Дијаспора

Македонски селски братства и спортски асоцијации во Канада од 1940 до денес (14)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Во периодот од 1940 година до денес Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во демократска Канада, формираа голем број македонските селски и околиски културно-социјални друш­т­ва и спортски асоцијации. Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови формирани се следните друштва:

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “В’МБЕЛ” од селото В’мбел, Костурско било формирано во 1940 година. Од едно доста активно друштво од своето по­стоење, во осумдесетите години, се претворило во пасивно, со тенденција на негово изумирање.

СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “ДРЕНОВЕНИ (КРАНИОНА)”, од селото Дреновени, Костурско, е основано во 1940 година и во него по­стоеле две крила: со македонска и прогрчка ориентација.

ДОБРОТВОРНОТО ДРУШТВО “НЕВОЛЈАНИ (СКОПЈА)” од селото Не­вол­јани, Леринско било формирано на 5 февруари во 1956 година. Поради зачувување на единството на жителите на селото Неволјани, друштвото го нарекле со двете имиња: македонското и грчкото.

БИТОЛСКОТО ОКОЛИСКО СПОМАГАТЕЛНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО “ПЕ­ЛИ­СТЕР” било основано во 1960 година. Во својот состав ги собирало жи­те­лите од би­­­толскиот регион. Првобитно се викало спомагателно-културно друш­т­во “Битола”. Тоа развило бројни активности, меѓу кои и првиот пикник што го ор­­ганизирало во јуни 1960 година. Во 1969 година бил формиран фуд­балскиот клуб “Битола”, кој по­стоел до 1985 година. Од таа година клу­­­бот настапувал под името “Маке­до­нија” и бил член на Македонско-ка­над­­ската фудбалска ли­га.

Во 1979 година од ова друштво се формирале четири друштва и тоа од се­лата: Велушина, Лажец, Граешница и Драгош. Денес овие четири друштва работат самостојно. Тие имаат свои управи и статути, но сепак настапуваат заеднички.

КАНАДСКО МАКЕДОНСКАТА РЕСТОРАНСКА КОРПОРАЦИЈА била формирана во 1979 година, која имала за цел да ги собере на едно место сите Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија и да имаат свое здружение.

panorama-na-toronto
Панорама на Торонто

МАКЕДОНСКОТО СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “ПРЕСПА” би­ло основано во 1961 година, ко­га во Торонто се зголемил бројот на доселениците од Преспа. Во 1983 година, дру­штвото било регистрирано пред канадските власти под името “Македонско спо­ма­­гателно преспанско дру­штво”, со свој статут. Во статутот, пак, името на дру­штво­то гласи: Преспанско-ре­­­­­сен­­ско добротворно друштво “Преспа”.

Добротворното друштво “Преспа” во своите редови ги собира Маке­дон­­ците кои потекнуваат од преспанскиот регион, без оглед на тоа на кој дел од Преспа му припаѓаат.

КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО И СОЦИЈАЛНО ДРУШТВО “ЗДРУЖЕНИ БРА­НОВИ”. Во ноември 1980 го­дина, бил формиран привремен управен одбор кој требало да пристапи кон формирање на друштво кое ќе ги собира жителите од охридскиот регион: Охридско, Струшко, Дебарско и Кичевско. Потоа, на 7 февруари 1981 година се одржало членско собрание на кое било донесена одлука за избор на званична управа и избор на името на друштвото.

Културно-просветното и социјалното друштво “Здружени бранови”, ак­тив­но учествувало во животот на иселеништвото во Торонто. Меѓу другото, во 1992 година ак­­тивно се вклучило во акцијата за собирање на лекови за Маке­донија.

ПРИЛЕПСКОТО КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО “Прилеп” било осно­ва­но во 1990 го­­дина. Друштвото соработува со повеќе друштва од Торонто, а посебно со Мариовското и со Битолското друштво.

Исто така, во Торонто постојат и следните друштва: “Полог”, “Граеш­ни­ца”, “Обединети Мариовци”, “Скопје”, “Брајчино”, “Љубојно”, “Евла”, “Ве­лу­шина”, “Драгош”, “Горничево”, “Лажец”, “Болно”, “Арменско”, “Трнава – Пра­сино”, “Статица”, “Зелениче” и др.

