Дијаспора

Прво македонско музичко ЦД во историјата на Смитсонијан

smithsonynight

smithsonynightОбединетата македонска дијаспора (ОМД) е горда што после долгогодишен труд на познатиот танцов и музички етнолог Мартин Коениг, Смитсонијан Институцијата ќе го издаде првиот и долгоочекуван историски албум на македонска музика. Целиот проект чини околу 90,000 долари, од кои 30,000 долари беа собрани и донирани од страна на Обединетата македонска дијаспора преку својата програма за промоција на богата македонска култура, која е најдобриот амбасадор на Македонија.

Подолу можете да го најдете официјалното соопштение од Смитсонијан. Кликнете тука за англиска верзија.

“Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија” – аудиозапис на ретки фолклорни традиции (Датум на издавање: 28-ми август, 2015)

На 28-ми август, продуцентската куќа Смитсонијан Фолквејс ќе го издаде албумот “Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија”. Овој албум е составен од записите на познатиот танцов и музички етнолог, Мартин Коениг, чиј записи на оригинални македонски народни песни датираат од 1968 и 1973 год. Ова е многу важен период од фолклорната историја на Македонија, бидејќи го означува времето непосредно пред да почне популаризацијата на модернизирани или новокомпонирани фолклорни песни. Од таа причина, овие песни претставуваат временска капсула за звукот на Југоисточна Европа. Седумнаесетте аудио снимки се единствените снимки за кои се знае дека припаѓаат на овие умешни фолклорни изведувачи, и заедно со деталниот патопис кој е вклучен во “Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија”, тие документираат историско значајни градски и рурални традиции кои константно се занемарени од државните радио и фолклорни продукции.

Албумот “Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија” илустрира три стилови на македонска традиционална музика: Христијанско, женско, селско пеење; Ромски, зурли и тапан ансамбли; и Османлиски градски музички ансамбли наречни чалгија. Овие различни стилови на музика се доказ за ентничките, религиозните и јазичните различности, т.е. огромниот диверзитет, во Македонија. Чалгија, споредено со другите два стила, е најретко застапениот стил, и е инструментален градски стил во кој се користи македонскиот мекам, што брои само три живи изведувачи (Коениг). Сите, освен еден од музичарите кои се снимени од страна на Коениг се веќе починати. Преку белешките кои доаѓаат со самиот албум, Мартин Коениг и Соња Тамар Симан обезбедуваат историска позадина и уникатен преглед на македонската музика од средината на 20-тиот век, и нудат  историски и културен контекст за секоја песна, како и превод на сите текстови на англиски јазик.

Продуцер на овој албум е Мартин Коениг, а за истражувањето има помогнато Маргарет Мид, Институтот за Интеркултурни Студии, и Фондацијата за Антрополошки Истражувања, Венер-Грен. За производството, придонес имаат Меѓународната Фондација за Уметност и Фолклор, 4Култура, и Обединетата Македонска Дијаспора преку нејзината работа со македонската заедница на глобално ниво, особено во Америка и Канада, како и други љубители на македонската музика и танц.

Датум на издавање на албумот “Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија”

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top