Дијаспора

Македонскиот црковно-национален дом „Свети Илија“ во Мисисага (2 дел)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Мисисага е шестиот град по големина во Канада. Тоа е град кој се наоѓа во јужниот дел на Онтарио, на брегот на езерото Онтарио, западно од Торонто. Името градот го добил од индијански збор што значи „место на река“. Градот по бројот на жителите е голем како Скопје, главниот град на Македонија, меѓутоа, често пати го третираат овој град како предградие на Торонто.

Првите  доселеници во Мисисага биле Французите, но денес тој е град со најголем број Англичани-Канаѓани и мал број Французи, како и десетици други нации и народи. Во последните децении, градот како мултинационален центар, привлече бројно население од целиот свет. Меѓу седумстотините илјади жители, има  десетина илјади Македонци од трите делови на Македонија и од Мала Преспа. Но, за жал, според пописот во 2011 година се пријавиле само 1.255 Македонци. Притоа треба да се нагласи дека покрај старите генерации, во последните дваесетина години во Мисисага се доселија голем број млади образовани генерации од Македонија, кои отворија неколку македонски училиште во состав на канадските училишта на територијата на Мисисага и играат значајна улога во севкупното живеење на овој дел на Канада.

Мисисага е убав и современ град кој е сместен на западната страна од Интернационалниот аеродром „Пирсон“ од Торонто. Градот Мисисага игра значајна улога во економскиот живот, како центар на лесната индустрија и место за голем број други современи објекти. Во тој современ конгломерат Македонците нашле свое место каде ја формираа третата македонска православна црква во Канада, „Свети Пророк Илија“.

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, САД и Канада“ од авторот на овие редови, втор храм во Торонто е Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ во Мисисага, која е дело и им служи на Македонците од западниот дел на Торонто.

Инаку, ден од важните моменти за црковната општина „Свети Пророк Илија“ е, секако, 1982 година, кога беше купено земјиште од 14-тина хектари и кое беше именувано како “Македонски парк”. Земјиште е лоцирано на северозападната страда од градот, од каде посетителот е во можност да ги види сите слетувања на авионите кон аеродромот „Пирсон“ кои доаѓаат од западната страна. „Македонскиот парк“, претставува место за собирање и рекреација на голем број македонски иселеници од Канада и Соединетите Американски Држави. Тоа е природен простор низ кој поминува мала рекичка и е со бујна вегетација, каде се одржале многубројни пикници и други собирања. На просторот на „Македонскиот парк“ беше адаптиран времен македонски духовен дом именуван како црква „Свети Илија“, а денес таму е изграден мал манастир кој потврдува дека е ова свето македонско место.

misisaga
Црквата
„Св. Пророк Илија“ во Мисисага

Во врска со формирањето на оваа втора црковна општина во Торонто, во почетокот се појави негаторски став од извесен број членови на „Свети Климент Охридски“, кои сакаа да се има монопол и во духовното живеење, со што се створи поделба во ориентацијата и во приоритет на македонските цркви. Меѓутоа, за Македонците од Мисисага беше најзначајно да се молат на Бога на македонски и да ги зачуваат своите македонски обичаи, култура, јазик и се‘ она што денес позитивно ги поврзува сите македонски православни цркви во дијаспората и се одлучи да има две македонски православни цркви на тие демократски канадски простори. Денес, пак, за пофалба има четири македонски православни цркви во метрополата Торонто.

По формирањето на црковната општина во Мисисага,  веднаш беше побарано оваа втора црковна заедница во Торонто да биде примена под канонска и духовна јурисдикција на Македонската православна црква, а со тоа да стане составен дел на Американско-канадско-македонската епархија на МПЦ. Тоа се случи на на 13 септември 1979 година кога црквата “Св. Илија” беше примена под канонска и духовна јурисдикција, а актот беше проследен на 31 декември 1979 година, кога беше одобрен и Правилникот на црквата. Потоа новата црковна општина беше регистрирана кај канадските власти во Мисисага како рамноправна црквовна општина во која членовите можат да се молам на Бога на својот мајчин македонски јазик.

