Дијаспора

Антологија со поезија од членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“

prlicev

prlicev

По повод 40 годишнината од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ планира да се издаде Антологија со поезија од членовите на истото

Иако годишнината на Друштвото ќе се прославува во март 2018 година, Друштвото има во план да организира повеќе културни активности во кои спаѓа и издавањето на оваа антологија до крајот на 2017 година.

Услови:

  1.       Да се испратат најповеќе до 10 песни по свој избор;
  2.       Темата на песните е слободна;
  3.       Кратка биографија до 200 зборови;
  4.       Фотографија со големина 35 мм Х 45 мм (големина наменета за издавање на патна исправа);
  5.       Делата можат да бидат пишувани на македонки (со кириличен фонд) или на англиски јазик;
  6.       Во Антологијата ќе бидат застапени само членовите на Друштвото „Григор Прличев“;
  7.       Лица кои не се членови, а имаат желба да се зачленат да побараат прием во Друштвото преку
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
    . Ќе им се приложи формулар за членување. Само лица кои живеат во Австралија ќе можат да се зачленат во Душтвото;
  8.       Членовите кои не ја имаат обновено годишната членарина се молат истото да го направат пред приложувањето на своите дела, во спротивно нема да бидат застапени во Антологијата;
  9.       Текстовите како и фотографијата да бидат испратени само по електроска пошта на
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
     или
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  10.   Делата да се испратат најдоцна до 31 март 2016 година.

Напомена: Сите дела ќе бидат испратени за рецензија и коректура и изборот ќе биде направен од виден македонски литературен критичар.

За повеќе информации можете да се јавите кај Душан Ристевски на 0425231335 –
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 или Иван Трпоски на (02) 978 92063 –
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Литературното друштво „Григор Прличев“

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top