Дијаспора

КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ (1915-2015)

kuzman-josifovski-pitu

kuzman-josifovski-pitu

Во Прилепа града, во Џогдере маало,
во илјада деветсто петнаесетта година,
Лефтерија Јосифовска, машко дете родила,
нункото, името му го даде Кузман.

Имењак на охридскиот легендарец, капидан Кузман,
порасна Кузман, здраво и бистро момче,
на школо тргна, со повик на школското ѕвонче,
таму си најде, клупско другарче Борче.

Со учењето, Кузман проблеми нема,
секој сака, од него да гледа,
во летниот распуст, на бавча тој оди,
со дедо му таму, по цел ден седи.

Од дедо му, тој многу приказни слуша,
за комити, војводи, аскери и паши,
дедо викај ме Питу, тој не се плаши,
црвено знаме крева, аскерот во паника бега.

На студија, Кузман духовно не мирува,
разни студентски кружоци, тој одржува,
пред властите, политички демонстрации води,
македонска самостојна држава, да се роди.

На Илинден денот, во 1940-тото лето,
на митингот во Тризла, Кузман говор држи,
за значењето на илинденската слава,
за македонските, национални и социјални права.

Џандарите, митингот во обрач го држат,
говорникот за да го фатат,
во заточение, него да го пратат,
преоблечен Кузман, во ромски руби.

Незабележан од никој, обрачот го проби,
во илегалство оди, од таму борба води,
за обесправениот народ, за неговите права,
за македонска држава, национално рамноправна.

Аспарух братот, и сестра му Маре,
двајцата тие, во партизани отидоа,
со братот Кузман, таму се видоа,
со оружје в раце, во борба влегоа.

За македонска држава, борба водеја,
загина Маре, партизанка многу млада,
вечна í слава, Бог нека ја прости,
улица во Прилеп, нејзино име носи.

Со Рацин и Венко, разговор Кузман прави,
Македонска азбука, да се направи,
штотуку Рацин, на машина почна да ја чука,
македонските изроди, во него пукаа.

Рацин смртно погоден, падна тука,
го погребаа него, под густата бука,
заврши неговиот македонски борбен дух,
убијците изјавија, дека имал слаб слух.

На преспанското советување, во 1943-тото лето,
наредба дава, генералот Светозар Вукмановиќ – Темпо,
македонските борци, да не навлегуваат во туѓа територија,
поради нив, немаме иста историја.

Му возврати Кузман, вашата татковина е цела,
нашата Македонија, е разделена на четири дела,
имаме права, заеднички да се бориме,
непријателите од Македонија, да ги истераме.

Бригадата, Ченто во Егејот ја прати,
од острата зима, за да се спаси,
и од честите напади, од албанските балисти,
поддржани тие, од германските фашисти.

Темпо на Тито, писмо му прати,
против работата на Кузман и Ченто,
одговор Темпо, од Тито доби,
некој од нив, мора да си оди.

Во Скопје града, во населбата Козле,
за кузмановата скривница, ОЗНА дозна,
покана итна, дома тој доби,
на состанок, одма за да оди.

Состанокот, итно ќе се држи,
во близина на железничката пруга,
штотуку сите, се собраа тука,
еден од озновците, гласно викна.

Блокирани сме, да бегаме секој,
за да не настрадаме некој,
забега и Кузман, тие пукаа во него,
убиен тој падна тука на снегот.

Убијците се разбегаа низ градот,
за да ги сокријат гревот и срамот,
пријателите од жал, носеа црн шал,
некои од жал, добија срцев бол.

Животот свој, Кузман го даде,
македонска слободна др    жава, не виде,
убијците, му се познати луѓе,
работеле тие, за интереси туѓи.

Македонијо земјо, ти балканско чедо,
во тебе се родија, баба и дедо,
си раѓала, раѓаш, и ќе раѓаш,
јунаци смели, и јудејци гнили.

Томе Велјановски – Марулецо,
Гетеборг, Шведска.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top