Дијаспора

Иселеници го напуштаат Зоран Заев и СДСМ

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Покрај сите немили настани, организирани од социјалдемократите – СДСМ, врз владата на Република Македонија, со цел да даде оставка, а тие да завладеат и тоа со шовинистичко-издајничко завладување, односно за довршувањето отпочнато  од 1994 година, кога се откажаа од античкиот Македонски симбол и тогашното актуелно Шеснаестозрачно сонце – Македонско знаме, како и дозволување користење на навредливата натурена референца  ПЈРМ и присвојување на тотално шовинистичката и навредлива – непромислена  наводна  Задкарпатна националност,нема и нема да има  промени во актуелната влада на републиката. 

Поедини бивши патриоти во Австралија не го одбраа времето за да ја критикуваат коалиционата влада на Републкика Македонија, а посебно раководството  и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за наводен економски криминал, подлегнувајќи на лагите на “Бомбите” на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Со тоа застанаа на настрана на  опозиционата СДСМ, која со подршка од странски западни поедини политичари и организации, кои се со цел за издајничко снемување на македонските човекови и национални права, потоа  јазични, културни, верски, традиционални и права за слободи и демократски поредок, со еден збор укинување на уставот на Македонија, кој е темел на новиот Македонски демократски поредок.

Застанувањето или поддржувањето на погрешната страна на бившите комунисти – денешната опозициона СДСМ, специјално во тешките времиња кои ги доживува актуелната влада на републиката, во дипломатска борба за спас на уставните  и демократски Македонски права. При тоа имајќи на ум 5-те позитивни препораки за прием во членство во Европската Унија (ЕУ) и НАТО, а најповеќе за признавање на уставното име на Македонија од официјалната меѓународна заедница. Овие бивши патриоти кои ги нареков Забегани, изгледа ја имаат осетено злобната намера на СДСМ, која почна да се растура со поминување на членството и поедини видни членови на високото раководство,на пример во редовите на поорганизираната и подемократска партија ГРОМ, раководена од Стевче Јакимовски, скоро ги прекинаа нападите према ВМРО-ДПМНЕ, специјално чувствувајќи ја  извесната правна подршка од поедини институции на ЕУ и меѓународната заедница.

Во врска со горното, имам забележано поедини дијалози на Фејсбук со поедини мои бивши пријатели, демонстрирајќи ја мојата приврзеност кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Никола Груевски, иако и јас, како и други стрпливи патриоти имаме извесни забелешки, не према премиерот Никола Груевски, туку према поедини негови соработници, кои , според мене, недоволно го информираат и ненавремено контактираат  и соработуваат со дијаспората, која даде  многу и сеуште даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за  Суверена Република Македонија.

“Јанко Томов, Роберт Спасеноски, ме изненадува тоа што одвреме навреме го читам во Фејсбук, а тоа  се коментарите, меѓу поранешните патриоти, а сега забегани, каде без аргументи го напаѓаат водството на ВМРО-ДПМНЕ. Без аргументи, значи сега со бомбите на Заев, ви се отворија очите и добивте “аргументи”, кои ве водат во утопија, бидејќи од нив се заслепивте бидејќи се било монтирано и лажно”.

“Роберт Спасеноски Јанко Томов…”бевме добри патриоти”??? а сега пошто сакаме да ја спасиме ВМРО ДПМНЕ од подлабоко тонење во абисот, и посто не се слагаме со крадењето на владата на Македонија, со местењето на избори, со фактот што се бориме да го смениме врвот на Партијата кој што ја валка целосно партијата ..затоа ли, спрема тебе, јас и моите сегашни пријатели’, кој што ти не ги познаваш, а ги етикетираш, сме забегале?? Ајде вака, ќе видиме кој забегал….времето ќе покажи….јас пошто ги отворив очите, успеав да прогледам, и да видам што се се случува во мојата партија…се надевам дека и ти ќе прогледаш и сите како тебе…патриоти но слепи поддржувачи..Јанко, време е да се размислува со глава а не со срце. Значи по твое, ако не размислуваме и не подрзуваме исто како и ти, тогаш не сме патриоти??? назад во едноумието на комунизмот, само под друго име????.поздрав”.

“Роберт Спасеновски, Ицо Најдовски и компанија “забегани” време е да ја согледате вашата анти -владина анти-ВМРО-вска  пропаганда и да се извинете за вашите заблуди. Вие свесно или несвесно бевте на страна на Стојанчо Ангелов, групата кои правеа прес-конференции во Македонија и соседите за сменување на актуелната власт на Р.М. со преодна влада. Тоа се доведе и до настаните во Куманово каде страдаа најголемите патриоти на Македонија, за кои вие немате никакво право да пишувате или да ги спомнувате. Исто така, како што немавте право да го спомнувате идеологот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, кога го напаѓавте Мане Јаковлески”.

 “Роберт Спасеноски  Ееееее, Јанко Јанко… ти сигурно  живееш на некоја друга планета, сепак не си ти крив, болеста е таа што те измачува…се надевам дека ќе се излечиш..има и за тебе лек, а тоа е ‘вистината’, која што ќе следи…а јас и ‘компанија’ не сме подржувачи на Заев, туку обратно, ние сме загрижени ВМРОВци кој што сакаат да ја спасат партијата од абисот..а ти, ти слободно ја пушташ низ вода..не очекувам коментар од тебе пошто знам дека истото ќе го зборуваш, за кое си награден, црното ке го велиш бело и обратно, само за пуста слава, и цена”.

Еве еден мал коментар сега од мене, на сите тие кои размислуваат како мојот пријател –соговорник на Фејсбук:

Првенствено јас би требало да знам, специјално за патриотите од Австралија, кои беа, а кои никаде ги нема при оснивањето на ДПМНЕ, односно на  ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека бев еден од членовите на Координациониот Одбор за дијаспората на ДПМНЕ и организатор на Задграничните комитети, во соработка и со претседателот Драган Богдановски и потпретседателот Панко Стамкоски. Потоа моите 10 (ДЕСЕТ) патриотски, историски и книги за Македонски човекови права и слободи, ако моите бивши пријатели и познаници барем ги имаат прочитано и се интересирале  за нивните содржини, ќе имаат малку поголемо почитување кон моите патриотски дела, кои би им послужиле да се воздржуваат од напади и провокации према раководството на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната коалициона влада на Република Македонија, во време кога тоа е погибно за самостојната суверена Македонија. Со еден збор можам да речам, дека ги давам сите мои 4 децениски патриотски активности во дијаспората, моите 10 (ДЕСЕТ) публикувани  книги, моите стотици национални и политички-демократски  статии и безбројни непреспани ноќи,  саати поминати со расправии и докажувања на патриотски состаноци, во Македонското движење во дијаспората и сл., само и само да се признае уставното име на Македонија и да Република Македонија оди кон прогрес, равноправно со  сите нации и демократски држави во Европа и во светот. ЈАС НЕМАМ НИКАКВИ ЈАВНИ ПРИЗНАНИЈА ОД НИТУ ЕДНА ДЕНЕШНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, А НИТУ ИМАМ МАТЕРИЈАЛНИ ИЛИ ФИНАНСОВИ ПОДРШКИ ЗА МОИТЕ АВТОРСКИ ДЕЛА. Сепак за Македонското единство, барем во диjаспората, можам да ги разберам тие кои дале да македонската националност , култура и православна вера и да не им замерам за нивните заблуди, со надеж дека наскоро самите ќе ја сознаат потребната вистина за македонското единство и за просперитетот на Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top