Дијаспора

Потекло – етногенеза на древните Македонци (2)

etnogeneza1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

etnogeneza1

Древните или античките Македонци припаѓаат на семејството на индоевропските народи, кои се творци на неолитската култура на Централниот Балкан во периодот меѓу 6 500 – 5 500 години п.н.е. Како проиндо-европски народ, Македонците ја населиле „Стара Европа” (Гимбутас, 1982), најпрво деловите на Средно Подунавје. Потоа, од Панонската Низина нивните племиња се доселувале на југ и го населувале теснецот на Централниот Балкан по должината на сливот на реките Бистрица, Вардар, Струма и Термајскиот Залив, кога биле создадени погодни климатски услови, по последниот леден период.

makedonskoto-prasanje-2

Првобитните имиња на нивните племенски организации не се познати. Од историските податоци се гледа дека нивните етноними, односно филоними (братства или племиња), најчесто се добивани од географската конфигурација на теренот, т.е. од хоронимите, како на пример: Орести-Горани, Елимеи-Криворечани, Десарети-Шумадинци итн. Потоа од занимањата, како Алмопии-Солари, Ботиаи-Сточари итн. Во етногенетската еволуција, заедничкото име им станало Македонци, а нивната татковина Македонија. Говорниот јазик на Македонците бил дијалект од палеобалканската глосологија, познат како проиндоевропски јазик на народите на „Стара Европа”.

Зборот македон е од протоиндоевропско потекло (ИЕ) и припаѓа на палеоглосологијата на Балканот (ПГБ). Етимолошки постојат две варијанти. Според прата, како сложен збор, што значи богат, блажен, среќен, добростоечки и суфиксот ар, навистина, точно. Другиот дел кеднос, грижлив, чесен, т.е. благороден. Аналоген збор во Хипербореја е во денешна Мачва во рамница меѓу реките Сава и Дрина. Зборот мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија, каде мак е богат, имотен, а фа во фа-го е даде, храна. Овојдел е словенизиран така што к е претворено во ч, додека σ во в, па Мачва значи богата земја со храна, па и градот Богатиќ во средиштето на Мачва. Според втората варијанта, од етимологот Мпампиниоти (1998, 1043), македон потекнува од епитетот македнос, каде зборот маки, макрос во значење тенок, висок, додека -кедон, кедонес, потекнува од зборот земја, тло, па значењето на овој збор се однесува на првобитниот топоним. Според тоа, Македонија била далеку, високо на север на земјите, а Македонците биле Борејци, а подалеку од нив Хиперборејци. Спротивно на ова Сенц (1910, 503) изнесува дека кеднос значи драг, грижлив, чесен, дар, мираз.

Во слободен превод, зборот македон би значел господар, домаќин, газда, богаташ, чорбаџија, додека Македонија била земја на господари и богаташи, односно мак-богата, земја.

Со обзир на тоа дека современите, претерано исполитизираните грчки историчари своите главни аргументи за елинското потекло на античките Македонци, а пред сè на родоначалникот Македон и арголитската македонска династија на Филип II и Александар Велики, ги базираат на сомнителни легенди, на митологијата ќе ѝ биде даден поголем простор

Митологијата во себе носи прафилозофски и пранаучен исконски облик на уметничко создавање. Митовите се она првобитното, народно раскажување кое во себе содржи производи од народната фантазија со цел да ги објасни природните појави и човечкиот живот со помош на наивно обликување. Веќе беше кажано дека митологијата на балканските простори е вткаена во светлоста на елинската (грчката) митологија. Меѓутоа, таа претставува огромно наследство не само на античките Елини, туку и на сиот егејски свет и на Југоисточна Европа. Судејќи според археолошките остатоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елемети, кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичките простори на Македонија.

