Дијаспора

Повелба од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

Povelba-za-Makedonskiot-Teatar-od-Sidnej-1

Povelba-za-Makedonskiot-Teatar-od-Sidnej-1

Минатиот вторник, 21 јули, во клубот на пратениците во Скопје, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, свечено додели Повелба на Република Македонија на организации од дијаспората. Пет организации ја добија повелбата, вклучувајќи ги и Социјалното друштво „Св Наум Охридски“ од Мелбурн и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Од името на Австралиско македонскиот театар Повелбата ја подигна Васко Србиновски, познат глумец и режисер кој работи во овој театар повеќе години.

Пред доделувањето на Повелбите претседателот Иванов им се обрати на присутните и меѓу другото рече: „Сите вие сте живата врска на Македонија со светот. Вие сте наши амбасадори на полето на културата, уметноста, образованието, добротворството и спортот. Секој ваш успех е и успех за Македонија. Колку поуспешни поединци, толку поуспешна Македонија. Затоа како претседател на Република Македонија во името на македонските граѓани, но и во мое, лично, име сакам да ви се заблагодарам за се што правите за Македонија. А Македонија памети, препознава и вреднува. Затоа, со Повелбата на Република Македонија ви се заблагодаруваме и, воедно, ве покануваме и вас и целата дијаспора да соработуваме и да се сплотуваме. Да бидеме пример за оваа и за идните генерации“. Претседателот Иванов исто така порача: „Не смее да се заборави дека Република Македонија не е само држава на македонските граѓани што живеат во неа, туку и татковина на нејзината дијаспора што живее надвор од неа“.

Povelba-za-Makedonskiot-Teatar-od-Sidnej-2

Повелбата е највисоко признание што претседателот го доделува на организации од дијаспората, а секако Македонскиот театар го заслужува ова признание. Истиот за последните седум години преку своите театарски продукции на достоен начин ја презентираше македонската култура во Австралија и забележа видни резултати во театарската уметност.

Исто така Васко Србиновски на 23 јули поднесе реферат за работата на театарот на Иселеничката културна средба што се одржа во Министерството за надворешни работи, а во организација на Агенцијата за иселеништво.

Честитки до македонските асоцијации кои ја добија повелбата, посебно честитки до членовите на македонскиот Театар кои вложија огромен труд во промовирање на македонската култура во Австралија.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top