Дијаспора

Печалбарска љубов кон црквите и манастирите во Љубојно

slave-katin-2

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Во Македонија христијанството почнало да се проповеда уште во времето на светите апостоли. За ширење на христијанството светиот апостол Павле извршил повеќе благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал Христовото Слово. Потоа, христијанството нагло почнало да зема замав кога римскиот цар Константин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и така им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо,  Хераклеја и на други места ширум Македонија.

Тоа зборува дека и во Преспа христијанството датира од тие далечни времиња. Затоа на Преспа и на нејзината историја посебен белег и дава нејзиното богатство во културно-историски споменици уште во времето кога таа била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самуил. Тоа се потврдува со изградбата на црквите и манастирите градени во времето на светите Климент и Наум Охридски во IX и X век и во времето на Самуиловото Царство во X и XI век.

Населението од Преспа, а особено љубанци се верници и страсни приврзаници на христијанската – православна вера. Затоа, уште од дамнина започнале да градат цркви и манастири, кои служеле и служат како најмасовни собиралишта на национално и верско обединување. Таквата љубов кон верата, кон нацијата, кон сопствената црква и кон Македонија, љубанци заедно со другите Македонци од етничка Македонија ја продолжиле и на новите простори низ светот. Така, со доселувањето во новите средини Македонците станале едни од најактивните луѓе и почнале да градат цркви низ целиот свет, односно онаму каде што се доселиле, особено во Канада и САД

Интересно е да се спомене дека во селата во Долна Преспа има од еден до единаесет црковни објекти. Така, денес има девет познати и зачувани цркви и манастири во Љубојно и три параклиси. Пет цркви се во селото, а другите го заградуваат селото и по верувањето на постарите мештани овие духовни светилишта се чувари на селото, имотот и населението. Љубојно ги има  следните цркви и манастири:    

crkva-sv-jovan-ljubojno
Црквата „Свети Јован“

1. Црквата „Свети Јован“ е најголема и е централната црква на Љубојно. Таа се наоѓа на сретсело, кај централните гробишта, веднаш под Полената, центарот на Љубојно.  Изградена е во 1861 година.  По опожарувањето кое се случило во 1903 година повторно е обновена во 1921 година. Црквата е градена како трикорабна базилика со купола. Централниот кораб е засводен со полуциндричен свод, а бочните кораби се покриени со рамни тавани. Во внатрешноста на западната страна, има галерија, а на исток завршува со апсида полигонално решена од надворешната страна.

На западната страна од црквата е изграден трем кој служи за секакви црковни и други потреби. Овој трем е изграден со донација на бројни љубанци во странство, како и со помош на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Исто така, голем број љубанци во селото и во дијаспората дале свои средства за одржување на црквата со камбанаријата и гробиштата.

2. Црквата „Света Пречиста“, една од појстарите црковени објекти во Љубојно, која е изградена во 1852 година, веројатно на местото на стара црква. Посветена е на света Богородица.  Се наоѓа на горниот (југоисточниот) дел на селото, во Семеновска Маала. Таа е помала еднокорабна црква покриена со дрвена покривна конструкција. Во внатрешноста на црквата е сочуван живопис само во апсидата. До обновувањето покривот на црквата беше со камени плочи. Црквата е обновена во 1966 година.

3. Илинденската црква „Свети Илија“, како што милуваат да ја наречат љубанци, се наоѓа на источната страна на селото, до патот што води кон селото Брајчино, во Илиовска Маала. Годината на градењето на црквата не е позната, но има претпоставки дека е градена во XIX век, а подоцна била обновена. Во основата е еднокорабна. Оваа црква е собиралиште на сите мештани, иселеници, гости  и дојденци на празникот Илинден, кога  се одржува и свечена  богослужба и од каде, всушност, почнуваат исленичките средби.   

manastir-sv-petar-i-pavle-ljubojno
Манастирот „Свети Петар и Павле“

4.  Црквата „Свети Никола“ се наоѓа во селото, во Пашариковска Маала, лоцирана на југоисточниот дел, на околу 200 метри под  црквата Света Пречиста“. Изградена е во XV век што е одбележано на камен на влезот кон олтарчето лево. Обновена е во 1971 година. Таа е маалска црква, но за празникот свети Никола е посетена од жителите на селото.

5.  Манастирската црква „Свети Атанас“ е заштитник на селото и е една од позначајните цркви на љубанци. Таа се наоѓа во Коријата, на ридот од јужната страна на селото на околу 700 метри, над полициската станица. Црквата е една од постарите, и е градена во XIV век. Ѕидовите се од камен, а покривот пред обновувањето беше со камени плочи. Оваа манастирска црква е опкружена со дабови стебла и претставува место за одмор и рекреација и еден вид видиковец. Од неа како на дланка се гледаат селата: Љубојно, Брајчино, Наколец, потоа Преспанското Езеро и Мала Преспа. Таа е собиралиште за љубанци на свети Атанас  на 31 јануари.

