Дијаспора

Улогата на македонските друштва и асоцијации (11)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Во Торонто постојат македонски организации и различни асоцијации кои се надвор од црковните општини, но имаат многу добри односи со македонските православни цркви. Една таква асоцијација е „Македонско-канадскиот пензионерски клуб“. Во минатото, маке­дон­­­ските пензионери, главно, се собираа по разни македонски и други ресторани и тр­­говски центри. Денес идентичен е случајот со средните генерации, кои не­кол­ку пати во неделата се собираат во “кафе шоповите” ширум Скарборо и во други делови на метрополата Торонто.

Таму тие другаруваат, играат шах, карти и дискутираат за политичките настани во Македонија. Оми­лено место на нивните средби е трговскиот центар (плаза) во Торнклиф Парк и голем број ресторани во Скарборо. Тука потекна и идејата за формирање на македонски клуб на пен­зио­нерите. Идејата беше прифатена од голем број пензионери и во 1975 година беше формиран “Македонско-канадскиот пензионерски клуб”.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, Клубот беше отворен во простории на трговскиот центар во Торнклиф Паркот, а со помош на Канада беше опремен. Во клубот се служи кафе и разни други безалкохолни пијалоци. Со тоа тој стана собирно место на многу пензионери, а и на по­млади доселеници, кои времето го поминуваа во една македонска про­сторија и средина.

Пензионерскиот клуб во просториите на Торнклиф Парк работеше три години. Со изградбата на Македонско-канадскиот старски дом во 1978 година, клубот доби простор во овој дом, каде што работи до денешно време.

Во своето постоење „Македонско-канадскиот пензионерски клуб“ бил из­да­вач на монографија поврзана со историјата на македонското иселеништво во Канада. На­словот на монографијата гласи “Македонските доселеници во Ка­нада и нивните корени”, издадена во 1980 година на англиски јазик, а финансирана од државните канадски власти.

Идејата за формирање на „Здружението на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија“, пак, се роди кон крајот на седумдесетите години  од минатиот век. Тогаш, кај група млади и образовани лица, во меѓусебното комуницирање, имаа идеја за создавање организација во која ќе членуваат луѓе кои ја преживеале трагедијата на Граѓанската војна во Грција и егзодусот за Македонците кои беа протерани во повеќе земји во светот. Таа група ја сочинуват деца бегалци кои во Канада се населени главно од Полска и и поранешна Чекословачка, а некои од нив дошле и преку Република Македонија.

ivanov-kanada
Претседателот Иванов меѓу Македонците во црквата „Свети Климент Охридски“

Голема заслуга во ширењето на целите и задачите на Здружението одигра редакцијата на весникот “Македонски глас”, кој на своите страници ја ширеше вистината за судбината на децата бегалци од егејскиот дел на Маке­донија и го развиваше чувството за заедништво. Со залагање на редакцијата на весникот “Македонски глас”, во Торонто, во 1978 година беше ор­га­низирана првата средба. Всушност на оваа средба беше поттикната идејата за ор­га­ни­зирањето на „Светската средба на децата бегалци“ во 1988 година што се одржа во Република Македонија.

„Здружението на децата бегалци“ од Торонто е многу активен субјект во општествениот живот на македонското иселеништво во Канада. Во зависност од настаните кои се одигруваат околу Ма­кедонија, Здружението секогаш навреме реагира со разни петиции и писма до меѓународните институции, во прв ред од областа на заштитата на чо­ве­ко­вите права на Македонците, посебно на оние од Егејска Македонија. Исто така, тоа стана еден од носи­те­лите на дејностите на доселениците сврзани со признавањето на Македонија.

Инаку, Здружението на децата бегалци беше регистрирано како добротворно здружение, кое во своите редови ги обединува децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци.

Исто така во Торонто во 1975 година беше формирана Македонско-канадската академска асоцијација. Во своите редови таа ги собира македонските интелектуалци во Торонто. Главна цел на асоцијацијата беше да одржува врски со научни работници од Македонија и пошироко, како и да организира разни предавања од областа на македонската историја и наука.

