Дијаспора

Македонски селски и околиски социјално-културни братства во Канада од 1905 -1935 (13)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, првите организирани спомагателни братства во Канада се братствата од селата од егејскиот дел на Македонија и тоа: Ошчима, Баница, Смрдеш, Д’мбени, Буф и Трсје. Овие брат­ства биле формирани во годините 1905-1907, а по 1910 година дошло до масовно организирање на македонски селски спомагателни друштва. До Втората свет­ска војна, основата на македонските селски друштва ја чинеле братствата од Егеј­ска Македонија, а по шеесеттите години од минатиот век и од Република Македонија.

Дејноста на македонските селски и околиски културно-социјални друш­т­ва во из­ми­натиот период првобитно била чисто од социјален карактер, а по­­сте­пено пре­минале во културно-просветни друштва. Тие организирале само­стој­­на учи­лишна дејност, со цел децата, особено новата генерација да го изу­чу­­ва својот мајчин јазик. По Втората светска војна де­ца­та организирано го изу­­­чувале својот македонски мајчин јазик, историја, географија и религија во рам­­­ките на црковните училишта.

Исто така, селските културно-социјални друштва во својата дејност важно место му посветувале на културното издигнување на своите членови, преку организиран културно-забавен живот. Тој се одвивал преку создавањето  драмски секции, по­сто­ењето на хорови и оркестри во рамките на друштвата. Во де­­локругот на дејноста на селските културно-социјални друштва спа­ѓа и спорт­ското организирање на младите.

Некои од друштвата и во минатото има­ле свои селски културно-уметнички групи. Повеќе друштва учествувале во деновите на Карванот на нациите во То­ронто. Тоа е културна акција која ја организираат сите етнички групи што живеат во мултикултурна Канада, пре­­зен­ти­рај­ќи ги своите културни особености. Притоа, во склопот на друшт­ва­та влегувале и женските и младинските секции кои го организираат спорт­ски­от и културниот живот на членовите.

selo-oscima-lerinsko
Селото Ошчима, Леринско

Некои од културно-социјалните друштва се јавувале и како издавачи на монографии за своите села. Меѓу нив се: монографиите за селата Желево, Бапчор, Баница, Ошчима, Буф и други. Овие изданија обично се печатени по повод не­кои годишнини. Тие содржат разновидни трудови од историјата на селата, со посебен осврт на доселениците од тие села, придружени со слики и соодветни реклами. Во последно време многу популарни се телефонските именици со адресите на сите жители од даденото село, без оглед на местото на живеење. Телефонски именици имаат селата: Буф, Ошчима, Брајчино и други.

Македонските селски и околиски културно-социјални друш­т­ва биле доста бројни и започнале со своето организирање во периодот кога Македонците, особено од Егејска Македонија дошле во Канада. Така, меѓу тие селски и околиски друштва ќе ги споменеме следните:

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “ОШЧИМА” од селото Ошчима, Лерин­ско било основано во 1905 година. Тоа е едно од најстарите друштва, организирани од Маке­дон­ци­те од Егејска Македонија во Канада. Како основна причина за организирање на ова друштво во тоа време била взаемната помош на своите членови, посебно прифаќањето на новите доселеници од селото.

Друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно повр­зано со жителите кои останале да живеат во селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки била от­печа­тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се по­­местени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.

СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “Д’МБЕНИ”. Првобитното друштво “Д’мбени” од селото Д’мбени, Костурско било формирано во градот Гери, Индијана, САД во 1906. Во своите редови ги собирало жителите од селото Д’мбени коишто живееле во САД и Канада. Тогаш друштвото го добило името на познатиот борец против тур­ското ропство од ова село, Лазар Поп Трајков. Во 1940 година членовите на друштвото што живееле во Торонто се издвоиле и организирале свое друштво именувајќи го “Д’мбенско селско спомагателно друштво – Лазар Поп Трајков”.

