Дијаспора

Македонските организации од крајот на 19 и почетокот на 20 век

otkritija-za-vazni-nastani-od-makedonskata-istorija

otkritija-za-vazni-nastani-od-makedonskata-istorija

Извадок од книгата: Откритија за важни настани во македонската историја– Дипломатска акција со помош на нови археолошки пронајдоци, кои потврдуваат дека Европската цивилизација не започнува со Грците, туку со Македонците,

Автор: Јанко Томов, Бризбен, Австралија 2004 година, ИСБН 0-9752453-1-7

На младите Македонци желни за наука, вратите во училиштата финансирани од соседните држави, секогаш им биле ширум отворени. Имало Македонци кои заминувале во Русија или во Австро-Унгарија. Грчката, бугарската и српската влада просто се натпреварувале која од нив ќе отвори повеќе училишта во Македонија за да придобијат што повеќе приврзаници за своите каузи. Како што спомнавме целта на овие активности била, овие школувани Македонци, подоцна да се наметнат како интелигенција над својот народ и да го подготвуваат за идно влегување во границите на државите, кои го плаќале нивното школување.

Посмелите и посвесни Македонци, и покрај тоа што биле и самите школувани во туѓи не-македонски училишта, сакале да ја зачуваат својата македонска нација и култура од влијанието на туѓите пропаганди.

Во есента 1893 година во Солун била формирана Македонска револуционерна организација (МРО).

Во април 1895 година за претседател на Централниот Комитет на МРО бил избран Христо Татарчев.

Но, бугарската влада била незадоволна поради создавањето на оваа организација, па затоа во 1895 година го помогнала формирањето на  паралелна организација, под името “Македонски Комитет”. Претседател на оваа организација бил Трајко Китинчев. Во 1895 година оваа организација испровоцирала вооружен бунт во Мелник (македонски град во близина на бугарската граница), кој бргу бил задушен, по што  турската влада жестоко се одмаздила врз недолжното македонско цивилно население.

Истовремено бугарската влада настојувала да постави свои луѓе и во самата Македонска револуционерна организација (МРО) за да може да го држи под контрола нејзиното дејствување. Бугарија се надевала на ова затоа што членовите на МРО главно биле школувани во бугарски училишта. Во самата МРО се јавил силен отпор против ваквата тенденција на Бугарија. Македонските револуционери знаеле дека Бугарија нема да влезе сама во војна против Отоманската империја заради Македонија и затоа биле претпазливи кон нејзините “понуди” за помош. МРО, и покрај сите грешки што ги правела, до крај останала Македонска организација во служба на својот македонски народ.

МРО се залагала за постепено вооружување на Македонците и била против неподготвено кревање на востание. Кога видела Бугарија дека не може да има пресудно влијание во МРО, таа продолжила со поддршката на Врховниот Комитет. Во 1895 година, на Вториот конгрес на Македонските друштва во Софија, Македонс¬киот Комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет (ВМК).

 Во април 1896 година и МРО одржала свој конгрес. Тогаш е сменето името во Тајна Македоно-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО). На тој конгрес била донесена одлука за формирање на задгранично претставништво на организацијата во Софија. Еден од лидерите на ТМОРО бил легендарниот македонски револуционер Гоце Делчев.

Набргу дошло до контакти помеѓу ТМОРО и ВМК, па и до меѓусебна соработка. Во ВМК, покрај про-бугарската струја, се јавила и силна про-македонска струја на чело со Борис Сарафов, кој јавно изјавувал дека Македонците не се ни Бугари, ни Срби, туку посебен народ. Промакедонската струја во ВМК воспоставила тесна соработка со ТМОРО, како и планирање на заеднички акции.

 Некои од раководителите на ТМОРО почнале да прифаќаат социјалистички идеи, но почнале да се соочуваат и со низа надворешни и внатрешни проблеми. Еден од нив биле предавствата и нечесната работа на поединци. Така, на пример, во јануари 1897 година извесен Златарев ограбил една бугарска банка и сите пари ги дал на МРО. Но, парите дошле во погрешни раце и не биле употребени за вистинските цели на организацијата (повеќе детали за ова во Спомените на македонските револуционери Даме Груев и Јане Садански).

 Бугарската влада и црква сфатиле дека со дејствувањето на МРО можат да ја загубат Македонија за своите идни планови и затоа уште повеќе ја засилиле својата пропаганда среде Македонците. Бугарија се плашела и од улогата на Големите сили, кои лесно можеле да ја искористат борбата на МРО за свои цели. Ова посебно се однесувало на Австро-Унгарија, која со симпатии гледала кон самостојното ослободително движење на Македонците. Ова донекаде се однесувало и на Србија, затоа што и таа почнала да остварува официјални контакти со МРО.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top