Дијаспора

ОМД назначи нови претставници за Чикаго и Лос Анџелес

ОМД назначи нови претставници за Чикаго и Лос Анџелес

Управниот одбор на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги назначи Алекс Василески, претставник на ОМД во Чикаго и Марија Малиновска, претставник на ОМД за Лос Анџелес.

Алекс Василески е прва генерација Македонец-Американец со корени од Охрид, Македонија. Василески е претседател и основоположник на компанијата во Чикаго “A Mind and Body Total Fitness, Inc.,” која се фокусира на индивидуално дизајнирана здравствена програма, имплементација на здравствени програми за компании, мотивациски програми, програми за јавно говорење и пост-рехабилитација.
Василески го има победено ракот два пати и неговиот “Никогаш не се откажувај” став го насочил да промовира здрав и исполнет живот на населението во Чикаго и околината. Моментално Василески е член на помошниот одбор на Педијатарската Фондација за рак Bear Necessities, ментор е на групата за поддршка Imerman Angels One-On-One, ментор-оратор за Организацијата за Леукемија и Лимфом (Leukemia and Lymphoma Society), како и тренер за Најк Елит. Разновидното искуство на Василески во корпоративниот свет на Америка му помогнало да воспостави деловни врски кои се од големо значење за дома и за странство. Неговата мисија е да им помогне на другите да имаат среќен и здрав живот.
Василески има добиено голем број на признанија за неговата работа во здравствената индустрија како на пример бил еден од првите 100 преставници на списанието Men’s Health за наградата “Најзгоден дечко 2015”, член е на Управниот одбор на CoCo5 за 2015, амбасадор и спортист за Core Power Nutrition за 2014, најзгоден тренер во Америка според списанието Shape за 2014, влијателен претставник за Чикаго за својата хуманитарна работа за 2013, а истотака добил признание од Lululemon за неговата истражувачка работа.
Марија Малиновска е родена во Битола, Македонија, кадешто завршила средно образование во економското средно училиште Јане Сандански. Малиновска студирала на Економскиот факултет во Прилеп пред да се пресели во Америка во 2006. Таа пет години работела како Маркетинг координатор за Maria’s Italian Kitchen. Потоа го продолжила своето образование на колеџот во Лос Анџелес каде шест години работела како асистент по математика. Потоа добила стипендија за да студира на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA), кадешто студирала на катедрите за Глобализација и Германистика.
Моментално, Малиновска работи за адвокатската компанија Jaurique Law Group и истотака е запишана на престижната адвокатска програма на адвокатската академија Southwestern Law School во Лос Анџелес. Нејзината долгорочна цел е да изработи бизнис план за зајакнување на статусот на жените во земјите во развој преку микрофинансирање. Од 2000 година Марија е член на МЕНСА, а истотака е и победник на натпреварот за бизнис план на ниво на земјите во Јужно-Источна Европа. Покрај македонски, Марија говори англиски, германски, шпански и влашки и сака да чита и да патува.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top