Дијаспора

Помагајте, треба да го зачуваме македонскиот јазик во НЈВ!

njb1

njb1

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на 13-ти ноември 2015 година во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа првата добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 17 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.

Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-от Веле Трпевски, конзулот во Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Г-от Драган Богдановски, потпретседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от  Тиру Тирунантакамур, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска и учителката Г-та Гордана Јанинска од Мелбурн, директорката на Државните саботни училишта за јазици Г-та Ненси Морвило,координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и  претседателката на МПУО за НЈВ– Г-та Жаклина Михајлова.

njb2

Во своето обраќање до присутните, Амбасадорот Г-ин Веле Трпевски истакна дека „ е од примарно значење да се зачува македонскиот јазик, традицијата и културата , овде во Австралија. Затоа е многу важно да се изучува македонскиот јазик и да се овозможи модерна и интересна настава за учениците. Но, подеднакво е важно да се посети Македонија, за да се почувствува духот на корените…“
Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, – Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата му се насмевна на Антонио Нешковски, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Врачувајки ја Наградата, Госпоѓата Жаклина Михајлова , им посака успех на испитите на сите ученици.
Во пригодниот говор наменет за матурантите, меѓу другото таа истакна дека:“ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја, култура и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија.“ Потоа таа истакна дека“ Меѓу нашиве годинашни матуранти има идни доктори, професори, пилоти, инжењери… Некои од нив се веќе успешни во полето на својот интерес: Адријан Новак е иден доктор, кој тестот за медицина веќе го положи успешно и е во првите 10 проценти на кандидати, Деспина Велеска е австралиски првак во карате, учесник на светско првенство во карате, дакс во нејзиното средно училиште во Хокстон Парк, а таа е веќе и сопственик на карате клуб во Сиднеј, Бил Ефтимоски е иден режисер и филмаџија, а македонскиот јазик го завршува една година порано од своите врсници. Убедена сум дека и во сите други матуранти лежат скриени таленти што допрва ќе испливаат на површина. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски.“, истакна Михајлова. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.

njb3

Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на елитната фолклорна група на МКУД „Илинден“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја ввоодушевија публиката.

Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.

 Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела.

njb4

Матуранти 2015

Од Центарот Bankstown: Деспина Велеска, Нина Трифуновска,Илчо Марковски и Кристина Тасевска.

Од Центарот Kogarah: Адриан Новак, Ана Марија Бојчевска, Ангела Макреска, Ангела Исајловска, Ангелина  Климоска,Антонио Ѓорѓијовски, Антонио Нешковски, Бил Ефтимоски,Кипријан Ѓоргиевски, Стефани Ангеловска и Татјана Врглеска.

Од Центарот Smith Hill: Мајкал Трпчески и Кристијан Крцоски

Им честитаме!

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:

PAYMENT METHODS

DIRECT DEPOSIT

Account Details: Macedonian School Council

BSB: 032-057

Account Number: 601 946

Bank: Westpac

Branch: Rockdale

Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.

CHEQUE

Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top