Дијаспора

Благодарници „Илинден“ по повод седумгодишнината од основањето на македонското друштво „Илинден“ – Тирана

ilinden-tirana-1

ilinden-tirana-1

Претседателот  на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  г-дин Никола Ѓурѓај, по повод седумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана , се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”, од која се искристализираа неколку имиња.  Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

– Вело Цфарку роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во Голо Брдо  Република Албанија.   Авторот Вело Цфаркуима значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо.  Книгите  ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година  “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал  “Словенските Малциства во Албанија“  од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули,помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола, “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште”  издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.

–  Проф. д-р Илинден Спасе е син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе. Тој е роден во 1942 година во Глобочани, Мала Преспа  каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија  на универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот Совет на Институтот за Педагошки Студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за Педагошки Студии. Илинден Спaсе пишува на  македонски јазик и албански  јазик. Автор е на две збирки раскази. Тој е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.  

–  Г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоские роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилеп Македонија, од татко Алексо и мајка Спасија во 1970 година Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот и претседател на Македонската алијанса во Македонија сопственик на Тв Сонце. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија, седиштето на „Микрофлекс инк“ е во Ормонд Бич Флорида. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Тој особено се грижи за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците во  Албанија.

– Проф. д-р Васил Дрвошанов  е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” Скопје, Република Македонија. Добитник е на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” по повод 50-годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003).

–  г-дин Фатри Фетаху  активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо                                                                                            

– Здружение Илинденски Марш Христо Узунов – Охрид Република Македонија

– г-дин Арманд Мија – Активист во Тирана член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

ilinden-tirana-2

ilinden-tirana-3

ilinden-tirana-4

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top