Во влезот на “Македонскиот парк” , на 29 јули 1990 година беа поставени темели за изградба на храм и голем културно-просветен центар. Од повеќе објективни и други причини оваа желба на Македонците од Мисисага и пошироко остана нереализирана.  Затоа црковниот одбор и членството се одлучија да го купат постојниот објект на Католичката црква кој беше изграден уште пред 130 години. Македонците ја купија оваа црква  во 1996 година.

Во овој објект беше извршено преуредување; црквата беше оспособена за вршење света богослужба на македонски јазик и на 6 април 1997 година беше ослужена првата света литургија, а осветувањето е извршено на 11 мај истата година. Чинот на осветувањето го изврши поглаварот на МПЦ г.г. Михаил, во сослужение на бројни свежтеници и посетители. На тој ден, по завршувањето на светата богослужба беше извршена светата тајна – Венчавање на 24 брачни двојки, кои во минатото, од различни причини, останале не венчани.

За жал, на најголемиот христијански празник – Велигден во 2000 година неодговорни тинејџери подметнале пожар во храмот. Во стихијата изгореја  поголем број икони во олтарот и во црквата, со што беш направена голема материјална штета. Потоа храмот беше срушен и на негово место на 7 септември 2002 година беше поставен камен-темелник за нова црква. Осветувањето на црквата се изврши на 14 МАЈ 2006  година. Чинот на осветувањето овој пат го изврши новиот поглавар на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

janovski

Публикацијата „Македонските православни цркви во Австралија, САД и Канада“ од Славе Николовски-Катин е издание на НИО „Нова Македонија“, Скопје, 1991, 1-192,а публикацијата „Семејството Јановски од Торонто“, од истиот автор е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-226, (на македонски и англиски јазик). 

Во текот на изминатите 35 години во црквата „Свети Илија се одвивале голем број активности на културно-просветен, национален и духовен карактер. Притоа, носител на забавниот живот била фолклорната група „Илинден“, чиј членови биле вистински амбасадори на богатиот македонски фолклор, песната и обичаите. Групата е формирана во 1980 година, а во неја досега членувале неколку десетици Канаѓани од македонско потекло, кои настапиле на бројни фестивали и други манифестации. Голем успех оваа група постигна на „Илинденските денови“ во Битола и во други градови ширум Република Македонија. Таа била учесник на сите народни собири што Американско-канадско-македонската епархија ги организирала во Канада и Соединетите Американски Држави.

Исто така, Литературното друштво “Кочо Рацин”.  и неделното дополнително училиште, кое го посетуваат голем број ученици, претставува важен фактор во севкупното живеење на општината. Црковниот храм е дом во кој се негува македонскиот јазик, националната историја, географија и веронаука. Исто така, фудбалскиот клуб „Илинден“ се нтпреварувал во единствената Македонска лига во Канад, постигнувајќи забележителни резултати. За одбележување е и тоа што во 1989 година почна да излегува Билтенот на МПЦ „Свети Илија“ што го уредуваше свештеникот Илија Донев.

Меѓутоа, носител на најголемиот број активности во оваа македонска општина се црковните управи и женските секции. Уште од почетокот активностите ги започнаа голем број активисти, меѓу кои, заради просторот ќе ги споменеме првите активисти и помагатели: Џорџ (Ѓорѓи) Каркински, Џо (Јоле) Наумовски, Никола Каранфиловски, Сенди Терзиовски, Боне Добрушевски, Владо Мачковски, Наум Наумовски, Лилјана Дафовска, Гоце Димовски, Драгица Димовска, Македонка Солаковска, Димитар Јанчевски, Гоце Наумовски, неуморниот свештеникот Илија Донев и плеада други познати и признати македонски ентузијасти, од почетокот до денешни дни. Сите тие, се разбора со црковните управи, бројни членови на црквата, организирале голем број манифестации што придонеле достоинствено да се афирмира македонската нација, јазик, култура и традиции пред канадското општество и да бидат мост меѓу Канада и Република Македонија.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top