Дијаспора

Македонскиот театар добитник на национална награда за уметност и култура

teatar-sidnej-1

teatar-sidnej-1

Минатиот понеделник, 12 октомври, во просториите на сиднејската Опера (Sydney Opera House) се одржа Гала церемонија при што се доделија наградите за Australian Multicultural Marketing Awards за 2015 година. Овие престижни награди се доделуваат под организација и покровителство на владата на Нов Јужен Велс и установата Multicultural NSW (поранешната Комисија за етнички работи) и на министерот за Мултикултурализам Hon. John Ajaka MLC.

За наградите во осумте категории беа пристигнати стотици номинации од цела австралија за проекти работени од владини и невладини институции, организации, клубови и бизниси. Во категоријата за Уметност и Култура оваа престижна награда ја доби Австралиско македонскиот театар од Сиднеј за преставата Ограда (The Fence) од Душан Ристевски. Оваа автентична престава која е работена на англиски јазик како дел од проектот „Живеење во хармонија“ беше прикажана во Сиднеј и Волонгонг и забележа голем успех. Работена во режија на Стефо Нанцу, а во главна улога на Стефо Нанцу и Васко Србиновски, театарот заангажира актери покрај македонските така и од другите националности по потекло од Либан, Јордан, Виетнам и еден Абориџанец.

teatar-sidnej-2

Убаво е да се забележи дека овие престижни награди се доделуваат за последните 26 години и ова е прва македонска организација што има добиено ваква награда. Оваа година исто така Театарот беше награден со Повелба од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за промоција на македонската култура и нација.

teatar-sidnej-3
Од лево на десно: Мохамед, Васко, Душан, министерот Џон Аџака и Џоумана во Опера Хаус  на 12.10.2015 год.

Инаку АМТ од Сиднеј на сцена има поставено осум драмски дела, a за идната година планира да ги постави на сцена драмите „Куферот“ и „Баба се мажи“. Исто така се најавува и прикажување на монодрама за Методија Андонов – Ченто кон крајот на ноември оваа година.

Честитки до членовите на Театарот кои успешно успеваат да ја промовираат македонската култура и нација во Австралија.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top