Дијаспора

Македонските радио и телевизиски програми во Канада (15)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Медиумите на Македонците во Канада се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имале посебна важност и играле огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина. Развојниот пат на информативните гласила пред Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници во САД и Канада. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните на Балканот, а уште повеќе, за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија. Најголемиот дел од доселени­ци­­те би­ле при­нудени, од економски и политички причини, да го напуштат род­­ното огниште, во потрага по мир, спокојство и материјална сигурност. Но и таму, ги следела бес­крупулозната бугарска, грчка и српска пропаганда, пре­­ди­звикувајќи заб­лу­ди, поделби и раздор во нивните редови. Тоа се гледа и на планот на ин­­фор­­мирањето, каде што токму поради недостиг на сопствен пе­чат тие чи­та­ле бу­гарски, српски, грчки, англиски и други информативни гласила.

Печатењето на весниците како гласила на Бугарите и Маке­дон­ците во Аме­рика било од причини што пред Втората светска војна, според аме­ри­кан­­ските закони, клубови, друштва и други облици на организирање и дејности мо­­­желе да основаат и да развиваат само оние националности кои биле кон­сти­­­туи­рани како држави. За тогашната ад­ми­нис­трација мн­о­гу по­­важно било тоа од која држава луѓето доаѓаат, отколку на која национал­ност и’ припаѓаат. За неа пресудни биле податоците во пасошите за нацио­нал­на­­та припадност. Во тој контекст треба да се додаде и мошне го­ле­ма­­­та и крај­­но бескрупулозна грчка, српска, а особено бугарска пропаганда. Таа била мудро ширена, пришто не минувала без последици меѓу ма­ке­дон­ските до­се­ле­ници, предизвикувајќи заблуди, поделби, раздор и други не­га­тивни после­ди­­ци меѓу Македонците на северноамериканскиот континент и по­широко. И де­нес се силни бугарската, грчката и српската пропаганда, но наидуваат пот­кре­па само од одреден број Македонци, кои, за жал се добри слуги, а лоши господари.

Медиумите на Македонците во Канада, а и во САД пред Втората светска војна биле заеднички со бугарската емиграција. Меѓутоа, по конституирањето на НР Македонија, а особено со возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, започна нова ера во информирањето кај иселениците во дијаспората. Започнаа да се печатат автентични македонски весници, списанија, црковни билтени, а се отворени и бројни македонски радио и телевизиски часови. Речиси во секоја македонска православна црковна општина се печатат црковни билтени и билтени по повод одржувањето на црковно-народните собири што секоја година ги организира Американско-канадската македонска епархија.

Обиди и пробни емитувања на ет­нич­ки радиоемисии во Торонто биле направени уште во педесеттите години. Така на 12 септември 1953 година, во Ошава, во Онтарио, започна првиот “Македонски радиочас”. Се емитуваше се­која недела попладне од 16 до 17 часот.

Според пишувањето на весникот “Македонски глас” бр. 3 од 21 јуни 1957 година, во Торонто истата година започна да се емитува радиочасот под име “Македонска радио-програма”, на кој  биле емитувани македонски песни и ора.

Нешто подоцна, во почетокот на 1960 година, во Торонто започна со работа уште еден радиочас на македонски јазик. Овој радио-час постоеше цели дваесет и четири години. Се емитуваа убавите македонски песни и ора кои ги забавуваа и веселеа македонските домови.

Во 1969 година, во Торонто започна со работа македонскиот радиочас под име “Македонски глас”. Се емитуваше секоја сабота во попладневните часови, во почетокот половина час, потоа еден час, а подоцна и час и половина (од 17,30 до 19,00 часот). Овој македонски радиочас беше вистински афирматор на македонските доселеници, на македонскиот говор, песната и орото и средство за информирање на Македонците во Торонто.

Во периодот од осум години, овој радиочас одигра многу значајна улога во информирањето на македонските доселеници, особено поради тоа што тоа беше едно од првите гласила преку кое се пренесуваше македонскиот лите­ра­турен јазик. Меѓутоа, поради објективни и субјективни причини, особено од фи­нансиска природа, 1977 година радиочасот го промени името од “Ма­кедонски глас”, во “Глас од Македонија”. Денес, овој радиочас се емитува шест­па­ти неделно во траење од половина час. На програмата се застапени вести од македонски­те заед­ници во Канада и САД, како и од Република Македонија, коментари, детски емисии и други прилози добиени преку Редакцијата за размена на Маке­донското радио.

