Дијаспора

Македонските организации од крајот на 19 и почетокот на 20 век (2 дел)

otkritija-janko-tomov

Јанко Томов

otkritija-janko-tomovИзвадок од книгата: Откритија за важни настани во македонската историја- Дипломатска акција со помош на нови археолошки пронајдоци, кои потврдуваат дека Европската цивилизација не започнува со Грците, туку со Македонците, автор Јанко Томов, Бризбен, Австралија 2004 година, ИСБН о-9752453-1-7

Тоа е време кога и во Бугарија почнале да навлегуваат социјалистичките идеи. Таквите идеи биле прифаќани и во Македонија, но главно од поединци. Највидните активисти на МРО, иако се залагале за социјална правда, не биле активни социјалисти. Во своите спомени Даме Груев пишува: “Во Македонија ме дразнеше социјалната состојба и јас предизвикан, го заштитував тоа учење, но активен социјалист не сум бил, ниту сум мислел дека социјалистичкото учење има почва во Македонија (Дамјан Груев – Јане Сандански – Спомени, Љ. Милетич, Софија, 1972 год.).

Единствено Гоце Делчев се смета дека бил приврзаник на социјалистичките идеи, иако тоа не е сосема расчистено. Во една прилика тој рекол: “Ќе бидете многу наивни ако им верувате на нашите зборови, гледајте ги нашите дела.”

Извесно време по формирањето во МРО (ТМОРО) се јавиле две струи. За едната може да се каже дека била лево ориентирана, но таа била малубројна. Подоцна, со победата на комунистите во Македонија и во Бугарија, припадниците на оваа струја беа величени, секако заради потребите на подоцнежните комунисти. Но, факт е дека овие револуционери во свое време немале голема поткрепа среде народот.

Во јануари 1903 година ТМОРО  донело одлука за кревање востание против Отоманскста империја. Веднаш потоа било организирано советување со Задграничниот Комитет и со претставниците на македонската емиграција во Софија, на кое била потврдена одлуката за кревање востание.

Извесен број револуционери (припадници на левицата) се изјасниле против предвременото и недоволно подготвено кревање на востание.  Меѓу нив најмногу се истакнувал Гоце Делчев. Сепак, тој продолжил со организирање диверзии против отоманската власт. Силен противник на пред-временото кревање на востание бил и Јане Сандански, кој бил мошне влијателен револуционер во југоисточниот дел на Македонија. Тој дури рекол дека нема да учествува во востанието заедно со своите чети и дека ТМОРО можеле да го подигнат востанието само во западниот дел на Македонија. Во споменатата книга на Милетич, е пренесен разговор помеѓу Јане Сандански и Гоце Делчев, од кој ќе пренесеме делови: “Му кажав, многу сте подраниле да кревате востание, Делчев ми одговори: ‘Што да се прави, излегоа многу бегалци од Петрич, а врховистите пак ќе ги употребат. Од друга страна и другарите сакале востание, на пример Стефан Димитров, бивш делегат, рекол дека ќе се откаже да се занимава со  македонското прашање ако не се кренало востание.'”

Но, приврзаник за кревање востание бил Даме Груев – еден од највлијателните членови н ТМОРО. Од денешен аспект гледано тешко е да се утврди кој бил во право. Познато е дека Даме имал средба со Гоце Делчев на која длабоко ја анализирале состојбата во врска со идното кревање на востание. Се смета дека Делчев конечно се согласил со тој план, но побарал негово одложување до летото, за да има извесно време за подготовки. По овој разговор, Гоце заминал на терен, каде продолжил со диверзантската дејност. Со својата чета кренал во воздух еден железнички мост, а бил ангажиран и околу набавка на нови количества оружје за револуционерите.

Одлуката за востание била поздравена и од бугарската влада, која ветила голема помош на Македонците, но која не се остварила. Во својата книга “Тодор Александров” д-р Бранислав Синадиновски пишува: “Од средината на март до 2 август 1903 година, во Македонија и Одринско биле регистрирани 122 судири со турската војска. Едни од нив биле и акциите на група анархисти. Од 27 април до 1 мај 1903 година во Солун една група македонски револуционери (познати како гемиџии) извршиле серија атентати чија мета биле францускиот брод Гвадалкивир, солунската железничка станица, Отоманската банка и други.”

Од 2 до 7 мај 1903 година се одржал уште еден конгрес на ТМОРО, овојпат во селото Смилево. Врз основа на одлуката  на Солунскиот конгрес, одржан во јануари истата година, на овој конгрес било донесено конечно решение за кревање на востание. Бил формиран Главен Штаб, кој го сочинувале Борис Сарафов, Даме Груев и Атанас Лозанчев.

Во време на одржувањето на овој конгрес, на 4 мај 1903 година, во близина на селото Баница (Серско) загинал Гоце Делчев во борба против турската војска.

Главниот Штаб на востанието наложил борбите да отпочнат на 20 јули 1903 година. Првите вооружени дејства почнале во селото Смилево. Началник на тој реон бил револуционерот Ѓорѓи Сугарев. Во близина бил сместен гарнизон од 60 турски војници, кој се повлекол кон Битола. По десетина дена, дошла нова турска војска со околу 800 војници, кои ги потиснале востаниците и го запалиле селото Смилево. Во септември, востаниците повторно извршиле напад на ова село.

Во меѓувреме бил ослободен и градовите Крушево и Клисура. Во Крушево била востановена слободна Македонска република на чело со Никола Карев, која траела само десетина дена, по што била уништена од турската војска. Потоа било задушено и целото востание, кое траело уште неколку месеци, но со послаб интензитет.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top