Придржувајќи се на ваквиот пристап, македонската митологија може да се прикаже одделно од елинските митови, како автохтоно културно наследство. Значи македонскиот мит е дел од палеобалканската и „егејската” култура и и во голем дел претставува религиозно-политичка праисторија на староседелците на тлото на Македонија. Овде ќе бидат прикажани некои пишани легенди кои се однесуваат на македонските простори, со цел да се изврши нивна идентификација и да се направи хармонична целина.

На основа на античката литература, посебно во епската и лирска поезија од Хомер и Хесиод, до подоцнежните митови, воглавно постојат две преданија за Македонците и нивните родоначалници.

etnogeneza2

Према едно предание, чиј автор е Диодорус Сицулус (90-20 година п.н.е) во творбата „Библиотека” (I, 18, 1; 20, 3), митолошкиот крал на Македонија по име Македон е син на египетскиот бог Озирис и божицата Изида. Према оваа легенда, кога Озирис кој му припаѓал на првиот круг на египетските богови, од петтата династија владетели на оваа земја, која владеела околу 2 500 – 2 340 година п.н.е., ѝ го препуштил владеењето на жена си Изида и тргнал во освојување на светот, со себе ги повел своите синови Македон и Анубис. Стасувајќи во Тракија, Озирис го убил тракискиот крал Ликург, син на Дријант, а својот син Македон го прогласил за крал и го оставил во земјата, која според него е наречена Македонија.

Додека владетелите на IV египетска династија биле градители на големите пирамиди (Кеопс, Кефрен и други), во петтата династија, во религиски поглед, доаѓа до поставување на богот на сонцето Ре на врвот на египетскиот Пантеон. Меѓутоа, покрај владеењето на оваа династија, за време на фараонот Озирис или Бузирис, дошло до духовни и религиозни промени и апотеза (величење) на кралевите. Озирис станал бог (Амон) на плодноста и подземниот свет, зашто по египетско верување тогаш, задгробниот живот заземал најважно место. Во Македонија, во Термајскиот Залив, Озирис е идентификуван како Дионис од Кисеј (Тхомсон, 1954, 133).

На основа на оваа легенда за Озирис како египетски бог Амон, кој подоца на Балканот се идентификувал како Зевс, потеклото на кралот на Македонија Македон е боженствено, односно дека Македон бил син на богот Зевс. На основа на оваа легенда, владеењето на кралот Македон може да датира околу 2 340 година п.н.е., т.е. при крајот на V египетска династија.

Еден сличен мит веројатно му послужил и на Псевдо-Калистен да го преточи во творба со наслов „Животот и делото на Александар Македонски”, каде исто така го истакнува боженственото потекло на Александар Македонски од богот Амон. Според оваа приказна, како и по Еурином кај Пелазгите, богот Амон од Либија, во облик на змија се обвиткал околу Олимпијада во смисла на орфичко-дионизиска мистерија. 

Меѓутоа, авторството на оваа легенда му се припишува на Калистен (360-327 година п.н.е.) од Олинт во Македонија, внук на Аристотел, кој учествувал во походот на Александар Македонски како негов службен историчар. Во редакцијата Б на оваа творба, од страна на Диодор Сиц., фараонот Нектанеб доаѓа како Амон во Македонија, каде ја заведува Олимпијада (Псевдо-Калистен, 1987).

Другиот син на Озирис од митологијата Анубис, се вратил во Египет каде станал крал и египетски бог, со глава на пес како симбол, каде му е изградено светилиште (Анубисово светилиште). Херодот (II, 144) наведува дека Озирис имал уште еден син, по име Орос или Хор, кој кај Пелазгите бил славен како бог Аполон.

Хесиод (околу 700 години п.н.е.) пак, дава друга и постара варијанта за Македонците. Како што е познато, Хесиод е прв елински митолог и покрај Хомер, ги создал првите приказни за постанокот на боговите (теогонија) и човечкиот род (гениогонија). Тој во својата творба „Фрагменти” истакнува дека богот Зевс и нимфата Тие имале два сина, Магнет и Македон.

Пишуваат:

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

antonie-donco
Антоније Шкокљев – Дончо

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top