипти-прирачници, од областа на квалитетниот спорт на Република Македонија, од периодот пред 1970-та година, кога работев на референтските места во Сојузот на спортовите на Македонија, за квалитетен спорт и школување на стручни кадри за актуелните спортови.

Посебно ви ги преставувам промоциите на моите книги во Австралија, Канада и САД, каде стотици заинтересирани патриоти учествуваа во истите и со свои прашања и интерес, посебно за историските дела, ги збогатуваа промоциите , а истовремено и своите домашни библиотеки. Преку патриотските Македонски радио програми, во тие градови, пред одржување на промоциите, беа запознавани илјадници Македонски емигратни-државјани на новите татковини,со позначајните детаљи за моите книги и преку интервјута, организирани со нивните уредници и водители.

Интересни се промоциите на моите книги, во главните градови и центри на Австралија, во Торонто, Канада, во Њу Јерси, САД, каде преку фотографии и содржини за промоциите , изнесени во оваа книга, мнозина патриоти- иинтелектуалци, ќе се препознаат, како преку директното учество во промоциите, така и преку разговорите и поставувњата на прашањата, околу книгите.

Во оваа книга има публикувано и поедини национални патриотски статии, како и средбите со лидерите од ВМРО-ДПМНЕ-, претседателот на оваа најпопуларна политичка партија, инаку актуелниот премиер на владата на Република Македонија, Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, спикерот-претседател на Собранието Трајко Вељановски, министерот за надворшни работи на РМ, Никола Поповски и други познати актуелни и поранешни лидери на републиката, при прослава на Денот на Републиката 8 Септември 2013 година во свечената сала на “Опера и Балет”, во Скопје.

Посебно се класифицирани ПАТРОТСКИ КНИГИ НА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ ОД ИСЕЛЕНИШТВОТО.

Овде се прикажани насловните страници на книгите од интелектуалното иселеништво, со кратки содржини и кратки биографии на нивните авторски дела .

Меѓу познатите автори-писатели од диаспората, се делата на Ристо Стефов од Торонто, Канада, како и патриотски дела на Виктор Бивел, од Сиднеј, Австралија, со негови избрани дела од Македонски автори од дијаспората, пишувани на Англиски јазик. Потоа на познатиот Македонски писател Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија. Исто така, истакната е првата патриотската книга на Гордана Димовска,од Мелбурн, Австралија, единствена авторка досега, од иселеништвото. Ова авторка е исто единствена со своите национални и историски- актуелни написи, во списанието “Македонска нација”. Исто така, во книгава се застапени и други Македонски автори кои настапуваат во просторот на Македонската дијаспора.

Посебно место, во книгата, го посветив на Монографиите, кои познатиот писател, публицист и мој современик,Славе Николовски Катин, ги објавил во последните години, за многу важни достигнувања во светот, за афирмација на македонската националност сувереност, од познати личности од македонското иселеништво, меѓу кои од Андреа Бранов, од Мелбурн, Андон Дончевски – Дончо, од Мелбурн, Георге Томов од Њујорк, САД и Ѓеоргија-Џорџ Атанасоски од САД.

КНИГА КОЈА НУДИ ПОВЕЌЕСЛОЈНИ ИНФОРМАЦИИ

Неуморниот и упорен борец во промовирањето на македонската кауза пред јавноста во иселеништвото и пошироко Јанко Томов повторно се пројавува со свое пишано дело под наслов, ЈАНКО ТОМОВ – ТВОРЕЧКИ ОПУС И ПАТРИОТСКИ КНИГИ НА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ ОД ИСЕЛЕНИШТВОТО. Оваа книга тематски е поделена на два дела. Во првиот дел авторот нуди преглед на своите досегашни печатени изданија, презентирајќи притоа интересни текстуално-визуелни информации за промоциите на своите книги во најзначајните центри на Австралија каде има Македонци. Од презентираното се гледа и низ какви перипетии понекогаш морал да помине авторот кој сам се борел за објавување на своите дела од кои, во крајна линија, корист има Македонската заедница во Австралија и пошироко.

Во вториот дел Јанко Томов останува доследен на својата истражувачко-собирачка активност која е основа на неговите претходни книги и која овојпат е насочена кон претставување на делата на дел од македонските автори од иселеништвото. Иако прегледот е нецелосен, истиот е значаен по тоа што можеби претставува прв обид да се направи преглед на едно место на книги објавени од автори од иселеништвото. Се надеваме дека овој прв оригинален импулс од Јанко Томов ќе го поттикне него или некои следни истражувачи во насока на правењето Каталог со сите досега познати книги објавени од Македонци во странство.

Книгата содржи и биографско-семејни сегменти кои фрлаат уште поголема светлина кон ликот на авторот Јанко Томов.

М-р Александар Донски

Набавка на книгата, само со money order, по пошта на име:

Јanko Tomov

P.O BOX 285

TAIGUM – LPO

TAIGUM QLD 4018

AUSTRALIA

Цената за еден примерок е АУД 25.00, во која е пресметната поштарината, само за Австралија. За повеќе примероци, за останатите континенти користете го е-маилот:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со money order, треба да го нагласите насловот на книгата, вашата точна поштенска адреса и дали сакате посвета.

Горното важи и за книгите: Мојот придонес за Македонија и Првиот светски конгрес за

Ваш Јанко Томов, 15 Април 2015, Бризбен, Австралија

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top