Дијаспора

Прочуениот македонски митолошки пеач Лин (5)

lin

lin

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА                          

Братот на Орфеј Лин е прочуен македонски митолошки пејач, поет и писател. Во музиката Лин стекнал поголема слава од своите претходници и современици. Неговите песни се пееле насекаде по Балканот и Егејот, посебно во селата за време на бербата на грозјето, за што Хомер во „Илијада” (XVIII, 570) пее „… дека момчето… песната Линова мила, ја пеел со нежен глас…”. Лин ја измислил лирата со три жици од лен (како неговото име од зборот ленен, направен од лен). Жиците подоцна ги заменил со јагнешки црева. Тој ги измислил и тажаленките. Неговите народни песни именувани како „линос”, биле изведувани исто така при  рано умрените момчиња, при летните жештини, големите зими итн. Во Египет Линовите песни биле многу популарни и изведувани како тажаленки под името „манерос”, во слава на синот на првиот египетски крал и бог Себа, „наследен поглавар” на боговите и „татко на боговите”, кој бил оплакуван зашто умрел рано.

Лин и Орфеј се творци на китародиите (пеења со гитара). За списите на Лин, Диодор Сиц.(Библ. III, 67) изнесува: „Пишувајќи со пелашки букви, Лин оставил приказни за делата на првиот Дионис како и други приказни. Исто така, со тие пелашки букви се служеле Орфеј и Пронапид, учител на Хомер”. Лин го учел Херакле, најголемиот грчки јунак, да чита, пишува и свири.

Другиот син на Еагар и брат на Орфеј бил Марсија. Живеел во Голема Фригија покрај главниот град Келена, во една долина со голем извор. Тука за време на Македонското кралство на Антиох I, генерал на Александар, го изградил градот Апамеја во чест на мајка си.

Марсија бил скромен, чесен, разумен, силен, а неговата шупелка го восхитувала секого кој ќе ја чуел. Бил воодушевен од божицата Кибела, која била фригијско божество и била почитувана во Мала Азија и во Егеј, како мајка на боговите и целата природа. Нејзиниот култ бил со блудничав карактер. Фригијците биле староседелци на Балканот, соседи на Македонците и живееле на просторите на Преспанското и Охридското Езеро, со главен град Кидрај.

Според Диодор Сиц (III, 58 и понатаму), Марсија тргнал во светот со Кибела и во Ниса се сретнал со Аполон, најславниот свирач на лира и решиле да се натпреваруваат. Договорено е победникот да го казни победениот по свое мислење. За судии ги избрале жителите на Ниса, а меѓу нив бил и кралот Мид. Во натпреварот Марсија бил подобар, но богот Аполон се послужил со лукавост, па судиите него го прогласиле за победник. Тогаш Аполон сурово и садистички го казнил Марсија на тој начин што го одрал, а одраната кожа ја обесил на плоштадот во Келена. Херодот (VII, 26) за тоа пишува: „… на тој плоштад сè уште виси кожата на Марсија, кој, според фригијската приказна, од него ја одрал Аполон и ја обесил тука”.

Страдањата и смртта на Марсија ја оплакувале боговите, луѓето, сатирите, нимфите и природата. Како спомен на несреќниот, неправедно казнетиот уметник, изворот и рекичката покрај Келена, наречени се според Марсија.

Постои една друга легенда дека богот Аполон, по победата, му го поштедил животот на противникот и дека Марсија како казна добил свинска опашка. Во античката уметност, Марсија бил чест мотив, посебно на скулпторите. Ќерките на кралот Пиер, Пиериди, го добиле прекарот според областа Пиерија во Македонија каде се и родени, или по името на татко им (Хесоид, Тх. 52 и понатаму). По едно друго предание , Пеонката Евипа (убав, витешки коњ), му родила на Пиер девет ќерки кои добиле исти имиња како деветте музи, ќерки на Зевс: Полихимнија, Клиа, Мелпомена, Талија, Уранија, Ерато, Терпсихора, Еутерпа и Калиопа. Музите, како и Пиеридите, се родени недалеку од врвот на Олимп и имале убави палати каде ја опејувале славата на татко им и останатите богови. (Хесоид Тх. 54). Меѓутоа, додека песната на музите била милозвучна и целата природа уживала, Пиеридите биле дрдорливи и имале крекливи гласови. Заради тоа, во митологијата тие се претворени во девет птици со крекливи гласови, како штиглица, гулаб и слично. Една приказна тврди дека Пиеридите биле мајки на славни пејачи. Во александриско време, имињата на Пиеридите, односно на деветте музи, биле земени во поделбата на творбата на Херодот, „Хисториес аподексис”, во девет книги.

