Дијаспора

Одржана промоција на „Битисување“ и „Крикови“ од Славко Крстевски

bitisuvanje

Гордана Димовска

Во организација на Социјалните културни здруженија на Демир Хисар и С. Слепче од Мелбурн, денес 15 мај, 2015 година во просториите на Sheldon Receptions, се одржа промоција на две значајни дела од писателот Славко Крстевски од С. Слепче, Македонија. Книгата, роман-мемоар  “Битисување“ и стихозбирката “Крикови“ се уште два бисера во македонската книжевност, книги кои претставуваат трајно сведоштво за важни моменти, настани, емоции, страдања, воздигнувања.

bitisuvanje

Програмата започна после оддавањето едноминутно молчење за загинатите бранители во последните инциденти во Македонија. На овој културен настан присуствуваа Конзулот на Р. Македонија за Австралија, Бети Коруновска која исто така се обрати до присутните и ја потенцира значајноста од одржување на вакви настани како и честитки за овие вредни дела на писателот Крстевски. На заедничките денови со писателот се потсети и претседателот на Културно  Социјалното Друштво – Демир Хисар, г-нот Симe Цветановски.

Присутни гости од Македонската заедница беа: претседателката на Македонско Австралиската Организација на Заедницата- г-ѓа Лидија Нешковска, претседателката на Учителското Здружение за Викторија, Љубица Талевска, Др Сузана Котевска и Др Сузана Максони, наставниците при Викториското Училиште за јазици од Килор Даунс (  Дона Димовска- Кантаровска, Гордана Јанинска, претставници на Литературното Друштво „Браќа Миладиновци“ од Мелбурн ( Игор Павловски и Гордана Димовска), кои исто се претставници – Игор на двата печатени весници „ Австралиско Македонски Неделник“ и „ Денес“, а Гордана како уредник на веб порталот „ Македонски Времеплов“- (Мacedonian timeline) и „Македонска Нација“ .

За Весна Дамчевска и Славчо Трајкоски кои го презентираа животниот пат на авторот и ги промовираа книгите, ова беше морална обврска кон нивниот роднокраец кој го  овековечи  пожарот во С. Слепче во 1948 година и за излеаните од душа стихови во стихозбирката “Крикови“.

bitisuvanje-2

Во дел од презентацијата Весна истакна: “За името на Славко Крстевски и неговиот богат животен пат се врзува макотрпна работа, особено истакната, нагласена и општествено призната  во областа на културата, уметноста, просветата, публицистиката. За него покрај веќе искажаните, чуени и потврдни епитети, уште ќе се чуе дека е човек со исклучително документаристичка педантерија, човек со исклучителен Божји дар да памти, но и да оживува настани за коишто досега, освен што некаде и од некого сме чуле, никој не се охрабрил да ги опише и овековечи.”

За пријатната атмосфера се погрижија талентираните Џесика и Оливера Црнгаров со изведби на клавијатура. Читањето на извадоци од книгата “Битисување“ од страна на Дона Д. Катаровска ги понесе и посетителите за момент во Слепче, месец јули, далечната 1948, ден Св Леонтиј. Се отстапи простор и за дел од неговата емотивна поезија. Песната “Вознес”, која авторот ја посветува на неговата сопруга и нејзиното прерано заминување, ја рецитираа  Ана Цаковска и Мартин Масалковски. Песната “Ангелот” во која ги опишува најтажните моменти од својот живот кога ја губи и помладата ќерка при што му се урива цел свет, ја рецитираше Весна Дамчевска. Песната “Моето последно танго” Славко Крстевски ја посветува на постарата ќерка Лорета на чија свадба го изигрува и неговото последно танго. Ја рецитираше Ана Цаковска.

Во “Сјајот и бедата на стариот даб”авторот се споредува со даб самотник изгубен во просторот и времето. Рецитираше Гордана Димовска.

bitisuvanje-3

За фотографии од настанот се погрижи Ник Неделковски а техничката реализација и беспрекорна поддршка беше на Васко Степановски. Посебно видео обраќање имаше и самиот автор, Славко Крстевски кој ги поздрави присутните, им заблагодари на организаторите Славчо Трајкоски, Весна Дамчевска,на Лидија и Иван Нешковски за отстапување на просторот во Sheldon receptions и безрезервната поддршка. Им заблагодари на учесниците, промоторите, медиумите за поддршката и на крајот заврши со свои стихови на кои никој не остана рамнодушен. Говорот го заврши со стиховите:

“Не ме затворајте, в црна темна пештера , вечност бескрајна, в темница пуста црнеам: очите паралдисани, сонцето потемнето , немам сонце за гледање, сонце одамна не ме грее..Запејте песна македонска, прекријте ме со мека и лесна земја библискасо себе да си ја понесам, таткојната исконска.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top