Дијаспора

Љубовта за родна Македонија ми створи навика и инспирација за пишување книги

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија 25 Јули 2015

Инспирација за пишување на книгите ги добив од носталгичен карактер, кога размислував за родна Македонија, одмарајќи се од рекреативното одење, по стрмните патеки на националниот крајбрежен Парк на Нуса, во туристичко гратче на Квинсланд, оддалечено околу 150 км., Северно од Бризбен, на Јужниот брег на Атланскиот океан. Специјалната мисла насочена за Македонија, од најисточната точка на овој национален парк, каде се наоѓа стрмната провалија до водите на Атлантикот, наречена Пеколна Порта.

Со преселувањето во гратчето Нуса, во населбата Санраз Бич, во 1996 година, од Перт З.Австралија, изгубив контакт со моите пријатели и сонародници од Перт, а не најдов соодветни Македонци кои живееја во мојата близина на Нуса. Помалата Македонска зедница, која броеше неколку (цетиристотини) Македонски семејства, кои живееја распрскано, по населбите на Бризбен, со големи растојанија, не ги задоволуваа нашите потреби за контакти и соработки,  од патриотски карактер. Според тоа мојата преокупација се состоеше  да и понатаму сум во тек со настаните со Република Македонија, повеќе со информации од Македонски неделни весници и радиопрограми, отколку со постојани лични средби и соработки со поединци или групи, со кои можев да најдам заеднички национален и политички јазик.

Познатата Нуса, со својата крајбрежна улица “Хејстинг стрит” , посебно со заливската плажа, скоро без големи бранови преку годишните сезони, долга повеке од 1 км., ги привлекуваше посебно жителите на Јужна Австралија, Викторија и делови од Нов Јужен Велс, каде  беше ладна климата во зимските периоди. Наспроти тоа, во тој дел на Квинсланд, деновите скоро секогаш беа добри за капење и рекреативно користење на бескрајните пространства, околу крајбрежието на Квинсланд, наречено Саншај Кост. Секако сретнував и Македонци –иселеници, жители на Австралија, препознавајки ги  по изгледот, а и по меѓусебните зборувања, со кои и ние понекогаш, со поедини семејства остварувавме контакти и  си прозборувавме на Македонски.

Носталгијата која траеше од 1975 година, кога се населивме во Перт, од повторното емигрирање од Македонија, а сега во Нуса, 1996 година, кога со супругата се доселивме овде, почнав да ја лечам со пишување на книги. Книгите почнав да ги концептирам, при што се служев од забелешки, мемоарни написи и документи од мојата богата активност во Македонското движење во дијаспората-Австралија. Големиот број на забелешки од состаноците на Координативниот одбор на Македонските организации на Перт и Западна Австралија, забелешките и записниците од активноста на ТНМРО на З.А., активноста во Подкомитетот на МЧП и АМКЧП, специјално од членството во Координативното тело на ВМРО-ДПМНЕ за дијаспората и соработката со поголемиот дел на Македонски организации и поединци, национално и со политички-демократски истомисленици, беа подлога за отпочнување на специфични теми и пишувања на соодветни книги.

Пишувањата беа рачни на хартија, кога беа при крај, правен фотокопии и ги составував во една соодветна тема за книга. Во Нуса ја напишав и публикував книгата ПОТКРЕПА ОД УБАВИОТ ПЕРТ, во 2000 година. Со преселување од Нуса во Бризбен, понесов со себе некои концепти со недовршени книги, една од нив ја составив и ја публикував во 2003 година со СОЛУНСКИОТ МАНИФЕСТ ОД 1984 И ДВИЖЕЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ДИАСПОРАТА. Од тогаш наваму, до Фебруари 2015 годинаги публикував останалите 7 книги, за што ми помогнаа големиот број на историјски книги, каде се спомнуваше за Македонија, во пристапните богати со книги библиотеки на Бризбен и Квинсланд, од кои, во поедини помали места за живеење имаше и подвижни – транспортни библиотеки.

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top