6. Манастирот „Свети Петар и Павле“ е еден од поубавите во Преспа. Тој се наоѓа на околу 800 метри над црквата „Свети Атанас“, сместена на една убава рамнина на висината која од сите страни е заградена со шума и стрмни падини. Од источната страна е вградена во голема карпа, која е искористена наместо ѕид.    

За оваа прекрасна манастирска црква се знае дека е градена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски од Љубојно. Постои интересно кажување од  внукот на  Никола за изградбата на црквата. Имено, Никола во 1922 година бил во Америка. Таму една ноќ сонил сон во кој му дошол еден стар човек со долга брада и му порачал да изгради црква на местото каде што сега е изградена постојната црква и да и’ го даде името Свети Петар.

crkva-sv-bogorodica-ljubojno
Црквата „Света Богородица“

Тој на тоа не обрнал внимание. По извесно време повторно го сонил истиот сон, но тогаш старецот го заплашил и му рекол: „Ако не го сториш тоа, ќе видиш што ќе те снајде“. Тогаш Никола му го кажал сонот на брат му Јоше, па двајцата се вратиле од Америка во родниот крај, во Љубојно и со помош на целото село, во 1923 година Никола ја изградил манастирската црква. Ѕидовите на црквата се градени од делкан камен и во основата е еднокорабна. На дваесетина метри од црквата, на северната страна изградена е и висока камбанарија, која е интересна по својата конструкција и местоположба. Исто така, јужно од манастирската црква има извор од кој посетителите, според верувањата земаат света вода.

Манастирската црква „Свети Петар и Павле“ има извонредно убав изглед од Полената (центарот на селото), а се гледа уште од два километра на влезот на Љубојно. Првиот објект од Љубојно што ќе го види посетителот од далечините е манастирската црква „Свети Петар и Павле“.

7.  Црквата „Света Марена“ се наоѓа на западната страна на селото, на излезот кон Долно Дупени и Наколец. Во минатото таа била на крајот од селото, а сега е во средината на селото, бидејќи под црквата се изградени поголем број нови современи куќи. Годината на градењето не е одбележана, а постарите жители во Љубојно паметат дека таа како параклис е изградена во почетокот на XX век од мештанинот Илија Мелески.

sv-atanas-ljubojno
Параклисот „Свети Атанас“

8.  Црквата „Свети Димитрија“ се наоѓа на северозападната страна на селото, на самиот влез во Љубојно, од десната страна на асфалтниот патот за Ресен. Годината на градбата не е никогаш запишана, а се смета дека по остатоците на гробиштата кои уште се распознаваат во околината на црквата, таа била изградена заедно со црквите „Свети Никола“ и „Свети Атанас“ во XIV или XV век и е една од најстарите цркви во Љубојно. Во нејзината близина била населбата Куќиштата.

9.  Црквата „Света Богородица“ габаритно е малечка и се наоѓа на западната страна на селото, во ливадите на местото викано „Богородица“. Таа е оддалечена околу еден и половина километар од Љубојно и се наоѓа во близина на патот Ресен-Маркова Нога, на брегот на Стара (Брајчинска) Река. Градена е во поново време, односно во XX век. На празникот света Богородица е посетувана од жители на Љубојно и Наколец.

bibliski-recnik
Публикацијата
„40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим“, од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и  епископ Климент, е издание на  „Македонска искра“, Скопје, 2008, 1-228, а „Библискиот речник“ чиј автори се проф.. д-р Петко Златески и Славе Николовски–Катин, е издание на „Библиското здружение на Македонија“ и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215.

10. Во Љубојно постојат три параклиси, и тоа: „Света Тројца“, која се наоѓа на патот од Ресен кон Љубојно, кај месноста викана „Ореите на Димовци“. Параклисот го изградил познатиот и признат пејач на забавни и народни песниЛамбе Алабаковски, за здравје на неговата фамилија Алабаковци; параклисот „Света Софија“ е изграден на местото викано „Синец“, каде се наоѓа легендарната чешма, чија вода е спроведена до центарот на Љубојно на Полена. Овој параклис е дар од брачните двојки, полицаецот Томе Капетановски, од Малоишта и неговата сопруга Васка Гакевска од Наколец, како и на Лиле Видиновска од Љубојно и Диме Радевски од Демир Хисар; и параклисот „Свети Атанас“ се наоѓа од десната страна на патот од Љубојно кон Брајчино, над Штабот, спроти црквата „Свети Илија“ и е донаторство на  Лиле Карапашовска со сопругот Блаже Димитровски.

Сите овие македонски православни цркви се значаен дел од активностите на  Македонците во дијаспората кои потекнуваат од овој преспански крај. Затоа, со право може да се констатира дека црквите во Љубојно, заедно со околу три илјади во Македонија и уште стотина македонски храмови во дијаспората се доказ за постоењето и признавањето на Македонската православна црква во лицето на Охридската епископија. Тие се доказ за постоењето на македонскиот народ и Македонија   

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top