Македонското друштво на борците , пак, беше основано во 1983 година. Тоа ги вклучи борците од времето на Втората свет­ска војна и беше во состав на Кралските канадски легии, секција 617. За жал, во 1989 година дојде до расцеп во боречкото друштво и се формира второ македонско друштво на борците од Македонија во Канада. Новоформираното друштво на борците постои како самостојно маке­донско друштво, но и тоа е во склопот на Канадската лига на ветераните, е регистрирано и има свој правилник за работа.

Една од значајните асоцијации во Торонто е, секако, „Македонско-канадскиот комитет за човекови права“ кој е фор­ми­ран на 8 август 1986 година. На тој ден се одржа официјален состанок на гру­­пата активисти за човекови права, кои разви широка активност на ме­ѓу­на­роден план.

Една од првите задачи на Комитетот беше да се запознае јав­­носта со не­­говите цели и задачи; со барањето на Комитетот за почи­ту­ва­ње на човечките права на Македонците во Егејска Македонија, а во прв ред, за признавање на македонското национално малцинство во Грција. „Ма­ке­дон­скиот комитет за човековите права“ деј­ствува надвор од границите на Македонија, со што македонското прашање доби светски размери, а посебно прашањето за заштитата на правата на мал­цин­ствата во Грција, Бугарија и Албанија.          

Во Торонто е формирана „Македонска студентска организација“ која е прва од таков вид. Таа е формирана во 1987 година, на Торонто универзитетот. Се проценува дека на универзитетот “Торонто” студираат околу 250-300 студенти од втората и третата генерација на македонското иселеништво. Посебна улога во организирањето и работата на македонската студентска организација одигра Катедрата по македонски јазик, а одржува тес­на соработка со повеќе етнички студентски организации.

Втората македонска студентска организација беше основана во рамките на универзитетот “Јорк” во Торонто. Овој универзитет е познат како етнички уни­верзитет, бидејќи во него студираат студенти од повеќе етнички групи. Третата по ред македонска студентска организација, пак,  постои во рамките на Политехничкиот институт во Торонто.

Исто така, во Торонто постојат и организациите “Децата на Александар Ма­ке­дон­ски”  „Македонско-канадско медицинско друштво и “Македонско-канадска деловна и професионална асоцијација“

„Кандско-македонската федерација“, пак, беше основана во август 1990 година во Торонто. Иницијаторите за создавање на федерацијата со писма и покани им се обратија на сите македонски друштва и организации да учес­т­вуваат на заедничкиот состанок, на кој се донесе одлука за основање на Фе­дерацијата. На состанокот беше донесен Статут на федерацијата, кој прет­­­ход­­но беше прифатен од канадските власти и изработен во согласност со за­ко­ните на Канада.

kanadsko-makedonska-federacija

„Канадско-македонската федерација“ покажа активност, во прв ред, во помагањето на македонското лоби во борбата за признавање на Република Македонија од Обединетите нации и од други меѓународни институции, како и во пружање материјална помош. Федерацијата го организираше “Македонско оро”, на кое беа присутни голем број македонски доселеници и претставници на канадските власти. За време на оваа културна манифестација беа собрани големи финансиски средства за помош на Македонија, кои, главно, беа наменети за купување лекови.

„Канадско македонското историско друштво“ беше ос­­­новано во 1991 година како непрофитна организација, а неговата главна цел е објективно да се регистрира и обработи историјата на македонското исе­леништво во Канада. Членовите на ова друштво се лица од најразлични професии и возраст, на кои историјата на иселеништвото и етничка Македонија им претставува преокупација. 

Македонска катедра по маке­дон­ски јазик, пак, е основата во Торонто чиј темели беа  поставени на Третата славистичка конфе­рен­ција во 1997 година. Таа беше оранизирана со голема поддршка на уни­вер­зитетски професори и студенти од Канада и САД, како и од Македонци обе­ди­нети околу црквата „Свети Климент Охридски“ и литературното друштво “Браќа Ми­ладиновци”. Денес Македонската катедра е една од најзначајните на север­но­а­­ме­ри­кан­скиот континент.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top