Дијаспора

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации

slave-katin-2

ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД ОД 2000 ДО ДЕНЕС

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации се, всушност, афирматори на македонската вистина и мост на зближување на нивната втора татковина – САД  и Република Македонија. Меѓу нив, треба да се споменат следните:

АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА. Оваа асоцијација е формирана во Детроит во 1990 година. Во неа членуваат одреден број бизнисмени од македонско потекло кои живеат во метрополата Детроит и други градови ширум САД.

МАКЕДОНСКИ ЛЕКТОРАТ. Македонскиот јазик се’ повеќе станува инте­ресен за бројни лингвисти во САД и Канада, како и за младите генерации од македонско потекло кои пројавуваат интерес за корените на своите претци. Така, во септември 1991 година, со голема по­д­­­­­­­др­ш­ка на про­фесори на Уни­верзитетот “Мичиген” во Ан Арбор, заедно со го­ле­мото за­лагање и заин­те­ре­сираноста на Македонците од МПЦ „Света Бо­го­ро­ди­ца“ во Детроит, беше отво­рен Македонскиот лекторат. На четири семестри беа запишани првите сту­денти кои ги завршиле студиите и тоа беа пр­ви­те македонисти.

Исто така, подолги години со успех работеше македонски лекторат во Портланд, Орегон, Сеатл, Вашингтон и во Темпи, Аризона. Така, во 1982 година бил отворен Лекторат по македонски јазик на Државниот универзитет во Портланд. На Универзитетот во Сеатл, започнал лекторатот во 1988 година. Потоа, во 1991 година за првпат македонски јазик се предавал на еден летен курс во Државниот универзитет во Темпи, Аризона (град збратимен со Скопје). Во 1995 година имало летен курс и на Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија.

МАКЕДОНСКИ СВЕТСКИ КОНГРЕС. Иницијатори на Македонскиот светски конгрес била група македонски доселеници од САД и Канада. Првата средба била одржана во март 1992 година во Њуварк, Њу Џерси. Потоа, на 20 мај 1992 година, како непрофитна асоцијацијата била регистрирана во државата Флорида. Првиот конгрес бил одржан на 3 и 4 јули 1993 година во Дирборн, Мичиген. Македонскиот светски конгрес има голем придонес, меѓу другото, за признавањето на Република Македонија.

ljubojno
Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ која е на македонски и англиски јазик е исцрпно издание за историскиот развој на Љубојно и Преспа и е дело на Славе Николовски-Катин, и Бошко  Рајчовски-Пелистерски, а е издание на  „Македонска искра“, Скопје и на  Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит,САД, 2013, 1-320, а
монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, 2008, 1-254 (на македонски и англиски јазик)

КЛ ДРУШТВО “ЉУБОЈНО”. Покрај друштвото “Преспа”, доселениците од Љу­бој­но се организирани и во свое селско друштво “Љубојно”, кое е основано во 1992 година. Во градот Детроит и околните места живеат околу 120 семејства од Љубојно, а, исто та­ка, ги има и во други американски градови, на пример, во Чикаго, околу 20 се­мејства, потоа во Охајо, во Калифорнија и во Канада. Се претпоставува де­ка на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љу­бојно. Посебна грижа друштвото води за селото Љубојно. Со негови сред­ства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти во селото.

Во 1993 го­дина е спроведена посебна хуманитарна акција за собирање средства за ку­пување на лекови за амбулантата во селото Љубојно. Истата година произлезе и иде­јата да се соберат пари и за изградба на патот од селото до манастирот „Свети Петар.и Павле“

Друштвото “Љубојно” еднаш годишно на празникот св. Атанас (летен), на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која се одржуваше во манастирот „Свети Атанас“. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а исто така и љубанчани од другите делови на Америка.

plostad-skopje
Центарот на Скопје

УБ “СКОПЈЕ”. Оваа асоцијација била формирана во ноември 1999 година од група новодојдени македонски доселеници од Скопје и Скопско и нивни пријатели. Тој е еден од помладите клубови во Детроит.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС. Оваа асоцијација, која се бори и ја брани македонската вистина во земјата и во светот, е регистрирана во метрополата Њујорк на 25 мај 2000 година и има своја канцеларија. Исто така, Светскиот македонски конгрес има свој огранок во Њу Џерси.

МЛАДО ДРУШТВО “ПОЛОГ”. Младинците од Детроит чии дедовски корени се протегаат во Македонија, во тетовскиот регион формирале свое друштво. Тоа било основано на 10 ноември 2001 година, кога и се организирала голема гру­па младинци, претежно ителектуалци. Младото друштво “Полог” било ор­га­низатор на бројни игранки и други собирања.

lesocki-manastir
Лешочкиот манмастир

КЛУБ “ЛЕШЕК”. Еден од најмладите македонски клубови во метрополата Детроит е “Лешек”.Тој бил формиран во текот на 2001 година, а бил регистриран пред американските власти во јануари 2002 година. Овој клуб е собиралиште на доселениците од селото Лешок, Тетовско и е организатор на селската слава посветена на св. Богородица.

