Дијаспора

Македонско друштво „Илинден” – Тирана со свои претставници учестуваше на промоција на книгата „Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија“

jonlinda-hada

Македонско друштво” Илинден”-Тиранa со преставниците г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства и г-ѓа Фидана Ќулханџиу член на друштвото беа присутни на 12.11.2015 година во Тирана  на промоција на книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија” одржана на годишниот саемот од книгата во Тирана од авторот Јонлинда Хада. Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското , грчкото, потоа србо-црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани. Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република Албанија за малциствата. Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малциствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија.

jonlinda-hada
г-ѓа Јонлинда Хада автор на книгата и г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства

Биографија на авторот:                                                                                                                                         

Јонлинда Хада, е родена во 1986 година во Тепелена. Основно образование завршила во родното село, а во периодот од 2004-2008 година студирала на Универзитетот Тирана насока „албански јазик и литература“. Во 2009-2012 година во Европскиот Унверзитет во Тирана заврши Правен Факултет. Работи како помлад експерт во Парламентот на Република Албанија.

jonlinda-hada-2

Никола Ѓурѓај

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top