Дијаспора

ФОРМИРАЊЕ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО КАНАДА

toronto

Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Се претпоставува дека Торонто е третиот град по големина на македонското население. Според некои неофицијални податоци, во оваа метропола и во околните места свиле гнезда околу 120.000 Македонци од сите делови на Македонија. Затоа се вели дека тој е македонски црковно-наџионален центар за поколенијата. Тие се соживеале и си нашле место под сонцето во секојдневниот живот со стотината други народи, нации и етнички групи од целиот свет, кои се доселиле во овој убав и по многу нешта карактеристичен велеград на богатите простори на Онтарио.

Од друга страна, пак, Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Таа е прва земја во светот која официјално го призна мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната, значајна и доследна недискриминаторска политика. Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада (а не на националистички поделби, како што некои мислат во Македонија) се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик.

Торонто е убав и раскошен град со многу добра местоположба. Тој е распространет на брегот на езерото Онтарио, на осумдесетина километри од Нијагарините водопади и претставува град со многу европски нишани, кој магично го привлекува и опијува посетителот и намерникот. Тој е град со прекрасни облакодери, раскошни населби со архитектура адаптирана од целиот свет, со уметнички галерии, музеи, опера и со други многубројни културно-историски споменици.

toronto
МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Торонто е една од првите населби во Канада. Тој е основан во 1793 година под името Јорк, а во 1834 година го доби сегашното име. Денес е најголемиот индустриски, културен, политички, административен и спортски центар, како и бисер на Онтарио и метропола со големи перспективи. Првите македонски доселеници во Канада дошле во 1897 година. Заради високите дострели, особено на економско поле, Македонците се една од најзначајните етнички групи во Торонто и играат важна улога во целокупното живеење. Нив ги има од сите краишта од Македонија, кој се тесно врзани особено со црквата “Свети Климент Охридски” и со организацијата “Обединети Македонци”.

Црквата “Свети Климент Охридски“ е стожер на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон роданта земја Македонија. Овој црковно – национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Таа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.

Иницијативата за формирање на оваа Македонска црковна општина и за нејзина изградба се роди на четвртиот Илинденски пикник што Националната организација „Обединети Македонци“ го одржа на 29 јули 1962 година. Тоа беше израз на силната љубов кон дедовската земја, Македонија, која секој иселеник длабоко ја носи во своето срце. Повеќе од осум илјади Македонци од Торонто и од околните места се собраа на пикникот во месноста Дон Милс.

На пикникот, кај сите присутни имаше голема возбуда, бидејќи за прв пат во Торонто беше присутен македонски владика, епископот Злетовско-струмички г. Наум. Тој, заедно со свештеникот Кирил Стојановски, на мајчин македонски јазик им се обрати на присутните и одржа помен-служба. Тоа беше незаборавно доживување и остави позитивни траги во црковното живеење кај Македонците. Затоа со право се вели дека таа средба на организирано илинденско чествување значеше верба, желба, единство и љубов кон родната земја на македонските доселеници во Торонто и околината. Подоцна, со обновувањето на Охридската архиепископија се запали искрата за вековното црковно и национално живеење на Македонците.

На големиот собир, пак, што на 7 авгут 1962 година се одржа во хотелот „Кинг Едвард“, се донесе одлука за изградба на црква што ќе го носи името „Св. Климент Охридски“. За претседател беше избран истакнатиот иселеник Спиро Сандрс од с. Желево, Леринско, а за потпретседатели беа избрани Коста Андрус и Павле Базел-Василевски. Исто така, во управата влегоа и Питер Флоров, Дан Папас, како секретар, а Мајк Нешевич и Паул Џорџ беа избрани за благајници, додека во Надзорниот одбор беа вклучени: Џим Сандерс, Стево Тодоровски, Ван Петров, Виктор Паскалов, Џон Червенков, Благоја Тодоровски и Луј Мисиос.

На свеченоста присуствуваа и неколкуте стотици македонски доселеници, како и епископот Злетовско-струмучки, г. Наум и протаставрофорот Кирил Стојановски. Тие беа првите македонски црковно-национални мисионери во најголемата македонска колонија во Канада, кои, за прв пат, на 12 август 1962 година, во „Желевската сала“ во Торонто, извршија богослужба на мајчин македонски јазик, како и прво крштевање. Тоа беше настан што остана во сеќавање и е запишан со големи букви во историјата на оваа црковна општина.

Меѓу најзначајните и бележити датуми на црковната општина „Св. Климент Охридски“ е, секако, 12 декември 1962 година кога Црквата беше регистрирана пред канадските власти и чиј документ беше испраќан до бројни македонски семејства. Целта беше да се подигне моралот и вербата кај дојденците без разлика од кој дел на Македонија, а кои, не по своја вина, дотогаш своите црковни потреби ги задоволувале во немакедоснки храмови, од кои поголемиот број беа изградени токму од средства на Македонците, особено од Егејска Македонија.

Активностите на членовите на новоформираната црковна општина и на организацијата „Обединети Македонци“ од ден на ден беа поголеми и позначајни во остварувањето на големата идеја за своја Македонска православна црква. Така, во период од две години, тие собраа голем број финансиски средства и беше купено местото за идниот храм во централниот и богат Торнклиф Парк, во Ист Јорк, град што е збратимен со Скопје.

Како резултат на тоа, на 5 април 1964 година, на тоа свето македонско парче земја, во присуство на повеќе од 500 души, пријатели на Македонците и претставници на општината Лисајд, беше поставен камен-темелникот на Црквата. По тој повод, во специјална кутија беше ставена посвета на македонски и англиски јазик и беа запишани имињата на сите настојатели и местото на нивното раѓање во Македонија. За проект на Црквата беше користена макетата на академскиот сликар Питер Стојанов од Желево, Леринско, кој го понуди ликот на денешната катедрална црква.

makedonija-na-makedoncite

Една година подоцна, на 18 април 1965 година, архиепископот Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски, г.г. Доситеј, во сослужение со Злетовско-струмичкиот епископ г. Наум, протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, како и, во тој период архиѓакон, митрополитот Кирил, а во присуство на неколку стотици македонски доселеници од сите делови на Македонја, го изврши осветувањето на храмот „Св. Климент Охридски“.

Со пуштањето во дејност на оваа црковна општина, македонските доселеници започнаа да живеат свој македонски црковен живот. Секоја година сè побогат, сè поразновиден, сè позначаен, самосвесен и попривлечен црковен живот. Зашто, со право тоа место стана центар на сите Македонци од сите делови на Македонија.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top