Друштвото “Д’мбени” е регистрирано и работи врз основа на статутот. Меѓу доселениците друштвото е познато по хуманитарните ак­тивности. Тоа располага со сопствена фарма, која се вика “Д’мбенско Село”.

БЛАГОТВОРНОТО БРАТСТВО “ЖЕЛЕВО” од селото Желево, Леринско било формирано во 1907 година, а сегашното спомагателно братство “Же­ле­во” било формирано на 1 октомври 1921 година. Тоа развило голем број ак­­тив­ности, меѓу кои, во 1928 година била иницирана изградбата на позна­ти­от Же­левски дом. Во 1929 било создадено младинското друштво под име “Родина”. „Же­левскиот дом“ бил повторно инициран во 1946 година и на 26 август истата година купиле место. Домот официјално е отворен на 10 ју­ли 1948 година. Домот е сопственик на места за викендички, на голф игралишта и друг имот. Во „Желевскиот дом“ се одржал состанокот за изградба на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “ГАБРЕШ” било формирано на 1 март 1911 го­­дина во Торонто. Првобитното друштво имало спомагателен карактер, во прв ред да им се помогне на новодојдените доселеници од селото, а исто така да им се излезе во пресрет на оние кои сакале да се вратат во Македонија, од­носно во родното село.

Друштвото било официјално регистрирано и има свој статут. Во него чле­ну­ваат околу 250 души, кои секоја година организираат пикник, заед­но со друштвото од селото Дреновени.

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “БАНИЦА” од селото Баница, Леринско би­ло основано на 26 јуни 1911 година, во Торонто. Денес постојат две друштва кои ги собираат жителите од селото Баница. Првото друштво “Баница”  кое е и нај­­бројното е со чиста македонска ориентација. Второто друштво било фор­мира­но во 1929 година. Тоа го носи името “Веви” по грчкото име на селото и е со про­­грчка ориентација.

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “БЕСВИНА” од селото Бесвина, Костур­ско е едно од најстарите македонски селски друштва основани во Канада. Тоа е организирано во 1916 година. Првобитно се викало спо­ма­гателно друштво “Два врвови”, а потоа го сменило името на сегашното. Друштвото било ре­ги­с­трирано и работи според одредбите на својот статут.

monografija-branov

Монографијата „Атанас Близнаков“ од Д’мбени, чиј абтор е Славе Николовски-Катин е издание на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2000, 1-336; на монографијата „Андреа Бранов“ од Биф, автор е исто така Славе Катин, а е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2001, 1-222, додека на монографијата  „Селото Неволјани, Леринско“, автор е Ристо Кирјазов, во превод на англиски јазик на Славе Катин, тоа е приватно издание, Торонто, 1986, 1-64.

КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНО ДРУШТВО “БУФ”. Првото спомагателно друштво “Буф” од селото Буф, Леринско, било основано во 1919 година во Детроит, САД. Во 1959 го­­дина и во Торонто било организирано друштво со тоа име. Прво­бит­но бувчани од Торонто членувале во друштвото во Виндзор, кое било познато по своите активности. Членовите на дру­штвото “Буф” активно учествувале во изградбата на македонските пра­во­славни цркви.

Друштвата “Буф”одржувале добри односи со своето село Буф, а и си­­те три друштва одржуваат меѓусебни пријателски односи. Тие се канат на свои­те пикници, на игранките и веселбите.

ТРСЈАНСКОТО СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “ОТЕЦ ГЕРАСИМ”, нај­ве­ро­јатно било најстарото друштво на Македонците во Торонто. Неофицијално тоа ра­ботело од 1890 година, а официјално било регистрирано во 1933, кога знатно се зголемил бројот на доселениците од селото Трсје, Леринско. Тоа било познато по својата културна дејност меѓу своите членови и кај цело­куп­ното македонско иселеништво во Торонто. Друштвото располага со свој парк, во кој има изградено мало манастирче, кое го носи името “Отец Герасим”.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top