Дијаспора

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

nikola-gjurgjaj

nikola-gjurgjaj

Од 13-17 мај 2015 година се одржа 60-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Комотини, Република Грција. На Конгрес учестува 150 преставници од 20 земји и претставува повеќе од 30 малцинства во цела Европа. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај. Конгресот го организираа Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF), Асоцијација на Дипломираните Малцински Студенти од Западна Тракија (BTAYTD) и DEB партија членки на ФУЕН. Истиот беше поддржан со гранд од Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија. Согласно својата определба и активност Македонско друштво “Илинден“-Тирана се претстави со подготвен материјал во врска со македонското население во Албанија пред делегати на Генералното собрание на Конгресот. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека Генерланото собрание со унанимно гласање одлучи Македонското друштво “Илинден“-Тирана да стане рапновправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). На тој начин, Македонско друштво “Илинден“-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа што стана член на ФУЕН. Согласно своите задолженија, во рамките на конгресот, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставниците на Македонците во Грција. Имено, средбата се одржа со управителот на Движењето за култура и образование на Воден, Евгенија Натсоулидоу и со членот Петрос Казаис. Исто така, имаше средба и со отец Никодим Царкњас, кој претставува олицетворение на движењето на Македонците од Егејска Македонија. Одделни средби г-дин Ѓурѓај имаше и со Пеги Хеикинен, преставник на Шведската собрание во Република Финска и Халит Хабип Оглу, претседател Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF) и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top