Во седумдесеттите години во Торонто започна да се емитува и југословенскиот радиочас “Караван на пријател­ството”, во почетокот половина час, подоцна и еден час и тоа од понеделник до петок од 14 до 15 часот, а во сабота од 14 до 15,30 часот. Карактеристично за овој ра­­диочас беше тоа што на крајот од програмата, околу 15 минути, се емитуваа вести и други информации на македонски јазик, што ги читаа македон­ски доселеници, како и народни песни, ора и забавна музика од македонската продукција. Извесен период, Радио Скопје на овој радиочас емитуваше сате­литски говорни и информативни емисии во траење од десет минути, и тоа секоја втора среда. Неколкупати оваа станица преземала сателитски полу­часовни пригодни емисии за македонскиот национален празник Илинден и едночасовни емисии за Нова година, со учество на сите југословенски радио­станици, чиј домаќин беше Радио Скопје.

Треба да се истакне дека и покрај економскиот момент, оваа радио­програма беше афирматор на македонскиот јазик, песната и орото во нај­број­ната македонска колонија, во период од дваесетина години.

Исто така, во осумдесеттите години се емитуваше радиочас под име “Ма­ке­донско катче”. Радиочасот имаше информативно-пропаганден карактер и беше во приватна сопственост, а се емитуваа народни песни и ора, сооп­штенија, ре­клами и други информации.

Меѓу македонските гласила во Торонто беше и радиочасот “Македонски свет”, кој се емитуваше еднаш неделно во траење од еден час (од 10,30 до 11,30 часот во недела). “Македонски свет” започна да се емитува 1984, а згаснал во 2001 година. Овој радиочас, кој соработуваше со Редакцијата за размена на Македонското радио, емитуваше вести и информации од Републиката и од македонските ко­лонии во дијаспо­ра­та, поздрави и честитки на слушателите, како и бројни ре­­­кламно-пропагандни материјали на фирми кои беа спонзори на гласилото. Инаку, радио-часот “Македонски свет” се слушаше во пошироката околина на Торонто, во Хамил­тон, Нијагара, Бафало, Рочестер, Кичинер и други места во Јужен Онтарио. Бројот на слушателите изнесуваше околу сто илјади и прет­ставуваше значаен инфор­матор на македонскиот збор, песната и орото на северноамерикански­те простори.

Од почетокот на 1991 година во Торонто започна да се емитува радио-часот на организацијата “Обединети Македонци”, секоја не­дела, а го слушаа над сто педесет илјади македонски доселеници во Торонто и пошироко во други делови на САД.

Првата телевизиската програма на македонски јазик, пак, започнала во септември 1975 година и беше емитувана на ТВ станицата ЦТВ,-канал 79 во Торонто, под името “Македонски дневник”.

Во текот на петнаесетгодишното постоење, тв часот “Македонски днев­ник” се емитуваше секој петок во траење од еден час, а четири пати се репри­зи­раше во текот на неделата. Со воведувањето на мултиетничката телевизија во Канада, емисиите на овој тв-час се пренесуваа дури во далеч­ниот Ванкувер и можеше да ги гледаат сите Македонци од Канада и повеќе региони на САД.

Во Торонто се емитуваше и телевизискиот час под име “Македонска нацио­налност”, кој во 1983 година започна под името “Македонска нација”, во состав на мултикултурната телевизија на Канада. Овој тв-час беше носител на инфор­мативниот, забавниот, културниот, духовниот и на­ционалниот живот. Тој беше пре­несувач на македонскиот збор и богатиот мелос преку мулти­кул­тур­ната мрежа на Канада, чии емисии се гледаа од стотина илјади Македонци во Торонто и пошироко. Престанал да се емитува во 2001 година.

Меѓу информативните гласила, чија мисија е да се зачувува соп­стве­ниот јазик, литература, културните вредности и традиции во Торонто, е и те­левизиската програма “Македонски корени”. Таа е редовно следена во Торонто, Хамилтон, Виндзор, Кичинер, Лондон, Мисисага, Ошава, Брамптон, Детроит и Бафало, преку каналот 47. На програмите на овој телевизиски час се емитуваат куси вести од активностите во македонските колонии на северноамериканскиот континент и од Републиката, музички нумери, особено од продукцијата на Македонската радио – телевизија и детски и образовни емисии и други интересни програми, претежно преземени од Македонија. “Македонски корени” се емитува секоја недела од 8,30 до 9,00 часот прет­пладне, главно на македонски јазик, но и со материјали на ан­глис­ки. Теле­ви­зискиот час “Македонски корени” работи од јули 1989 година до денес.

Исто така, во Торонто се емитуваат и следните радио и тв часови: Во октомври 1997 година започнало со работа. Ма­кедонското национално радио “Македонски глас”, како самостојно и не­за­вис­но. Тоа се емитува секоја недела од 9,00 до 10,00 часот. Од 4 јули 1998 го­дина започнала да се емитува ма­кедонската радиопрограма “Обединета Македонија”, секоја сабота од 9-10 часот. Истата година на 4 октомври започнало да се емитува телевизиското издание на Македонската информативно-забавна тв програма, “Македонско издание” во недела во 10 часот на Роџерс каналот 10. Во август 2001 година, пак, започнал да се емитува радиопрограмата “Мила Македонија”, на која се застапени вести, поздрави и честитки, детски и други контактни емисии.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top