Дијаспора

Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени (6 дел)

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: ЈанкоТОМОВ

Не соодветни  изјави, за значењето за Денот на републиката 8 септември 2015-Третиот Илинден, од поедини преставници на власта на Република Македонија:

Во “Нова Македонија” на 7 септември 2015 : “Вељановски: Референдумот од 8 септември 1991 година наша најголема современа победа”

Трајко Вељановски, спикер на собранието на Р.М., вели дека е тоа резултат од сонувањата на  генерациите  од двата илиндена!? Тоа е точно. Бидејки желбите на Македонскиот народ, за слобода и осамостојување на Македонија, се базирани од двата Илиндена, подготвени со дипломатска борба против Југословенскиот комунизам и социјализам во Македонија, најповеке во диаспората, од патриотското иселеништво. Од тие резултати, со префрлување во социјалистичка Македонија, основаната ВМРО-ДПМНЕ во диаспората, граѓаните од Македонија, ама и македонските иселеници од диаспората, излегоа на гласање на референдумот во Македонија на 8 септември 1991 година.

Референдум како референдум е ништо ако него не го подготвел патриотски народ и посебно патриотска емиграција, кои во тешки и опасни активности од 4-5 декади, водеа дипломатска борба против комунизмот и социјализмот, со цел за осамостојување и обединување на Македонија. Оваа патриотска генерација на иселеништвото ја створи ВМРО-ДПМНЕ. За таа патриотска емиграција, Вељановски, не спомна ниту збор!

Во “Вечер” на 8 септември 2015:

“Обраќање на премиерот Никола Груевски по повод 8 септември, денот на независноста – СЕГА СМЕ СВОИ НА СВОЕТО, ЕУ и НАТО-ГЛАВЕН ПРЕДЗВИК” Овде премиерот зборуваше во чест на независноста, а никаде не ја спомна од каде дојде оваа независност, кој се бореше да ја створи и да ја стекне!? Премиерот зборуваше за сите проблеми кои доаѓаат од страна на опозицијата на владата на  републиката СДСМ.  Како пример, премиерот кажал дека СДСМ го подржувале школството, кое барало да нема предмети за матура, како што е математиката, впрочем СДСМ одма го употребувала тоа за одржување на демонстрации против владата на Р.М. Премиерот му дава предност на членсвото во ЕУ и НАТО, а не го спомнува тоа дека единствен услов за тоа членство е приемот со уставното име на Македонија, кое Грција го забранува. Членство во ЕУ и НАТО, само со уставното име, а исто така НЕ и  против Русија, напротив за братска соработка со Америка, Европа и целиот слободољубив свет, тоа е желба на поголемиот дел на македонскиот нарот во Р.М. , во диаспората и во етничките делови на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своите говори за Првиот Илинден на 2 август 1903 година и Вториот Илинден од 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ, никако не ја спомна диаспората, дека борбата за самостојна Македонија е водена против Југословенските комунисти и социјалисти, кои денес ја преставуваат опозиционата СДСМ!? Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на владата на Република Македонија, не го спомна и лидерот на македонската борба за осамостојување и обединување на Македонија, Драган Богдановски, кој е идеолог и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, како  и неговите позначајни соработници, денес  најповеќето од нив покојни, во диаспората и во Македонија.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top