Леонт бил син на Орфеј, а во митологијата се појавил како епонимен херој на античката вила Леонтида, позната од античкиот период на Атина и Сиракуза на Сицилија. Негови деца биле: Килант, Пракситеја, Теопа и Еубула. Леонт е современик и добар пријател на атинскиот крал Тезеј. Во време кога во Атика владеел глад, по совет на пророштвата во Делфе, Леонт ги жртвувал своите ќерки за спас на својот народ, па оттаму и неговото име народ, па и верник. Во чест на тоа, благодарните атињани во Керамеика му подигнале светилиште наречено Леокорион (ќерките на Леонт).  Легендата исто така вели дека Леонт му ги открил на Лезеј, најголемиот атички херој, плановите на педесетте синови на Палант, кои се надевале дека по смртта на својот чичко Егеј, ќе го наследат неговиот престол и ќе завладеат со Атина и Атика. За да го уништат Тезеј, заговорниците се поделиле на две групи. Тезеј најпрво ја нападнал првата група Палантиди и ги растерал, а потоа го совладал Палант и неговите луѓе кои почнале да бегаат.

Према Аполодор (Библ. III, 15, 1), ќерката на Леонт Пракситеја се омажила за античкиот херој и син на атинскиот крал Пандион, подоцна крал на Атина. Од нивните синови често се спомнуваат Кекроп, Пандор и Метион, а од ќерките, Протогенеја, Пандора, Прокрида, Креуса, Хтоња и Оритија. Кога пророштвото во Делфе објавило дека атињаните ќе го победат  Еумолп, елеусински херој и оснивач на елеусинските мистерии на божицата Деметра, ако принесат за жртва една кралска ќерка, Ерехтеј ѝ ја препуштил одлуката на својата жена Пракситеја. Кралицата се сложила да ја жртвува својата најстара ќерка за спас на татковината.

За племето Броми (мрморење, шумолење; или бронос, зоб), на тлото на Македонија, е поврзан уште еден мит кој се однесува на митскиот крал Мид, прочуен по своето големо богатство и мудрост.

Мид е син на големата божица Ида и Сатир. Тој бил крал на македонската област Бромија, ги сакал задоволствата и владеел со Бригијците или како што уште ги викале Мојсинеците (Гревс 1990, 244). На стрмнините на македонската планина Бермион (Каракамен, 2052м.), покрај реката Халиакмон (Бистрица), Мид имал прекрасни градини во кои растеле најмиризливите рози со цветови од шеесет ливчиња (Херодот, VIII, 138).

Со Мид се поврзани многу легенди. Првата се однесува на Мид додека уште бил во лулка. Тогаш боговите со еден знак го навестиле неговото идно големо богатство. Имено, еден ден сите биле изненадени кога виделе голема поворка мравки како носат зрна жито и го ставаат во устата на детето. Зрната биле од зоб (бромос), по што оваа област во Македонија е именувана како Бромија.

Со ова име се нарекувани и нимфите Бромии (оние кои јачат, офкаат), вечно убави и млади ќерки за Зевс, кои живееле во слободна природа, по планините, пештерите, шумите, полињата и покрај вода. Бромиите го чувале во Македонија и богот Дионис, син на Зевс, кој се претворал ту во јарец, ту во овен. Кога Мид пораснал, учител му бил Орфеј, син на Пиер, а внук на Македон. Еден ден во градината на розите на Минд, заскитал жеден и добродушен, стариот сатир Силен, кој бил воспитувач и другар на богот Дионис. Мид сакал Силен да го подучи на мудрост и за да го постигне тоа, да го придобие мудрецот, се послужил со лукавство. Знаејќи дека Силен често навратувал на неговиот бунар за да ја смири жедта, кралот го наполнил бунарот со вино.

Пијаниот Силен го собрале градинарите и врзан со венци од цвеќе го донеле пред кралот. Кога се отрезнил, Силен на Мид му ги раскажал фантастичните приказни за богатството на новиот свет Атлантида, за Хиперборејците од Дунав и друго. На прашањето од пребогатиот крал што е најголемата човечка среќа, Силен одговорил дека најдобро е да не се родиш, а за родените што помалку време да поминат на овој свет. Воодушевениот Мид го задржал Силен десет дена како почитуван господин во својот двор, а потоа со богати дарови го испратил мудрецот кај богот Дионис.

Кога загрижениот Дионис го видел Силен жив и здрав, пратил гласник да го праша Мид каква награда сака. Кралот посакал сè што ќе допре да се претвори во злато. Така, по допирот на Мид, се почнало да сè претвора во злато, па дури и храната и пиењето. Несреќен, гладен и жеден, Мид отишол кај Дионис да го ослободи од дарот кој носи беда. Ослободувањето од златоносниот допир следел по капењето во реката која оттогаш станала златоносна.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top