 “АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА”. Оваа асоцијација била фор­мирана од група  познати и признати патриоти и бизнисмени. Тие ма­ке­дон­ски доселеници, чиј број е претежно од тетовскиот крај, ја регистрирале асо­­цијацијата во ноември 2001 година. Таа, меѓу другото, има за цел да ги збли­­жи САД и Република Македонија на политичко и економско поле. Во состав на асоцијацијата со успех работи “Македонски фонд за помош”. Таа била ор­га­низатор на мирните собирања, како и на многубројните средби, разговори, три­бини и посети на расселените Македонци од Тетовско, што се одржаа во октомври 2001 година во Република Македонија. “Американско-македонската асоцијација” извршила силен притисок кај македонските и кај американските власти во врска со етничкото чистење на Македонците и враќањето на нивните огништа во Тетовско.

“ПОМНИ”. Во почетокот на 2002 година, организацијата “ПОМНИ” (Преродба и обединување на македонските национални интереси) била регистрирана како хуманитарна асоцијација. Меѓутоа, таа беше дел на политичката партија “ПОМНИ” во Скопје. Оваа организација е активна во Њу Џерси, во Чикаго и Детроит.

„АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА“. Ова значајна, непрофитна корпорација е формирана во Стерлинг Хајтц (Детроит) во 2002 година и е регистрирана пред американските власти во Мичиген. Нејзината цел е главно да ги обедини Македонците во Детроит и пошироко и да помогне со свои донации на хуманитарен план на Република Македонија.

umd

„ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА (ОМД)“. Таа е меѓународна, невладина организација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. 

Примарната цел на на ОМД е да го обедини македонскиот народ и нивните интереси. Активностите на ОМД се фокусирани кон промоција на македонското историско, духовно и културно наследство, како и промоција на македонската традиција во рамката на различни едукативни и добротворни програми. 

Организацијата е основана во 2004 година и е со седиште во Вашингтон во Соединетите Американски Држави. ОМД има мноштво претставници во: Австралија, Австрија, Канада, Франција, Германија, Грција, Русија, Обединетото Кралство и неколку претсавништва во САД. 

Меѓу другите цели на организацијата се следните: Заштита на правата на Македонците ширум светот; зајакнување на единството на македонската дијаспора; делување во полза на македонските заедници пред владини и меѓународни тела; соработување со меѓународната заедница за заштита на универзалните принципи на мир, слобода, самоопределување и правда; зачувување и промоција на македонската култура.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поддржува Република Македонија во спорот со името; се залага за македонските прашања преку образовни и добротворни напори како и социјални и културни настани; се бори за одбрана на македонскиот етнички и национален идентитет на меѓународно ниво; дава поддршка за човековите права на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, и Србија.

makedoncite-vo-sad-i-kanada
Публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, е во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380. Во неа е даден животот и активностите на Македонците во САД и Канада за период од 100 години

Исто така, се залага за подобрување на билатералните односи помеѓу Македонија и Австралија, Канада, Кина, земјите-членки на Европската унија, Русија, Соединетите Американски Држави, и други, како и помага на македонските напори за членство во меѓународни тела како што се Европската Унија и НАТО.

Денес, Обединетата македонска дијаспора ОМД е најголема и водечка организација на американските Македонци во Вашингтон. ОМД ја едуцира јавноста за клучните прашања на македонската заедница во САД, американско-македонските односи и односите на САД со Југоисточна Европа. Имајќи канцеларија само на неколку блокови од Белата куќа, Конгресот, Стејт Департментот, дипоматските претставништва и тинк-тенковите, ОМД успева ефективно да ги претстави прашањата што се однесуваат на македонската заедница и етничка Македонија.

„ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНСКИ АМЕРИКАНЦИ ОД ДЕТРОИТ“ (ОМАД). Оваа организација е формирана во март 2010 година. Во почетокот, целта на групата иселеници од сите делови на Македонија била да се обединат македонските цркви во областа на Детроит за снимањето на документарниот филм „Име си е име“. Денес, пак, со својата многузначна мисија и оригиналните, патриотски и благородни иницијативи, работејќи во интерес на македонскиот народ, оваа организација стекнува респектирано име и углед во државата Мичиген и пошироко во Соединетите Американски Држави.

Оваа организација е непрофитна асоцијација. Таа креира, приредува и поддржува програми и активности од хуманитарен, образовен, социјален, културен и друг план, во интерес на обединувачкиот дух и прогрес на македонската заедница, со што се позиционира како значаен фактор на тие американски простори.

uma

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top