Дијаспора

За говор со молчење или за страв со молчење во актуелната политичка криза на Македонија!?

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: Јанко ТОМОВ

Најновиот напис во “Македонска нација”: Потребна е нова форма организирање на активните интелектуалци за спас на суверена Македонија”, од 11 ноември 2015 година, кој  поттикнува голем познат број на активни Македонски интелектуалци-автори на политички написи, како и уредниците и ковласниците на македонските медиумски изданија, а и извесни активни асоцијации, да се организираат во потребна нова форма на патриотска Македонска активност.  Целта со тој напис е, што е најважно, да го заштитат националниот белег, Уставното име на Македонија и да ги подобрат демократските процеси на Република Македонија. Поменатите интелектуалци со дел од нивните лични генералии, тој мој напис не ги поттикна за јавна организираност, бидејки дали од страв или од преголема претпазливост за својоата безбедност!?

Не е само страв или претпазливост за својата безбедност, на поголемиот дел од актуелните автори, туку се работи за стопирање или продолжување на лојалноста и подршката на македонското дело, кое отпочна, кај актуелните и помладите интелектуалци, со сознанијата за базичните активности на Македонското движење во диаспората и во Македонија, а како финале на тоа, со повеке деценијски продукт: оснивањето на ВМРО-ДПМНЕ и неговото демократско надградување. Тука спаѓаат и делови од македонската интелигенција од републиката, како и од диаспората, која политичката определеност не им дозволува подржување на западната демократија, поради лични интереси, односно стриктни припадности или од поранешни функции, на нивните постари генерации, иако се со многу актуелни драгоцени наоди-авторски историјски дела, со фатки за македонската битност, уште од праисторијата и античкиот период до денес !

Ке се послужам со поедини јавни мислења, а и цитати од поедини познати македонски автори на написи, во денешната медија и интернет порталите, поврзани со стравот или со преголемата претпазливост за својата безбедност, што ја скратуваат потребната можност за  стабилизација на Македонија. Не само тоа туку потреби од  отфрлање на полема политичка партија или нејзино сменување со други, како и евентуелно подобрување  на раководството со нови сили на актуелната водечка патрија, или подрастични мерки за тие членови за кои би се докажало, од страна на македонското Правосудство, нивната злоупотреба на нивните функции во власта и во опозицијата.

Еве ги примерите од мислењета искажани во македонската медија:

 Венко Андоновски, новинар од “Нова Македонија”, од 11 Август 2015, во “Говор на молчење”. 

Во оваа статија, што по мое мислење, а вероватно и по мислење на многу македонски интелектуалци, кои досега безрезервно активно беа на страната на актуелната влада, а посебно на премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој има досегашни заслуги првенствено за сочувување на македонскиот национален белег, уставното име, економскиот прогрес и други придобивки на републиката, ќе прочитате и тоа што досега можеби  само го мислевте!

Покрај сите перипетии, поврзани со непризнавање на Уставот на Македонија, од соседите и меѓународната заедница, Венко Андоновски, на извесен начин, барајки дефиниција за “Говор на молчење”, ја открива вистината кај досегашните автори во медијата, во нивната душа и свеста, терајки ги да го прилагодат своето лојално чувство, за својата безбедност и признаено право на изнесување  на вистината и сочувување на сите придобивки и аманети, во врска со Македонскиот национален белег и стекнатата со тешкотии Суверена Република Македонија. Така Венко, прикажаниот говор на молчењето, го класифицира во две мисли: Во првата мисла, за стравот, Венко Андоновски вели:

“ И, ако таа прва мисла ја покажува логичката контрадикција врз која се темели секој тоталитарен режим (силата и моќта не се по дефиниција ум и знаење, а најмалку морално знаење), втората нè воведува во еден вид психологија на стравот од тоталитарните режими. Таа мисла советува молчење, дури и кога сте невино обвинет од некоја инстанца на тоталитарните суперструктури. Молчењето е хронична тема на нашиот политички живот и наша хронично трауматична болна точка: сведоци сме дека политичката машина постојано бара (пред сè од интелигенцијата) да престане да молчи, да не апстинира од јавен дискурс, да биде гласна. Психологијата на стравот, пак, советува обратно – молчете. Молчете и кога сте невин, а камоли кога сте виновен, затоа што самиот акт на ПРАВДАЊЕ е веќе знак дека сте виновен. Тоа е можеби најточната дефиниција на тоталитарноста – таа секое објаснување, секој обид да се оправдате од некакво обвинение го смета за признание на гревот. Тоталитарноста смета дека по дефиниција сте ВИНОВЕН и грешен (се разбира, истото тоа го тврди и теологијата, но она што ѝ е допуштено на теологијата не ѝ е допуштено на политиката)”;

Тони Науновски, од “Дневник” на 3 Август 2915: “Од првичните најави за правна разрешница на обидот за државен удар, сега дојдоа до тоа дереџе да се пазарат за некаков специјален обвинител…”. Потоа: “… сите таканаречени големи реформи и проекти почнаа самите да ги повлекуваат, еден по еден, од образование до закон за придонеси од хонорари”;

Искра Коровешовска, од “Дневник”, на 13 Август 2015: “Што се чека со ИСИС?” –”Зарем истите тие западни сили, кои ја поттикнаа демократизацијата на арапскиот свет и на кои им пречеше режимот на Башар Ал Асад, сега не им пречи ИСИС? Ако е така, зошто наводно најмоќните во светот не ја збришат оваа терористичка закана што безмислено се шири? Што се чека се уште?”;

Сотир Костов, од “Дневник” на 9 Август 2015: “ Недемократска транзиција (6) – Јанусовците на аномичното македонско општество”:

“Е, мои годсподо Јанусовци, тогаш Македонија ја дарувавте со непотизам од најсрамен вид, корупција со најнеморален лик и криминал од најсофтициран карактер. Овие девијантни појави не се рожба на денешната власт и актуелниот момент. Тие дефинитивно се ваши мутант – накази, изнедрени од најцрните дамари на вашата авторитарна свест и наследство што го носите  со себе и кое полека, но сигурно ќе ве потоне.” Понатаму: “ Врв на апсурдот. Срамно, јадно и бедно за сите тие што тоа му го направија на Ченто и многуте самосвесни дејци за независна и самостојна Македонија, млади фиданци, асномци, кои потоа беа сотрени и истребени во корен.”.

Диана Младеновска: “Од договор до договор во заговор”, во Нова Македонија на 13 август 2015:

“Овој пат, по неколкуте неуспешни обиди во Брисел, Стразбур и во Скопје, тој беше постигнат во скопската населба Пржино. И така по од многумина оспоруваниот претходен политички договор, четворката влезе во нов договор за кој уште во самиот старт постојат сомневања дека ќе биде реализиран. Зошто? Затоа што во земјава веќе извесно време не важат никакви гаранции! Никој не си го додржува зборот! Исто како што беше и со Охридскиот договор, за чие исполнување гарантираа претставниците на ЕУ, Франсоа Леотар, и на САД, Џејмс Пердју. Наместо со него да се воспостави одржлив соживот меѓу мнозинскиот македонски народ и малцинските заедници што живеат во Македонија, договорот стана растеглива рамка за барањата за колективни права на Албанците, за неограничени партиски вработувања, билдање на администрацијата со нестручни кадри… Гарантите како да не го видоа тоа.”

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top