Дијаспора

Мала Преспа – расадник на бројни интелектуалци

slave-katin-2

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА – ПОДЕЛЕНА ПРЕСПА

Во Мала Преспа и во други албански градови има голем број Македонци кои се врвни интелектуалци и на различни општествени и други позиции и кои се дел од сегашниот и идниот прогрес на Албанија. Затоа ќе направиме скромен обид да се презентираат одреден број од тие познати и признати  личности, кои ќе осветлат дел од вистината на националното и културното живеење на македонскиот народ  од другата страна на Преспанското Езеро на Мала Преспа, на поделена Македонија.

Меѓу тие познати и признати интелектуалци, секако е Стерјо Спасе, кој е еден од најпознатите романсиери во Албанија. Тој е Македонец, а е роден во 1914 година во селото Глобочани, Општина Пустец, Мала Преспа. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Починал во Тирана на 13 септември 1989 година.

Стерјо Спасе ја започнал својата писателска кариера кога бил наставник во селското училиште во Дервичане во близината на Гирокастро. Тој е автор на следните позначајни романи на албански јазик: „Зошто?“ (“Pse?”) (1935), или познат под целиот наслов „Од животот за животот – зошто?“. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место, потоа „Афардита“ (“Afërdita”) (1944); „Тие не беа сами“ (“Ata nuk ishin vetëm”) (1952); „Афардита повторно на село“ (“Afërdita përsëri në fshat”) (1954); „Езерото“ (“Buzë liqenit”) (1965); „На женскиот сокол“ (“Sokolesha”) (1966); „Оган“ (“Zjarre”) (1972); „Будење“ (“Zgjimi”) (1973); „Свештеничка“ (“Pishtarë”) (1975); „Или смрт или слобода“ (“Ja vdekje ja liri”) (1978); „Бунтовниците“ (“Kryengritësit”) (1983); „Денес или никогаш“ (“O sot, o kurrë!”) (1989).

sterjo-spase-nikola-berovski
Писателот Стерјо Спасе, Учителот Никола Беровски

Романот „Тие не беа сами“(“Ata nuk ishin vetëm”) (1952) на Стерио Спасе е објавен и на македонски јазик во 1989 година во превод на познатиот учител  во Мала Преспа Никола Беровски. Исто така, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за национална историја од Скопје, го објавија на македонски јазик делото на Стерјо Спасе под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“ (1992)   што го подготви  д-р Благој Стоичовски.

Учителот Никола Беровски бил роден во Битола во 1923 година, а починал во Тирана во 1993 година. Тој беше македонски просветител кој целиот работен век го минал меѓу Македонците во Албанија.

Познат во македонската јавност како „учителот од Пустец“, Беровски долги години работел како учител во селата на Долна Преспа, воКорча   и Тирана. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет. Затоа, една од организациите на Македонците во Албанија го носи името Фондација „Никола Беровски“.

Гуре Дума е роден во 1920 година во селото Глобочени, Мала Преспа. Во Корча завршил средно образование во 1964 година. Од 1948 до 1956 година работел како учител во селата Глобочени, Туминец и Горна Горица. Тој е автор на делото “Мала Преспа” (2007).  Гуре Дума почина во 2008 година.

Д-р Валентина (Илија) Нестор е родена на 16.09.1971 година во Пустец. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенска книжевност. Од 1996 година работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, во Одделот за словенски и балкански јазици во Тирана. Во 2006 година се стекна со  звање доктор на науки. Валентина Нестор се занимава со лингвистика, лексикологија и со научно истражувања на македонскиот јазик во етничка Македонија, а пишува и литература.

Илинден Спасе е син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе. Тој е роден во 1942 година во Глобочани, каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија  на универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот Совет на Институтот за Педагошки Студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за Педагошки Студии.

Илинден Спaсе пишува на албански и македонски јазик. Автор е на две збирки раскази. Тој е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.  

Стилијан Апостоли е роден е на 24 мај 1950 година во село Горна Горица, Преспа. Од 1982 година е професор во Департментот за стопанство и земјоделски политики при Земјоделски факулттет во Тирана. Има објавено универзитетски учебници, брошури, научни студии, реферати, информации и др. Ги има објавено и книгите  “Проблеми на селските стопанства” (1997);  “Преспа, општествено стопански развој” (2002) и монографијата “Горна Горица” (2007).

Сотир Ристо е поeт од Мала Преспа. Тој е роден во 1974 година во селото Леска, општина Пустец, каде го завршил основното образование, а Филолошки факултет завршил во Скопје. Пишува на македонски и албански јазик. Автор е на романите: „Ноќ на шепотите“ и „Продолжено образование“. 

Кристина Јанкула е родена на 9 април 1958 година во село Горица, Мала Преспа. Завршила вишо образование за учители на Универзитетот во Елбасан. Работи како учителка во основното училичте во Долна Горица, Преспа. Автор е на повеке стихотворби и на книгата  „Мала Преспа“ (2009).

Спасе Мазенковски е роден на 2 септември 1951 година во селото Леска, Мала Преспа. Гимназија и средно економско училиште завршил во Корча и Либражд. Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој е главен уредник. Постојано објавува песни, раскази, различни текствови, а е автор и на збирката песни „Преспо моја, разнобојна китка“

Спасе Танаси роден е во 1965 година во село Зрновско, Долна Преспа. Завршил факултет за земјоделска економија на Универзитетот во Камза (Тирана). Автор е на научни и литеатурни дела. Ја има објавено на албански јазик стихозбирката “Лирска песна со твоето име”.

Дола Шкмби е родена на 14 септември 1986 година во Долна Горица, Преспа. Звршила Медицински Факултет во Скопје. Таа е автор на стихозбирката  “Крстопатот на солзите”.

Фоте Никола е уредник на програмата на македонски јазик во Радио „Корча“.Во рамките на албанското министерство за образование подготвува учебници на македонски јазик.

arhangel-mihail-pustec
Црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец

Од Мала Преспа, односно од овој дел на Долна Преспа има и бројни други интелектуалци како бизнисмени, доктори, професори, инжинери, новинари и други општествени работници, кои заедно со горенаведените македонски личности се бранители на македонското име, јазик, култура, религија, на македонската вистина и на етничка Македонија.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top