Дијаспора

Во Сиднеј промовирана книгата поезија „Спомени од Македонија“ од Ристо Сотир Галевски

promocija-gelevski-1

promocija-gelevski-1

Минатиот петок, 11 декември, во просториите на Центарот за емигранти во Рогдал, во присуство на повеќе посетители љубители на поетскиот збор, во организација на Литературното друштво „Григор Прличев“ се промовира книгата поезија „Спомени од Македонија“ на поетот Ристо Сотир Галевски. Промоцијата ја направи професор м-р Славица Ристеска.

Професор Славица Ристеска направи детална анализа на поезијата на Галевски и ги запозна присутните со искрениот и длабоко лиричен поетски дух на поетот кој на лесен начин ги пренесува неговите сеќавања за родното Оризари и македонското поднебје како и историско политичките состојби на Македонија поради кои се исели од родното огниште да формира дом во Сиднеј за своето семејство.

promocija-gelevski-2

Покрај песни на Галевски во книгата се застапени песни на англиски јазик од неговите внуки Стефани и Натали Секуловски со што се покажува традицијата што ја започна нивниот дедо Ристо за тие да ја продолжуваат со нови теми и форми на искажување.

Со поезија на Галевски настапи артистката Валентина Апостоловска како и неговите внуки Стефани и Натали. Авторот, покрај тоа што прочита песна, тој искрено им се заблагодари на сите они кои помогнаа да се издаде неговата дебитанска книга, спомнувајќи ги: Иван Трпоски за рецензијата и координирање во издавањето на книгата; на Душан Ристевски за финализирање на издавањето; на Мена Ристевска за застапените фотографии кои ја разубавија книгата; на Сашко Вељанов за фотографии и техничката обработка на книгата како и на неговото семејство, сопругата Катерина, ќерката Верка, зетот Ник и внуките Натали и Стефани кои го финансираа издавањето на книгата, а и го мотивираа авторот да твори и го исполни неговиот сон да издаде книга која ќе се чита и остане во аманет на следните генерации да се негува македонскиот јазик и да се почитува македонската нација.

После промоцијата следеше богата македонска закуска припремена од семејството Галевски и Секуловски како и дружење со поетот и присетување на убавата во песна опеана Македонија.

promocija-gelevski-4

Душан Ристевски

ГОРНО ОРИЗАРИ

Горно Оризари, мое село родно
Со твоето рамно поле плодно
Ти за живот си убаво и згодно.

На северно-источната страна од Битола
Населено долго време си било
И тука гнездо за секогаш си свило.

Од југо-западната страна
Високите планини Пелистер и Баба
Здрава вода и воздух ни дава.

Од источната страна до недоглед
Како тепсија равна
Таму е наша Пелагонија славна.

Горно Оризари, мое село родно
Со твоето рамно поле плодно
Ти за живот си убаво и згодно.

promocija-gelevski-3

СЕЛСКА МАКА

Дојде лето сонце свети, пече,
Ладовина езерска народот го влече,
На песокот богатите грбови се печат
И душите свои милно си ги лечат.

Земјоделец брада трие
Нема време да се мие
Ниту време за да спие
Амбар спрема, кола спрега
Во полето брза, бега
Жетварите зрело жито жнеат
А пот жешка по лица им леат.

Селанецот на време се брине
Секој клас како да го скине
Мустаќ сучи, слама гмечи
Тешки снопје крева, влечи.

Над планина горе темен облак вие
Силен грмеж од небото бие.
Голема штета дождот направи
Цело поле тој го поплави.

Снежна зима, празни мемови
Гладни деца, вистински гревови.
Власта пари бара од гладни души
А сиромавиот скуби коса, тегне уши.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top