Дијаспора

Пустец – значајна македонска општина во Мала Преспа во Албанија

slave-katin-2

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА – ПОДЕЛЕНА ПРЕСПА

Мала Преспа, за жал, е еден од најсиромашните предели во Република Албанија. Таму албанските власи, а и Република Македонија „ги заборавиле“ своите обврски и го оставиле тој народ сам да се снаоѓа. Населението се занимава со риболов, земјоделство и сточарство, но во многу мал обем и во скромни услови. По соборувањето на некогашниот сталинистички режим и отворањето на границите, повеќето жители се преориентирале кон трговија и печалба во Република Македонија и Грција а некои работат во поголемите албански градови, во Европската Унија и во прекуокеанските земји.

Пустец е е стожерот на Мала Преспа. Ова убаво македонско село е распространето вдолж ридот над самото Преспанско Езеро. Куќите се од камен, македонски, скромни, како и во многу преспански и други села. Сите зборуваат убав преспански говор, на училиште четири години учат на мајчин македонски јазик, имаат амбуланта, земјоделска задруга, киносала, културен дом, неколку колонијални продавници, рибарска задруга, ја имаат прекрасната Македонска православна црква „Свети Архангел Михаил“ во центарот на ова градско село, како и голем број други институции.

Но, најважно е што имаат чист македонски дух и верба во иднината на македонската нација, на македонскиот јазик, на сè што е македонско. Селото Пустец е единствена македонска општина и една од поголемите населби во Корчанскиот регион и најголемо македонско село во Албанија. А, таму во Долна Преспа се пее, се смее, се игра, се тагува и боледува на македонски мајчин јазик.

Општина Пустец во регистарот е запишана на македонски како Пустец и на албански Ликенас. Името на Пустец му беше сменето во седумдесеттите години. Таквото преименување на Пустец го направил Хоџа Леши, тогашниот секретар на Комунистичката партија на Албанија.  

panorama-na-pustec
Панорама на Пустец

Општина Пустец во Долна Преспа вклучува девет различни населени места, населени со етнички Македонци кои зборуваат на нивниот мајчин македонски јазик и кои сакаат да им се поттикне сопственото културно наследство. Таа, исто така, е природно убав регион, кој, за жал стагнира и е неразвиен.

За одбележување е то што Македонците во Албанија не можат целосно да ги остварат своите основни човекови права, како што се образованието на мајчин јазик на целата територија, употребата на националните симболи и учеството во државните институции. Тие на многу тежок начин успееа да се регистрира нивната политичка партија „Македонска алијанса за европска интеграција“. Тоа  е голем настан за Македонците, бидејќи тие покажаа зрелост и гласаа за себе, нивната партија, и за нивниот кандидат, почитуваниот градоначалник Едмонд Темелко. Со тоа тие му покажаа на албанското општество дека и тие се дел од него и дека ќе земат активно учество со справување на нерешените прашања во земјата.

Партијата прави силни обиди да развие проекти со странски фирми, амбасади, како и со Македонија, со цел да им се помогне на луѓето од Мала Преспа, тие да имаат пристоен и нормален животен стандард. Сите држави во светот знаат дека  Македонците во Мала Преспа се лојални граѓани на Албанија; тие плаќаат даноци и го почитуваат законот, а за возврат, бараат подобри услови за живот.

Сличен е случајот со Македонците во Гора и Голо Брдо. Имено, за разлика од Македонците во Мала Преспа, Македонците во Гора и Голо Брдо се борат да им бидат вратени правата како во 1948 година. Постои документација за овие права во албанските институции. Пред 1948 година, кај сите етнички македонски села во Албанија, во Гора, Голо Брдо и во Мала Преспа, имаше училишта на македонски јазик. За жал, властите сега намерно ги негираат барањата на Македонците од Гора, Голо Брдо и други места. Сепак, тие се надеваме дека доаѓаат подобри времиња и дека демократијата конечно ќе пристигне и во Албанија.

Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година. Тој е градоначалник на Општината Пустец во Мала Преспа и единствен во Албанија. Основното и средното образование го завршил во родното место, а дипломирал ветеринарство на Земјоделскиот факултет во Тирана.

ajde-da-ucime-makedonski
Речникот во слики за деца „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“ од Славе Николовски-Катин и Лирија Реџепи се изданија на “Македонска искра“, Скопје, 1998, 104, а
монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Славе Николовски-Катин ја издадоја „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468 (на македонски и англиски),

Тоа се случи кога партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на локалните избори во Албанија кои се одржаа на 21 јуни, освои едено градоначалничко место и девет советници. На 21 јуни македонската партија освои 3.641 глас. На општина Пустец, а по третпат градоначалник стана Едмонд Темелко. Во Пустец се освоени и 7 советнички места. МАЕИ ќе има свој советник и во Поградец и во Малиќ.

Инаку, Едмонд Темелко, заедно со секретарот Васил Стериовски и другите членови, поддржани од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски од САД, се едни од основачите на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и неуморни борци за правата на Македонците во Албанија и светот. Тие се во најтесна соработка е со Светскиот македонски конгрес, ОМО “Илинден” – ПИРИН, “Виножито” и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top