КАНАДСКО МАКЕДОНСКАТА БИЗНИС И ПРОФЕСИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА  била формирана во 1992 година во Торонто. Таа ги собира сите бизнисмени во Торонто и пошироко кои водат потекло од цела Македонија.

МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА КАНАДСКАТА МЛАДИНА, исто така била формирана  во 1992 година, која имаше за цел да ги собере и обедини младите македонски генерации.

МАКЕДОНСКА ФОНДАЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ДЕЦА. Оваа хуманитарна организација е регистрирана на 6 март 2002 година во Торонто. Таа ги помага сите деца, особено децата во Македонија кои настрадале во војната.

МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ СОСТАВИ. Во Торонто постојат поголем број македонски музички состави. Меѓу познатите оркестри се: “Децата од Буф”, “Илинден”, “Изгрев”, “Бисер” и други. Исто така, поголемиот број играорни групи имаат свои оркестри.

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА. На про­сторот на Кана­да во минатото и денес постоеле и постојат повеќе македонски фуд­бал­ски клубови. Некои од нив им припаѓаат на селските спомагателни друштва, а некои на ма­ке­дон­ските црковни општини. Во повеќето случаи ваквите фуд­балски клу­бови глав­но настапуваат за време на пикниците или пак на некои свечености.

Во 1984 година била формирана Канадско-македонската фудбалска лига во Торонто, во чиј состав влегле следниве македонски фудбалски клу­бови: “Солун”, “Вардар”, “Мариово”, “Скопје”, “Победа”, “Охрид”, “Партизани”, “Брајчино”, “Здружени бранови” и “Македонија”. Во 1987 година, Канадско-ма­­ке­донската фудбалска лига се прошири со клубовите “Буф” и “Преспа”.

Во последните неколку години фудбалските екипи на “Скопје”, “Вардар”, “Со­лун” и “Македонија” постигнувале добри резултати во лигите, а биле побед­ни­­ци и на многу турнири организирани во Онтарио, како и во државата Њујорк. Оваа традиција ја продолжил и но­воформираниот клуб “Македонски ѕвезди” составен од најдобрите играчи од Македонската фуд­бал­ска лига. “Македонски звезди” ги зазел првите места во лигата и во купот на лигата, а бил победник и на традиционалниот турнир во Бафало, САД.

За време на илинденските прослави, во организација на “Обединети Македонци”, се одржува таканаречениот Илин­ден­ски фудбалски куп, на кој се натпре­вару­вале сите македонски фудбалски клубови за освојување на Илинденскиот трофеј.

Македонските фудбалски тимови учествувале и во натпреварите за вре­ме на одржувањето на македонските црковни собири, како и за време на пик­ниците, на селските и околиските друштва во Торонто.

Фудбалската игра меѓу Македонците во Канада има големи традиции и е една од најпопуларните спортски игри.

vo-avstralija-kako-doma

makedonski-iselenicki-panoptikum

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ХОКЕАРСКА ЛИГА. Еден од најомилените спор­тови меѓу младите Македонци во Канада е, секако, хокејот на мраз. Веројатно тоа е одраз на местото што хокеарскиот спорт го зазема во жи­вотот на Канаѓаните. Таму, подолго време постоела “Канадско-македонската хо­кеарска лига”, во чиј состав биле: “Обединети Македонци”, “Македонско си­рење”, “Македонска ресторанска кооперација”, “Канадски федерии МФГ.”, “Наб хил фармс”, “Кристален мраз” и др. Притоа, Македонци  – хокејари играат и во нај­ви­соките тимови на Канада.

ОТВОРЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ГОЛФ ТУРНИР во Торонто постои од 1942 година, а бил основан од Ван Петров, познат македонски иселеник и бизнисмен. На оваа спортско-рекреативна манифестација главно учествуваат канадски биз­нис­ме­ни од македонско потекло, чии семејства биле дојдени во Канада пред Втората светска војна. Еден од учесниците на овој турнир неколку пати бил и авторот на овие редови. Учесниците на турнирот од организаторот добиваат награди во вид на капи, кошули со македонското знаме и др. Победникот на турнирот добива специјален пехар. Турнирот се одржува во јули секоја година.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top