Дијаспора

МПЦ „Света Mала Богородица“ – македонски центар во Кембриџ (4 дел)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Градот Кембриџ, кој го добил името по стариот универзитетски град во Англија, се протега по должината на бреговите на реката Гранд во југозападниот дел на провинцијата Онтарио. На овој град природата му подарила убавини и богатства, па оттука и тој е една од побогатите градски населби во Канада. Во минатото Кембриџ и околните места биле домот на севернаамериканските Индијанци многу долг период, каде што тие со векови се занимавало со лов и риболов. Првата населба во регионот во сегашната општина Ватерло била “Кембриџ Милс”, која е основана пред повеќе од 200 години. Подоцна, голем број села и населби се развиле во околината на Кембриџ. Затоа, во повеќе делови на градот има интересна архитектура која е од времето на XIX век, што го прави Кембриџ убаво и пријатно место за живеење и работа.

Во Кембриџ живеат околу сто и дваесетина илјади жители, од кои поголемиот дел се од англо-саксонско, а потоа и од германско и шпанскко говорно подрачје. Тој е индустриски град, со развиена лесна индустрија и земјоделството. Кембриџ, заедно со градовите Кичинер, Ватерло и Гуолф е град на бројни паркови и зелени површини. Ватерло, пак, е еден од најголемите и најзначајните универзитетски центри во Онтарио, каде многу од студентите се од македонско потекло, а голем број се стекнал со факултетско образование токму во Батерло. Во тие неколку градови свиле гнезно над илјада македонски доселеници од Македонија, претежно од Леринско, Костурско, Битолско, Воденско, Скопско, Велес, Струмица и од други места на етничка Македонија.

Во минатото, македонските семејства од Кембриџ за да ги задоволат своите верски потреби на својот мајчин македонски јазик, патувале стотици километри до македонските православни цркви “Свети Наум Охридски” во Хамилтон и “Свети Климент Охридски” во Торонто. Затоа, се појави желбата за своја црква, особено кај семејствата од егејскиот дел на Македонија, врз кои се вршело силно грчко влијани и пропаганда. Така, на 28 јули 1987 година, група на Македонци, се собраа во таканаречената „Македонска брберница“ во Кембриџ каде одлучија да формираат македонски клуб. Целта на новоформираната асоцијација беше да прерасне во место за средби на Македонците од сите делови на Македонија, кои живеат во Кембриџ, Кичинер, Ватерло, и Гуолф, а потоа да се формира македонска православен духовен национален дом.

sv-bogorodica-kembridge
МПЦ „Света Богородица“ во Кембриџ

Веста за формирање на оваа македонското здружение беше пречекан со негативни реакции кај иселениците, особено оние кој избегале од македонското трло и подпаднале под силно влијание на грчката агресивна пропаганда и грчјото лоби. Сепак, благодарение на демократските процеси во Канада, за формирањето на ова македонско здружение му беше даден заслужен простор во медиумите во Кембриџ. Тоа предизвика интересот кај голем број Македонци, кои станаа членови на македонското здружение. Здружението ги поттикна македонските доселеници да започнат со свои активности на национално, културно и духовно поле. Меѓу друготоа Македонците кои живеат во овие неколку градови започнаа да учествуваат на традиционалниот мултикултурен фестивал во Кичинер, каде го прикажуваа нивниот изворен македонски фолклор со свои национални карактеристики. Така, и традиционалната македонска музика, песни и ора, во придружба на македонска музика беа претставени пред канадските посетители.

Исто така, македонските иселеници во оваа област започна со организирање и други активности, меѓу другото формираа фонд преку кој донираа средства за централната болница во Кембриџ. Овој гест ги импресионира Канаѓаните. Подоцна, Македонците започнале собирање донации и за изградба на македонски православен духовен и национален центар. Оваа активност на бројни ентузијасти од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните места вроди со плод.

Така, во почетокот на 1994 година тие ги започна преговорите за купување на една зграда на Копската православната црква во Кембриџ. На 15 август истата година, црквата беше купена и адаптирањето во македонски православен. Инаку, овој црковен комплекс се состои од црковен храм, крстилница, сала за помали црковни обреди, сала за прослави, административни простории, библиотека, соба за свештеникот, и паркинг.

Новата македонска православна црква го доби името на мајката Божја “Света Мала Богородица”. Потоа доби одобрување од Светиот архиереј синод на Македонската православна црква во Македонија и се прикличи кон семејството на македонските цркви во Канада. За кусо време црквата беше подготвена да им служи на македонските иселеници. Така, првата богослужба на македонски јазик се одржа на денот Мала Богородица, на 21 септември 1994 година од страна на архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ господин господин Михаил и митрополитот Кирил. Во исто време, архиепископот Михаил, митрополитот Кирил и авторот на овие редови како гостин од Македонија, се сретнаа со голема група иселеници од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните градови. Оваа средба остави длабок впечаток кај сите присутни кои беа охрабрени за да преземат уште поголеми активности на духовно, културно и национално поле.

publikacija-deva-marija
Публикацијата40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим“
, од В. Стојчевска-Антиќ, С. Николовски-Катин и епископот Климент, е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2008, 1-228, а монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа“, се автори В. Стојчевска-Антиќ и С. Нико-ловски-Катин, „Македонска искра“, Скопје, 2007,1-164.

Благодарение на бројните донации, особено на управата на “Свети Климент Охридски” во Торонто, како и другите македонски православни цркви во Канада и САД, многу скоро беа собрани доволно средства за да се исплати црквата. Подоцна, во април 1995 година, македонски свештеник Гоце Деспотовски пристигна во нивната заедница. Со доаѓањето на свештеникот, заедно со управите и бројни членови се зголемија активностите во рамките на црквата. Во почетокот женската секција, а подоцна и фолклорната група, одигра значајна улога во зголемувањето, продлабочувањето и збогатувањето на активностите. Тие организираа игранки, вечери и други активности.

Еден од најзначајните датуми за МПЦ “Света Мала Богородица“ беше 21 септември 1996 година, кога црквата беше осветена. Овој чин, кој имаше црковен и национален карактер, го изврши поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски, господин господин Михаил, во сослужение на бројни свештеници, а во присуство на повеќе од 2.000 македонски иселеници и нивни пријатели, кои се собраана на чинот на осветување на црквата, кога беа поставени темелите на иднината на духовното живеење на Македонците во Кембриџ и околните градови.

Денес, на МПЦ “Света Мала Богородица” е место на духовен мир за Македонците во Кембрич, Кичинер, Ватерло и Гуолф. Тоа е место за средби на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат да ги негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски земја и Македонија.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top